Како можат другите да помогнат?
„АКО можам било што да сторам, само кажи“. Повеќето од нас така му велат на неодамна ужалениот пријател или роднина. Секако, тоа го мислиме искрено. Би направиле било што за да помогнеме. Но, дали ужалениот ни се јавува и ни вели: „Се сетив како можеш да ми помогнеш“? Обично не. Јасно, можеби ќе треба да преземеме иницијатива ако сакаме навистина да му помогнеме и да го утешиме оној кој е ужален.
Една библиска изрека вели: „Умесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка“ (Изреки 15:23, НС; 25:11). Потребна е мудрост да се знае што да се каже а што не, што да се направи а што не. Еве неколку библиски предлози кои за некои ужалени поединци биле корисни.
Што да се прави . . .
Слушај: Биди „брз во слушањето“, вели Јаков 1:19. Едно од најкорисните нешта што можеш да ги направиш за да ја споделиш болката со ужалениот е да слушаш. На некои ужалени им е потребно да зборуваат за драгата личност која починала, за несреќата или за болеста која ја предизвикала смртта или пак за нивните чувства од смртта наваму. Затоа прашај: „Би сакал ли да разговараш за тоа?“ Тие нека одлучат. Присетувајќи се на периодот кога умрел татко му, еден млад човек рекол: „Многу ми помогна кога другите прашуваа што се случило, а потоа навистина слушаа“. Слушај стрпливо и со сочувство без да мислиш дека мораш да даваш одговори или решенија. Дозволи им да го изразат сето она што сакаат да го споделат.
Утеши ги: Утеши ги дека направиле сѐ што било можно (или нешто друго за кое знаеш дека е вистинито и позитивно). Утеши ги дека она што тие го чувствуваат — тага, гнев, вина или некоја друга емоција — не е толку невообичаено. Кажи им за други кои ти ги познаваш и кои успешно закрепнале после слична загуба. Таквите ‚пријатни зборови‘ се ‚лековити за коските‘, стои во Изреки 16:24 (1. Солунјаните 5:11, 14).
Стави се на располагање: Стави се на располагање, не само за првите неколку денови кога многу пријатели и роднини се присутни, туку дури и после неколку месеци кога другите ѝ се вратиле на својата нормална рутина. На тој начин ќе се покажеш како „верен пријател“ (НС), како оној кој останува до пријателот во време на „неволја“ (Изреки 17:17). „Нашите пријатели се погрижија вечерите да ни бидат исполнети за да не мораме да бидеме премногу сами дома“, објаснува Терезеа, чие дете умрело во сообраќајна несреќа. „Тоа ни помогна да го совладаме чувството на празнина што го имавме“. Со години подоцна, датумите на годишнини, како свадбена годишнина или датумот на смртта, за живите може да претставуваат периоди на напнатост. Зошто не ги забележиш тие датуми на твојот календар и кога ќе дојдат, ако е потребно, да се ставиш на располагање за да дадеш поддршка со сочувство?
Преземи соодветна иницијатива: Дали е потребно да се извршат одредени работи? Потребно ли е некој да се грижи за децата? Дали на пријателите и на роднините кои се дојдени во посета им треба ноќевалиште? Неодамна ужалените луѓе често се толку збунети што дури самите не знаат што треба да направат, а камо ли на другите да им кажуваат како тие можат да помогнат. Затоа, ако увидиш вистинска потреба, не чекај да бидеш замолен; преземи иницијатива (1. Коринтјаните 10:24; спореди 1. Јованово 3:17, 18). Една вдовица се присетува: „Мнозина ми рекоа: ‚Ако можам било што да сторам, само кажи‘, но една пријателка, без да ме праша, отиде право во спалната, ја извади постелнината извалкана од неговата смрт и ја испра. Една друга пријателка зеде кофа, вода и средства за чистење и ја изриба простирката каде беше повратил мојот сопруг. После неколку седмици, еден собраниски старешина дојде во работна облека со своите алати и ми рече: ‚Знам дека има нешто за поправање. Кажи ми што?‘ Колку ми е драг тој човек затоа што ми ја поправи вратата која висеше на едно ментеше и што изврши една електрична поправка!“ (Спореди Јаков 1:27.)
Биди гостопримлив: „Гостољубивоста не заборавајте ја“, нѐ потсетува Библијата (Евреите 13:2). Особено треба да запомниме да бидеме гостопримливи спрема оние кои се ужалени. Наместо да им кажеме: „Дојди во секое време“, одреди точен датум и време. Ако одбијат, не се предавај така лесно. Можеби е потребно сочувствително охрабрување. Можеби ја одбиле твојата покана затоа што се плашеле дека пред другите ќе изгубат контрола над своите емоции. Или, можеби се чувствуваат виновни ако уживаат оброк и дружење во едно такво време. Сети се на гостопримливата жена Лидија спомената во Библијата. Откако ги поканила во својот дом, Лука вели дека ‚ги принудила‘ да дојдат (Дела 16:15).
Биди стрплив и имај разбирање: Немој да бидеш премногу изненаден од она што ужалените ќе го кажат на почетокот. Имај на ум дека можеби имаат чувство на гнев или вина. Ако кон тебе се вперени емоционални изливи, од твоја страна ќе бидат потребни увид и стрпливост за да не се раздразниш. „Облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост“, препорачува Библијата (Колосјаните 3:12, 13).
Напиши писмо: Често се заборава вредноста на едно писмо или картичка со сочувство. Која е предноста? Синди, чија мајка починала од рак, одговара: „Една пријателка ми напиша убаво писмо. Тоа навистина ми помогна бидејќи можев повеќе пати да го читам“. Таквото писмо или картичка со охрабрување може да биде напишано „накратко“, но да биде од срце (Евреите 13:22). Можеш да напишеш дека си заинтересиран и дека имаш посебен спомен за починатиот, или на кој начин твојот живот бил погоден од смртта на таа личност.
Моли се со нив: Немој да ја потценуваш вредноста на твоите молитви со и за ужалените. Библијата вели: „Голема сила има усрдната молитва на праведникот“ (Јаков 5:16). На пример, може да ги ублажи негативните чувства, како што е вината, кога ќе те слушнат како се молиш во нивно име. (Спореди Јаков 5:13-15.)
Што да не се прави . . .
Немој да се држиш настрана затоа што не знаеш што да кажеш или направиш: ‚Сигурно сакаат да бидат сами во овој момент‘, можеби си велиме. Но, всушност, се држиме настрана веројатно затоа што се плашиме да не кажеме или направиме нешто погрешно. Меѓутоа, ако се избегнувани од пријателите, роднините или соверниците, ужалените се чувствуваат уште поосамени и тоа ја зголемува болката. Запомни, најљубезните зборови и постапки најчесто се наједноставните (Ефесјаните 4:32). Самото твое присуство може да биде извор на охрабрување. (Спореди Дела 28:15.) Присетувајќи се на денот кога починала нејзината ќерка, Тересеа вели: „За еден час, чекалната во болницата беше полна со наши браќа; беа сите старешини и нивните жени. Некои од жените беа со виклери во косите, а некои во работна облека. Оставиле сѐ и дошле. Многу од нив ни рекоа дека не знаат што да ни кажат, но тоа не беше важно. Важно беа тука“.
Немој да вршиш притисок врз нив да престанат да жалат: ‚Ајде, ајде, немој сега да плачеш‘, би сакале да кажеме. Но подобро е солзите да потечат. „Мислам дека е важно да ги пуштиш ужалените да ги покажат и изразат емоциите“, вели Кетрин, сеќавајќи се на смртта на нејзиниот сопруг. Избегнувај ја склоноста да им кажуваш на другите како треба да се чувствуваат. И немој да мислиш дека мораш да ги криеш чувствата за да ги заштитиш нивните. Наместо тоа, Библијата препорачува да се ‚плаче со расплаканите‘ (Римјаните 12:15).
Немој да брзаш со советот да се ослободат од облеката или од други лични предмети на починатиот додека не бидат спремни на 1. Мојсеева 37:31-35).
тоа: Можеби мислиме дека ќе биде подобро ако се ослободат од предмети кои будат спомени затоа што се чини дека тие некако ја продолжуваат тагата. Но изреката „далеку од очите, далеку од срцето“, не мора да важи во овој случај. Ужалениот можеби има потреба постепено да се помири со реалноста за починатиот. Сети се на библискиот опис на реакцијата на патријархот Јаков кога бил наведен да поверува дека неговиот млад син Јосиф бил убиен од дива ѕверка. Откако на Јаков му ја дале Јосифовата долга облека извалкана со крв, тој ‚тагувал по синот свој многу дни. И се собрале сите синови негови и ќерки негови да го тешат; но тој не можел да се утеши‘ (Немој да велиш: ‚Можеш да имаш друго бебе‘: „Мразев кога луѓето ми кажуваа дека можам да имам друго дете“, се присетува една мајка на која ѝ умрело детето. Тие се Изреки 12:18). Едно дете никогаш не може да се замени со друго. Зошто? Затоа што секое за себе е единствено.
добронамерни, но за ужалениот родител, зборовите дека загубеното дете може да се замени, може да ‚рануваат како меч‘ (Не мораш непотребно да избегнуваш да го спомнуваш починатиот: „Многу луѓе не го ни спомнуваа името на син ми Џими, ниту зборуваа за него“, се присетува една мајка. „Морам да признаам, малку ме болеше кога другите не го спомнуваа“. Затоа, не мораш да ја менуваш темата кога ќе се спомне името на починатиот. Прашај го поединецот дали има потреба да разговара за својот близок. (Спореди Јов 1:18, 19 и 10:1.) Некои ужалени ценат кога пријателите кажуваат за посебните особини поради кои починатиот им бил драг. (Спореди Дела 9:36-39.)
Немој да брзаш и да кажеш: ‚Можеби така е подобро‘: Обидот да најдеме нешто позитивно за смртта не е секогаш ‚утешен за малодушните‘ кои жалат (1. Солунјаните 5:14). Присетувајќи се на моментот кога умрела мајка ѝ, една млада жена рекла: „Другите велеа: ‚Таа веќе не страда‘, или ‚Барем сега е во мир‘. Но јас не сакав да го слушам тоа“. Таквите коментари би можеле да им сугерираат на живите дека не би требало да се чувствуваат тажни или дека загубата не била толку значајна. Меѓутоа, тие се толку тажни токму поради загубата на драгата личност.
Можеби е подобро да не им кажеш: ‚Знам како се чувствуваш‘: Дали навистина знаеш? Можно ли е, на пример, да знаеш што чувствува еден родител кога ќе му почине детето ако самиот не си доживеал таква загуба? Дури и ако си доживеал, сфати дека другите можеби не се чувствуваат исто како што си се чувствувал ти. (Спореди Плач Јеремиин 1:12.) Од друга страна, ако се чини прикладно, можеби ќе биде корисно да раскажеш како ти си ја преживеал загубата на саканата личност. Една жена, чија ќерка била убиена, била утешена кога мајката на едно друго девојче кое умрело ѝ раскажала како таа се вратила во нормален живот. Таа рекла: „Мајката на умреното девојче не го започна своето искуство со: ‚Знам како се чувствуваш‘. Едноставно ми кажа како ѝ било нејзе и ме остави јас да се поврзам со тоа“.
За да му помогнеш на некој ужален, потребно е сочувство, разборитост и многу љубов од твоја страна. Не чекај ужалениот да дојде кај тебе. Немој едноставно да кажеш: „Ако можам било што да сторам . . .“. Најди го тоа „било што“ самиот, а потоа преземи соодветна иницијатива.
Остануваат уште неколку прашања: Што е со библиската надеж за воскресение? Што ќе значи тоа за тебе и за саканата личност која умрела? Како можеме да бидеме сигурни дека тоа е сигурна надеж?