ШЕСНАЕСЕТТО ПОГЛАВЈЕ
„Исус... им покажуваше љубов до крај“
1, 2. Како Исус ја поминал својата последна вечер со апостолите, и зошто тие последни мигови толку многу му значеле?
ИСУС ги собрал апостолите во горната соба на една куќа во Ерусалим, свесен дека тоа е последната вечер што ќе ја помине заедно со нив. Наближува времето кога тој ќе се врати кај својот Татко. За неколку часа, Исус ќе биде уапсен и неговата вера ќе биде испитана како никогаш порано. Но, иако знае дека наскоро ќе умре, тој сепак не ги занемарува потребите на своите апостоли.
2 Исус веќе им зборувал на апостолите за своето заминување, но сега има да им каже уште нешто за да ги подготви за она што ги чека. Затоа ги минува овие последни скапоцени мигови давајќи им многу важни поуки кои ќе им помогнат да останат верни. Со она што им го кажува, тој им става до знаење, повеќе од кога и да било порано, колку му се тие блиски и драги. Но, зошто Исус е повеќе загрижен за своите апостоли отколку за себеси? Зошто овие последни часови што ги минува заедно со нив толку му значат? Со неколку збора, затоа што ги сака. Тој чувствува многу голема љубов кон нив.
3. Од каде знаеме дека Исус не чекал до последната вечер за да им покаже на своите следбеници дека ги сака, и што ќе разгледаме во ова поглавје?
3 Со децении подоцна, кога под вдахновение седнал да ги опише настаните што се случиле таа вечер, апостол Јован напишал: „Пред Пасхата, Исус знаеше дека дошол неговиот час да си замине од овој свет кај Таткото. Бидејќи ги сакаше своите кои беа во светот, им покажуваше љубов до крај“ (Јован 13:1). Но, Исус не чекал да дојде таа последна вечер за да им покаже љубов на „своите“. Во текот на целата своја служба, на секој можен начин, тој покажал дека ги сака учениците. Добро е да разгледаме на кои начини им покажал љубов бидејќи, ако и ние го правиме истото, ќе докажеме дека сме негови вистински ученици.
Бил стрплив
4, 5. а) Зошто Исус морал да биде стрплив со своите ученици? б) Како реагирал Исус кога тројца негови апостоли не останале будни во градината Гетсиманија?
4 Љубовта и стрпливоста одат рака под рака. „Љубовта е долготрпелива“, стои во 1. Коринќаните 13:4, а долготрпеливоста значи стрпливо да ги поднесуваме другите. Дали на Исус му требала стрпливост додека бил со своите ученици? Му требала, и тоа како! Во третото поглавје видовме дека на апостолите не им било баш лесно да се научат на понизност. Тие многупати се расправале за тоа кој од нив е најголем. Што сторил Исус? Дали се налутил? Дали реагирал нервозно или нетрпеливо? Не, тој стрпливо разговарал со нив, дури и кога таа последна вечер пак почнале жестоко да се препираат за истата работа! (Лука 22:24-30; Матеј 20:20-28; Марко 9:33-37).
5 Подоцна во текот на таа последна ноќ, кога Исус отишол во градината Гетсиманија заедно со 11-те верни апостоли, неговата стрпливост повторно била ставена на испит. Оставајќи осум од своите апостоли, Исус ги зел Петар, Јаков и Јован и ги повел подлабоко во градината. „Душата ми е нажалена до смрт“, им рекол тој. „Останете овде и бдејте со мене.“ Потоа се оддалечил малку од нив и почнал горливо да се моли. Откако долго се молел, се вратил кај тројцата апостоли. И, имал што да види! Во овој час, кога тој се наоѓал на најголем испит, тие цврсто спиеле! Дали ги прекорил затоа што не останале будни? Не, тој стрпливо ги поттикнал да бдеат. Со своите љубезни зборови тој покажал дека сфаќа под каков стрес се наоѓаат и дека разбира зошто се * „Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“, рекол тој. Исус останал стрплив таа вечер, дури и кога се вратил и ги нашол како спијат, не само еднаш туку трипати! (Матеј 26:36-46).
премалени.6. Како можеме да постапуваме со другите како што постапувал Исус?
6 Охрабрувачки е да се знае дека Исус не кренал раце од своите апостоли. На крајот, неговата стрпливост родила плод, затоа што овие верни мажи научиле колку е важно да бидат и понизни и будни (1. Петрово 3:8; 4:7). Како можеме да постапуваме со другите како што постапувал Исус? Особено старешините треба да бидат стрпливи. Можеби некои соверници ќе дојдат кај старешината за да му кажат за некој свој проблем кога тој е уморен или преокупиран со свои грижи. Понекогаш, оние на кои им треба помош нема брзо да го прифатат и да го применат советот што ќе им се даде. И покрај тоа, стрпливите старешини поучуваат „со благост“ и имаат „обѕир кон стадото“ (2. Тимотеј 2:24, 25; Дела 20:28, 29). Добро е и родителите да бидат стрпливи како што бил Исус, бидејќи децата одвреме-навреме не го прифаќаат или не го применуваат брзо советот или исправката што им се дава. Љубовта и стрпливоста ќе им помогнат на родителите да не кренат раце од своите деца и да продолжат да ги воспитуваат. Таквата стрпливост сигурно ќе биде наградена (Псалм 127:3).
Се грижел за нивните потреби
7. Како се грижел Исус за материјалните потреби на своите ученици?
7 Љубовта се гледа во несебичните дела (1. Јованово 3:17, 18). Таа „не ја бара својата корист“ (1. Коринќаните 13:5). Љубовта го поттикнала Исус да се грижи за материјалните потреби на своите ученици. Тој честопати правел нешто за нив дури и пред да му кажат што им треба. Кога видел дека се уморни, предложил да појдат заедно со него ‚на едно осамено место и да се одморат малку‘ (Марко 6:31). Кога забележал дека се гладни, презел нешто за да ги нахрани — како нив, така и илјадниците други кои дошле да го слушаат како поучува (Матеј 14:19, 20; 15:35-37).
8, 9. а) Што покажува дека Исус ги забележувал и ги задоволувал духовните потреби на своите ученици? б) Додека бил на столбот, како Исус покажал дека многу му е важно мајка му да биде добро згрижена?
8 Исус ги забележувал и ги задоволувал и духовните потреби на своите ученици (Матеј 4:4; 5:3). Кога поучувал, ним им обрнувал посебно внимание. Тој ја одржал Проповедта на гората првенствено за своите ученици (Матеј 5:1, 2, 13-16). Кога поучувал со споредби, ‚на своите ученици им објаснувал сѐ кога бил насамо со нив‘ (Марко 4:34). Исус прорекол дека ќе постави ‚верен и разборит роб‘ кој требало да се погрижи неговите следбеници да добиваат добра духовна храна во овие последни денови. Овој „роб“, кој го сочинува една мала група помазани браќа на Исус кои се на Земјата, верно обезбедува духовна „храна во вистинско време“ уште од 1919 год. од н.е. (Матеј 24:45).
9 Дента кога умрел, Исус покажал на трогателен начин колку многу му значи духовното добро на неговите најмили. Замисли си ја следнава сцена. Прикован на столбот, Исус чувствувал неподнослива болка. За да може да диши, очигледно морал да се поткрева со нозете. Ова сигурно му било многу болно бидејќи, поради тежината на телото, шајките му го раскинувале месото на стапалата, а неговиот крвав и разранет грб се гребел од столбот. Освен тоа, сигурно му било многу тешко и мачно да зборува, бидејќи при зборувањето човек мора да го контролира дишењето. Сепак, неколку моменти пред да умре, тој успеал да каже неколку збора од кои се гледа колку многу ја сакал својата мајка, Марија. Кога видел како Марија и апостол Јован стојат во близина, Исус ѝ ги рекол следниве зборови на мајка си, и тоа доволно гласно да го слушнат и другите што стоеле таму: „Жено, еве ти син!“ А на Јован му рекол: „Еве ти мајка!“ (Јован 19:26, 27). Исус знаел дека овој верен апостол нема да се грижи само за материјалните потреби на Марија туку и за нејзиното духовно добро. *
10. Како родителите можат да бидат како Исус во тој поглед што ќе се грижат за потребите на своите деца?
10 Добрите родители сфаќаат дека е многу корисно да размислуваат за примерот на Исус. Еден татко кој навистина си го сака семејството ќе се труди да бидат задоволени материјалните потреби на неговите членови (1. Тимотеј 5:8). Мажите, кои се урамнотежени поглавари полни со љубов, одвојуваат време и за повремен одмор и рекреација. Но, што е уште поважно, христијанските родители се грижат за духовните потреби на своите деца. На кој начин? Тие редовно ја проучуваат Библијата како семејство и притоа се трудат децата нешто да научат и да им биде убаво (5. Мојсеева 6:6, 7). Со збор и со пример, родителите ги поучуваат децата дека е многу важно редовно да проповедаме, а и да се подготвуваме за христијанските состаноци и да присуствуваме на нив, бидејќи тоа е многу битен начин на кој го славиме Бог (Евреите 10:24, 25).
Бил спремен да прости
11. Какви поуки им дал Исус на своите следбеници во врска со простувањето?
11 Простувањето е едно обележје на љубовта (Колошаните 3:13, 14). Љубовта „не го памти злото“, стои во 1. Коринќаните 13:5. Во многу ситуации Исус ги поучил своите следбеници колку е важно да се простува. Ги поттикнал да простуваат „не... до седумпати, туку до седумдесет и седум пати“ — што значи, неограничено (Матеј 18:21, 22). Ги советувал да му простат на оној што згрешил доколку тој се каел откако бил укорен за нешто (Лука 17:3, 4). Но, Исус не бил како лицемерните фарисеи, кои поучувале само со збор — тој поучувал и со пример (Матеј 23:2-4). Да видиме како Исус покажал спремност да прости дури и кога еден негов добар пријател го изневерил.
12, 13. а) Како Петар го изневерил Исус ноќта кога Исус бил уапсен? б) Откако воскреснал, како покажал Исус дека не поучувал за простувањето само со збор?
12 Исус бил многу близок со апостол Петар, срдечен човек кој понекогаш знаел да реагира брзо и непромислено. Исус увидел дека овој апостол има добри особини и му доверил посебни одговорности. Петар, заедно со Јаков и Јован, со свои очи видел некои чуда што не ги виделе останатите апостоли (Матеј 17:1, 2; Лука 8:49-55). Веќе беше спомнато дека Петар бил близу до својот Господар во градината Гетсиманија ноќта кога Исус бил уапсен. Сепак, истата таа ноќ кога Исус бил предаден и фатен, Петар и другите апостоли го оставиле и побегнале. Подоцна Петар собрал храброст да дојде близу до зградата каде што Исус бил незаконски суден. Но, во еден момент овој апостол се исплашил и сериозно згрешил — трипати рекол дека воопшто не го познава Исус! (Матеј 26:69-75). Како реагирал Исус? Како би реагирал ти кога некој добар пријател би те изневерил на ваков начин?
13 Исус бил спремен да му прости на својот апостол, бидејќи знаел дека Петар го здоболело до срце кога сфатил колку голем грев направил. Всушност, апостолот се покајал и ‚скршен, силно заплакал‘ (Марко 14:72). Исус му се појавил на Петар на денот кога воскреснал, веројатно за да го утеши и да го охрабри (Лука 24:34; 1. Коринќаните 15:5). По неполни два месеца, на празникот Педесетница, Исус му ја дал таа чест на Петар прв да стане и да му посведочи на мноштвото во Ерусалим (Дела 2:14-40). Да не заборавиме дека Исус не им се налутил ни на другите апостоли затоа што го оставиле. Напротив, по своето воскресение, тој сѐ уште ги нарекувал ‚мои браќа‘ (Матеј 28:10). Зарем не е очигледно дека Исус не поучувал за простувањето само со збор?
14. Зошто треба да научиме да им простуваме на другите, и како можеме да покажеме дека сме спремни да простиме?
Римјаните 3:23; Јаков 3:2). Ако им простуваме на другите кога навистина има место да бидеме милостиви, си правиме пат и Бог да ни прости кога ние ќе згрешиме (Марко 11:25). Тогаш, како можеме да покажеме дека сме спремни да им простиме на оние што можеби ќе ни згрешат? Во многу случаи, љубовта ни помага да преминеме преку малите грешки и слабостите на другите (1. Петрово 4:8). Ако оние што ни згрешиле навистина се каат за тоа, како што се каел Петар, сигурно би сакале спремно да им простиме како што простувал Исус. Наместо да држиме лутина, мудро е едноставно да преминеме преку грешката (Ефешаните 4:32). Така ќе придонесеме да се зачува мирот во собранието, а ќе си го зачуваме и нашиот душевен мир (1. Петрово 3:11).
14 Како ученици на Христос, и ние треба да научиме да им простуваме на другите. Зошто? За разлика од Исус, ние сме несовршени — исто како и оние што ни грешат. Понекогаш сите ние грешиме во зборовите и во постапките (Имал доверба во другите
15. Зошто Исус имал доверба во своите ученици и покрај нивните слабости?
15 Љубовта и довербата се тесно поврзани. Љубовта „сѐ верува“ * (1. Коринќаните 13:7). Поттикнат од љубов, Исус спремно покажал доверба во своите ученици иако тие биле несовршени. Тој имал доверба во нив и верувал дека длабоко во срцето навистина го сакаат Јехова и сакаат да ја вршат Неговата волја. Дури и кога грешеле, Исус не се сомневал во нивните мотиви. На пример, кога апостолите Јаков и Јован, по сѐ изгледа, ја натерале мајка си да бара од Исус тие да седат покрај него во неговото Царство, Исус не се посомневал во нивната верност и не рекол дека поради тоа не можат да му служат како апостоли (Матеј 20:20-28).
16, 17. Какви одговорности им дал Исус на учениците?
16 Исус ја покажал својата доверба во учениците со тоа што им дал различни одговорности. Кога во две ситуации со чудо ја умножил храната и им дал на мноштвата да јадат, тој им ја доверил на своите ученици должноста да ја разделат храната (Матеј 14:19; 15:36). Додека течеле подготовките за неговата последна Пасха, тој ги задолжил Петар и Јован да појдат во Ерусалим и да приготват сѐ што било потребно. Тие ги набавиле јагнето, виното, бесквасниот леб, горчливото зелје и сите други неопходни работи. Ова не било некоја ниска задача, бидејќи со Мојсеевиот закон се барало Пасхата да се одбележи на исправен начин, а Исус морал да го држи тој Закон. Освен тоа, подоцна истата вечер, кога го вовел Споменот за својата смрт, Исус ги употребил виното и бесквасниот леб како многу важни симболи (Матеј 26:17-19; Лука 22:8, 13).
17 Исус сметал дека може да им довери на своите ученици уште поважни одговорности. Како што веќе видовме, на една мала група од своите помазани следбеници на Земјата тој им ја доверил важната задача да делат духовна храна (Лука 12:42-44). Освен тоа, сети се дека на своите следбеници им го дал и важниот налог да проповедаат и да прават ученици (Матеј 28:18-20). Денес Исус е невидлив и владее од небото. Но, тој остава за неговото собрание на Земјата да се грижат духовно оспособените луѓе, кои се „како дарови“ (Ефешаните 4:8, 11, 12).
18-20. а) Како можеме да покажеме доверба во соверниците? б) Како можеме спремно да им доверуваме одговорности на другите како што правел Исус? в) Што ќе разгледаме во следното поглавје?
18 Како можеме да бидеме како Исус во нашите односи со другите? Довербата што ја покажуваме во нашите соверници е вистински показател дека ги сакаме. Никогаш да не заборавиме дека љубовта е позитивна, а не негативна особина. Кога другите ќе нѐ разочараат, што сигурно Матеј 7:1, 2). Ако ги гледаме добрите страни кај нашите сообожаватели, меѓусебно ќе се изградуваме и нема да се уриваме (1. Солуњаните 5:11).
ќе се случи одвреме-навреме, љубовта нема да ни дозволи брзо да им припишеме погрешни мотиви (19 Можеме ли, исто како Исус, спремно да им доверуваме одговорности на другите? Добро е оние што се на одговорни положби во собранието да им даваат соодветни и корисни задолженија на другите, со целосна доверба дека тие ќе дадат сѐ од себе да ги извршат како што треба. На тој начин, искусните старешини ќе им ја дадат потребната и важна обука на способните мажи кои ‚сакаат да служат‘ и да му помагаат на собранието (1. Тимотеј 3:1; 2. Тимотеј 2:2). Многу е важно тие да бидат оспособени на ваков начин. Додека Јехова и понатаму го забрзува делото што го вршиме за неговото Царство, ќе има потреба од вакви оспособени мажи кои ќе можат да преземаат сѐ поголеми одговорности (Исаија 60:22).
20 Исус ни дал извонреден пример за тоа како да покажуваме љубов кон другите. Од сите работи во кои можеме да се угледаме на него, најважно од сѐ е да покажуваме љубов како што покажал тој. Во следното поглавје ќе го видиме најголемиот доказ за неговата љубов — неговата спремност да го даде својот живот за нас.
^ пас. 5 Апостолите не заспале само од умор. Паралелниот извештај во Лука 22:45 вели дека Исус ‚ги нашол како спијат од жалост‘.
^ пас. 9 По сѐ изгледа, Марија тогаш веќе била вдовица, а се чини и дека другите нејзини деца сѐ уште не биле ученици на Исус (Јован 7:5).
^ пас. 15 Се разбира, ова не значи дека љубовта е наивна или лековерна, туку дека не е сомничава и ситничава. Ако ги сакаме другите, нема брзо да им судиме на мотивите и нема да заклучиме дека прават нешто со задни намери.