ПОГЛАВЈЕ 10
‚Угледај се на Бог‘ додека ја користиш својата моќ
1. Во која подмолна замка лесно паѓаат несовршените луѓе?
„НЕ ПОСТОИ моќ зад која не се крие некоја подмолна замка.“ Овие зборови на една поетеса од 19 век свртуваат внимание на една подмолна опасност: злоупотребата на моќта. За жал, несовршените луѓе многу лесно паѓаат во оваа замка. Историјата многупати го потврдила фактот дека „човек владее над човек на негова штета“ (Проповедник 8:9). Секогаш кога моќта се спроведувала без љубов, луѓето доживувале неописливи страдања.
2, 3. а) Што е впечатливо во врска со тоа како Јехова ја користи својата моќ? б) Што може да вклучува нашата моќ, и како треба да ја користиме?
2 Тогаш, зарем не е впечатливо тоа што Јехова Бог, кој има неограничена моќ, никогаш не ја злоупотребува таа моќ? Како што видовме во претходните поглавја, својата моќ — да создава, да уништува, да заштитува и да обновува — Јехова секогаш ја користи во склад со неговите благородни намери. Кога размислуваме за начинот на кој Јехова ја употребува моќта, поттикнати сме да се зближиме со него. Тоа, пак, може да нѐ мотивира ‚да се угледаме на Бог‘ додека ја користиме нашата моќ (Ефешаните 5:1). Но, каква моќ поседуваме ние како обични луѓе?
3 Сети се дека човекот бил создаден „според Божјиот лик“ (1. Мојсеева 1:26, 27). Тоа покажува дека и ние имаме одредена моќ. Во моќта што ја поседуваме може да спаѓа нашата способност да извршуваме различни работи, да имаме извесен авторитет над другите и да влијаеме врз луѓето, особено врз оние што нѐ сакаат. Освен тоа, вклучена е и нашата физичка сила, како и материјалните средства. Во врска со Јехова, псалмистот рекол: „Во тебе е изворот на животот“ (Псалм 36:9). Според тоа, било директно било индиректно, Бог е изворот на секоја моќ што ја поседуваме. Затоа, треба да ја користиме на начин што тој го одобрува. Како можеме да го правиме тоа?
Клучот е љубовта
4, 5. а) Што е најважно за да ја користиме моќта на исправен начин, и каков пример ни дал Бог во тој поглед? б) Како љубовта ќе ни помогне исправно да ја користиме моќта?
4 За да ја користиме моќта на исправен начин, најважно е да имаме љубов. Самиот Јехова ни дал пример во тој поглед. Сети се на четирите главни особини на Бог, кои ги спомнавме во првото поглавје. Тоа се моќта, правдата, мудроста и љубовта. Која од нив е најистакната? Љубовта. Во 1. Јованово 4:8 пишува: „Бог е љубов“. Да, љубовта го води Јехова во сѐ што прави, ги води сите негови постапки. Затоа, секогаш кога ја користи моќта, тој е мотивиран од љубов. Сѐ што прави е за доброто на оние што го сакаат.
5 Љубовта ќе ни помогне и нам да ја користиме моќта на исправен начин. Библијата вели дека љубовта е „љубезна“ и „не ја бара својата корист“ (1. Коринќаните 13:4, 5). Според тоа, ако ги сакаме луѓето, нема да се однесуваме грубо или безобѕирно кон оние над кои имаме извесен авторитет. Наместо тоа, ќе го почитуваме достоинството на другите, а нивните потреби и чувства ќе ги ставаме пред своите (Филипјаните 2:3, 4).
6, 7. а) Што е стравот од Бог, и како таквиот страв може да ни помогне да не ја злоупотребиме нашата моќ? б) Наведи пример кој покажува каква врска постои меѓу стравот од Бог и љубовта кон него.
6 Љубовта е поврзана со стравот од Бог. Ваквиот страв ќе ни помогне да не почнеме да ја злоупотребуваме нашата моќ. Во Изреки 16:6 пишува: „Од страв од Јехова човекот се трга од злото“. Без сомнение, злоупотребата на моќта е зло од кое треба да се тргаме. Ако имаме страв од Бог, нема да се однесуваме лошо со оние над кои имаме некаков авторитет. Таквиот страв ќе ни помогне да бидеме свесни дека сме одговорни пред Бог за тоа како постапуваме со другите (Неемија 5:1-7, 15). Но, стравот од Бог вклучува и нешто друго. Зборовите кои на изворниот јазик се користат за „страв“ честопати се однесуваат на ценење и длабока почит кон Бог. Затоа, Библијата го поврзува стравот од Бог со љубовта кон него (5. Мојсеева 10:12, 13). Ваквата длабока почит вклучува здрав страв да не го разочараме Јехова — не затоа што се плашиме од последиците, туку затоа што вистински го сакаме.
7 Да го објасниме тоа со односот што владее меѓу еден добар татко и неговото синче. Детето ја чувствува грижата на својот татко и знае дека тој го сака. Но, свесно е и што очекува таткото од него и знае дека, ако направи нешто што не треба, ќе биде казнето. Сепак, детето не живее во страв од својот татко. Напротив, многу го сака. Воопшто не му е тешко да го прави она што тој го бара од него. Истото важи и за стравот од Бог. Бидејќи го сакаме Јехова, нашиот небесен Татко, страв ни е да не направиме нешто што ќе го доболи до срце (1. Мојсеева 6:6). Напротив, копнееме да го израдуваме (Изреки 27:11). Од таа причина, треба исправно да ја користиме својата моќ. Да видиме како можеме да го правиме тоа.
Во семејството
8. а) Каков авторитет во семејството има сопругот, и како треба да го спроведува? б) Како еден маж може да покаже дека ја почитува својата жена?
8 Најнапред да кажеме нешто за семејството. Во Ефешаните 5:23 пишува дека „мажот е глава на жената“. Како треба сопругот да го користи авторитетот што му го дал Бог? Библијата вели дека мажите треба да постапуваат со своите жени „во склад со она што... го научиле, почитувајќи ги како послаби садови“ (1. Петрово 3:7). Изразот „почитувајќи ги“ на изворниот грчки јазик е именка што значи „цена, вредност... почит“. Мажот што ја почитува својата жена никогаш нема физички да ја малтретира. Освен тоа, нема да ја понижува или омаловажува, создавајќи во неа чувство на безвредност. Напротив, тој е свесен за нејзината вредност и со неа се однесува со почит. Со своите зборови и постапки — сеедно дали се сами или со други луѓе — тој покажува дека многу ја цени (Изреки 31:28). Таквиот маж не само што ја стекнува љубовта и почитта од својата сопруга туку, што е уште поважно, и љубовта од Јехова.
9. а) Во која смисла сопругите имаат моќ во семејството? б) Што може да ѝ помогне на жената да му дава поддршка на својот маж, и што може да постигне со тоа?
9 И сопругите имаат одредено влијание во семејството. Во Библијата се спомнуваат некои богобојазливи жени кои, без да го прекршат начелото за поглаварство, презеле нешто за да ги спречат своите мажи да донесат погрешна одлука (1. Мојсеева 21:9-12; 27:46 — 28:2). Можеби една жена е поостроумна од својот сопруг или поседува други способности што тој ги нема. Сепак, таа треба „длабоко да го почитува својот маж“ и да му биде ‚подложна како на Господарот‘ (Ефешаните 5:22, 33). Ако нејзина цел е да му угоди на Бог, ќе ѝ биде полесно да ги користи своите способности за да му дава поддршка на својот маж наместо да го омаловажува или да се обидува да доминира над него. Таквата ‚вистински мудра жена‘ тесно соработува со својот маж. На тој начин сопругата придонесува нејзиното семејство да биде среќно, а задржува и мир со Бог (Изреки 14:1).
10. а) Каков авторитет им дал Бог на родителите? б) Што значи зборот „стега“, и како треба да се воспитуваат децата? (Види ја и фуснотата.)
10 Бог им дал извесен авторитет и на родителите. Библијата го дава следниов совет: „Татковци, не раздразнувајте ги своите деца, туку воспитувајте ги со стега од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување“ (Ефешаните 6:4). Зборот „стега“ кој се користи во Библијата може да значи „воспитување, обучување, поучување“. На децата им треба некој да ги воспитува. Добро е да добиваат конкретни упатства и правила и да им се поставуваат јасно утврдени граници. Библијата покажува дека таквиот начин на воспитување произлегува од љубов (Изреки 13:24). Според тоа, родителите никогаш не треба да ја користат „прачката на поуката“ за да ги малтретираат своите деца — било емоционално било физички * (Изреки 22:15; 29:15). Кога родителите се крути или груби при воспитувањето и не покажуваат љубов, го злоупотребуваат својот авторитет и може да ги потиштат своите деца (Колошаните 3:21). Од друга страна, кога ги воспитуваат децата урамнотежено и на исправен начин, им покажуваат дека ги сакаат и дека им е важно какви личности ќе станат.
11. Како можат децата да ја користат својата сила на исправен начин?
11 А како можат децата да ја користат силата што ја имаат? „Убавина на младичите е нивната сила“, стои во Изреки 20:29. Сигурно нема подобар начин на кој младите можат да ја користат својата енергија од тоа да му служат на нашиот „Величествен Творец“ (Проповедник 12:1). Младите треба да имаат на ум дека со своите постапки можат да ги израдуваат или да ги разжалостат своите родители (Изреки 23:24, 25). Кога децата го прават она што е исправно и им се послушни на своите богобојазливи родители, го радуваат нивното срце (Ефешаните 6:1). Тоа „му се допаѓа на Господарот“ (Колошаните 3:20).
Во собранието
12, 13. а) Како треба да гледаат старешините на авторитетот што го имаат во собранието? б) Наведи пример кој покажува зошто старешините треба да бидат обѕирни кон стадото.
12 Јехова се погрижил во собранијата да има надгледници кои ќе преземаат водство (Евреите 13:17). Овие оспособени мажи треба да го користат авторитетот што им го дал Бог за да му помагаат на стадото и да се грижат за него. Дали таа одговорност им дава право да господарат над своите соверници? Не. Старешините треба да бидат урамнотежени и понизни додека ги извршуваат своите задачи во собранието (1. Петрово 5:2, 3). Библијата им го вели следново на старешините: ‚Пасете го Божјето собрание, кое Бог го купи со крвта на својот Син‘ (Дела 20:28). Затоа, тие треба да постапуваат нежно со секој поединец од Божјето стадо.
13 Да спомнеме еден пример. Да речеме дека еден близок пријател те замолил да му чуваш некој предмет што му е многу драг. Знаеш дека го платил скапо. Зарем нема да го чуваш многу внимателно? Слично на тоа, Бог им дал на старешините одговорност да се грижат за нешто многу скапоцено — собранието, чии членови се споредени со овци (Јован 21:16, 17). На Јехова му се многу драги неговите овци. Толку му се драги што ги купил со скапоцената крв на својот единороден Син, Исус Христос. Јехова ја платил највисоката можна цена. Понизните старешини го имаат тоа на ум додека се грижат за Јеховиното стадо.
„Власта на јазикот“
14. Каква моќ има јазикот?
14 „Смртта и животот се во власта на јазикот“, пишува во Библијата (Изреки 18:21). Навистина, јазикот има голема моќ и може да нанесе огромна штета. Кој од нас никогаш не бил длабоко погоден од некој непромислен збор или навредлива забелешка? Но, јазикот има моќ и да лекува. Во Изреки 12:18 пишува: „Јазикот на мудрите е лек“. Охрабрувачките, изградувачки зборови можат да дејствуваат како мелем кој го лекува срцето. Да разгледаме неколку примери.
15, 16. Како можеме да ги тешиме и да ги храбриме другите со нашиот јазик?
15 Во 1. Солуњаните 5:14 стои: „Тешете ги потиштените души“. Дури и верните слуги на Јехова понекогаш можат да се чувствуваат потиштено. Како можеш да им помогнеш? Искрено пофали ги за нешто конкретно и помогни им да видат дека се многу вредни во очите на Јехова. Би можел да им прочиташ некои охрабрувачки стихови од Библијата кои покажуваат дека Јехова ги сака и се грижи за оние кои се „скршени во срцето“ и имаат „скршен дух“ (Псалм 34:18). Секогаш кога го користиме нашиот јазик за да ги тешиме другите, покажуваме дека го следиме примерот на нашиот сочувствителен Бог, „кој ги теши потиштените“ (2. Коринќаните 7:6).
16 Нашиот јазик можеме да го користиме и за да ги храбриме другите. Дали на некој брат или сестра им починал некој од најблиските? Неколку сочувствителни зборови со кои ќе покажеш грижа можат да го утешат ужалениот. Дали некој постар брат или сестра се чувствува бескорисно? Со нашите обѕирни и промислени зборови можеме да ги увериме дека ги сакаме и дека многу ги цениме. Дали некој страда од хронична болест? Неколку љубезни зборови кажани преку телефон или лично можат да го разведрат болниот. Без сомнение, нашиот Творец многу се радува кога со јазикот го зборуваме она Ефешаните 4:29).
што е добро и што „ги изградува другите“ (Најдобар начин на кој можеме да ја користиме нашата сила е да ја проповедаме добрата вест
17. За која важна работа треба да го користиме нашиот јазик, и зошто?
17 Што е уште поважно, јазикот можеме да го користиме за да им ја кажуваме на другите добрата вест за Божјето Царство. „Немој да им скратуваш некакво добро на оние на кои им е потребно, кога твојата рака може да го стори тоа“, стои во Изреки 3:27. Бидејќи добрата вест може да им го спаси животот на луѓето, имаме должност да ја објавуваме. Не би било исправно да ја чуваме за себе важната порака што Јехова толку великодушно ни ја дал (1. Коринќаните 9:16, 22). Но, до која мера треба да бидеме вклучени во објавувањето на таа порака?
Да му служиме на Јехова со „сета своја сила“
18. Што очекува Јехова од нас?
18 Љубовта кон Јехова нѐ поттикнува да даваме сѐ од себе во христијанската служба. Во Колошаните 3:23 пишува: „Што и да работите, правете го тоа со сета душа како за Јехова, а не како за луѓето“. А кога го прашале која е најголемата заповед, Исус рекол: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Марко 12:30). Според тоа, што очекува Јехова од нас? Очекува нешто што можеме да му го дадеме сите ние без оглед на околностите — да го сакаме и да му служиме со сета душа.
19, 20. а) Зошто во Марко 12:30 се спомнуваат срцето, умот и силата, иако сите тие се опфатени со зборот душа? б) Што значи да му служиме на Јехова со сета душа?
19 Што значи тоа да му служиме на Јехова со сета душа? Душата ја означува целата личност, со сите физички и умствени способности. Со оглед на тоа што душата ги вклучува срцето, умот и силата, зошто тие се поединечно спомнати во Марко 12:30? Да наведеме една споредба. Во библиски времиња, еден човек можел да се продаде себеси (својата душа) во ропство. Сепак, можело да се случи робот да не служи со сето свое срце, да не ја вложува сета своја сила или да не ги користи сите свои умствени способности додека работел за својот господар (Колошаните 3:22). Според тоа, Исус очигледно ги спомнал срцето, умот и силата за да нагласи дека не треба да се штедиме во службата за Бог. Да му служиме на Бог со сета душа значи да даваме од нашата сила и енергија најмногу што можеме во службата за него.
20 Дали тоа што треба да му служиме на Бог со сета душа значи дека секој од нас мора да посвети подеднакво време и енергија во службата на проповедање? Тоа не е можно, бидејќи сите ние имаме различни околности и способности. На пример, една млада енергична Римјаните 14:10-12). Напротив, сакаме да ја користиме нашата сила за да ги храбриме.
личност со добро здравје веројатно може да помине повеќе време во службата на проповедање отколку некој што е исцрпен поради староста. Некој што не е во брак веројатно може да прави повеќе отколку некој што има семејни одговорности. Треба да бидеме многу благодарни ако силата и околностите ни дозволуваат да правиме повеќе во службата! Се разбира, никогаш не треба да ги критикуваме другите и да се споредуваме со нив (21. Кој е најдобриот и најважниот начин на кој можеме да ја користиме нашата моќ?
21 Со тоа што исправно ја користи својата моќ, Јехова ни дава совршен пример. Ние сакаме да се угледаме на него најдобро што можеме како несовршени луѓе. Можеме исправно да ја користиме нашата моќ така што ќе го почитуваме достоинството на оние над кои имаме некаков авторитет. Освен тоа, треба да го извршуваме со сета душа животоважното дело на проповедање што ни го доверил Јехова (Римјаните 10:13, 14). Не заборавај дека Јехова се радува кога му го даваш најдоброто од себе. Зар срцето не те поттикнува да правиш сѐ што можеш додека му служиш на нашиот разумен Бог кој толку нѐ сака? Не постои подобар и поважен начин на кој можеш да ја користиш својата моќ.
^ пас. 10 Хебрејскиот збор кој во овој стих е преведен со ‚прачка‘, во библиски времиња се однесувал на стап каков што користеле овчарите за да ги водат своите овци (Псалм 23:4). На сличен начин, „прачката на поуката“ се однесува на водството што со љубов го даваат родителите, а не на сурово казнување и тепање.