Поставки за приватност

За да Ви го обезбедиме најдоброто искуство, користиме колачиња и слични технологии. Некои колачиња се неопходни за да може да функционира нашата страница и не може да се одбијат. За сите други видови колачиња кои ги користиме само за да го подобриме Вашето искуство, можете самите да одлучите дали ќе ги прифатите или не. Ниту еден од податоците никогаш нема да биде продаден или искористен за маркетингшки цели. За да дознаете нешто повеќе, прочитајте го документот Општи правила за користење колачиња и слични технологии. Можете во секое време да ги смените Вашите поставки во Поставки за приватност.

Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 25

Зошто и како ги градиме нашите сали?

Зошто и како ги градиме нашите сали?
Доброволци за изградба на Сали на Јеховините сведоци во Боливија

Боливија

Сала на Јеховините сведоци во Нигерија пред да се реновира
Сала на Јеховините сведоци во Нигерија по реновирањето

Нигерија, пред и потоа

Изградба на Сала на Јеховините сведоци на Тахити

Тахити

Главното библиско учење за кое се зборува во Салите на Јеховините сведоци е Божјето Царство — истата тема за која зборувал и Исус (Лука 8:1).

Во нив се учи вистината за Бог. Салите на Јеховините сведоци се места од кои тие го организираат проповедањето во нивната околина (Матеј 24:14). Овие објекти се разликуваат по големината и изгледот, но тоа се скромни градби, а во многу од нив се состануваат повеќе собранија. Бидејќи бројот на објавители и собранија постојано расте, во последниве години изградивме десетици илјади нови сали, во просек по пет на ден. Како е возможно тоа? (Матеј 19:26).

Се градат со помош на прилозите што се даваат за таа цел. Овие прилози се испраќаат до подружницата за да може парите да им послужат на собранијата кои сакаат да изградат сала или да ја реновираат онаа што веќе ја имаат.

Ги градат доброволци со најразлично потекло и вештини. Во многу земји има формирано групи за изградба на сали составени од браќа и сестри. Тие се селат од едно до друго собрание во една земја — дури и до подалечни места — за да им помагаат на локалните собранија околу изградбата на нивната сала. Во други земји, некои браќа се задолжени да ги надгледуваат изградбата и реновирањето на Салите на Јеховините сведоци во одреден регион. Иако вешти мајстори доброволно ги даваат своето време и сила, повеќето од оние што работат на градилиштата се волонтери од локалното собрание. Сето ова е возможно поради Јеховиниот дух и сесрдниот труд на неговиот народ (Псалм 127:1; Колошаните 3:23).

  • Зошто градиме сали за состаноци?

  • Што ни овозможува да градиме сали низ целиот свет?