ПОГЛАВЈЕ 96
Исус и богатиот млад поглавар
МАТЕЈ 19:16-30; МАРКО 10:17-31; ЛУКА 18:18-30
-
ЕДЕН БОГАТ ЧОВЕК ПРАШАЛ КАКО ДА ДОБИЕ ВЕЧЕН ЖИВОТ
Додека Исус минувал низ Переја на пат кон Ерусалим, некој богат млад човек дотрчал и паднал на колена пред него. Во Библијата тој е наречен „поглавар“, затоа што веројатно служел како настојник на синагогата или како член на Судскиот совет. Тој прашал: „Учителе добар, што морам да правам за да наследам вечен живот?“ (Лука 8:41; 18:18; 24:20).
„Зошто ме нарекуваш добар?“, му одговорил Исус. „Никој не е добар, освен еден, Бог.“ Тој млад човек веројатно го употребил зборот „добар“ како почесна титула, како што правеле рабините. Исус навистина знаел многу добро да поучува, но на човекот јасно му кажал дека само Бог има право да ја носи титулата „Добар“.
„Ако сакаш да добиеш живот, држи ги заповедите“, му рекол Исус. Младиот човек го прашал: „Кои?“ Тогаш Исус цитирал пет од Десетте заповеди што Бог им ги дал на Израелците: „Не убивај“, „Не врши прељуба“, „Не кради“, „Не сведочи лажно“ и „Почитувај ги татка си и мајка си“. А навел и една уште поважна заповед: „Сакај го својот ближен како себеси“ (Матеј 19:17-19).
„Сето тоа го држам“, одговорил младиот човек. „Што уште ми недостига?“ (Матеј 19:20). Можеби мислел дека му недостига уште некое добро, јуначко дело што со сигурност ќе му донело вечен живот. Исус видел дека човекот бил искрен и почувствувал „наклоност“ кон него (Марко 10:21). Сепак, имало една работа која му претставувала пречка.
На младиот човек многу му бил важен имотот што го поседувал. Затоа Исус му рекол: „Едно ти недостига: оди, продај сѐ што имаш и парите дај им ги на сиромасите, па ќе имаш богатство на небото. Тогаш дојди и оди по мене“. За да стане ученик на Исус, тој човек требало да им ги раздаде своите Марко 10:21, 22). Исус рекол: „Колку тешко ќе влезат богатите во царството Божје!“ (Лука 18:24).
пари на сиромасите, кои немало да можат да му ги вратат. Несомнено со тага во очите, Исус гледал како човекот станува и си оди нажален. Приврзаноста кон материјалното богатството, односно кон неговиот „голем имот“, толку го заслепила што не можел да го препознае богатството што имало вистинска вредност (Учениците биле изненадени од тие зборови, како и од она што Исус го кажал потоа: „Полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку на богат човек да влезе во Божјето царство“. Кога го чуле тоа, учениците прашале: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Дали воопшто било можно некој да се спаси? Исус ги погледнал и им рекол: „Она што не е можно за луѓето, можно е за Бог“ (Лука 18:25-27).
За да покаже дека тие направиле поинаков избор од богатиот човек, Петар рекол: „Еве, ние оставивме сѐ и те следиме. Што ќе добиеме за тоа?“ Исус кажал кој ќе бил крајниот резултат од нивниот добар избор: „При повторното создавање, кога Синот човечки ќе седне на својот славен престол, вие што ме следевте ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелови племиња“ (Матеј 19:27, 28).
Исус зборувал за иднината, кога условите за живот на Земјата повторно ќе биле како во градината Еден. Како награда, Петар и другите ученици ќе ја добиеле честа да владеат со Исус над рајот на Земјата. Таквата величествена награда била вредна за секоја жртва!
Но, учениците немало да бидат наградени само во иднина. Тие биле благословени уште во текот на својот живот на Земјата. Исус рекол: „Никој не оставил куќа или жена или браќа или родители или деца заради царството Божје, а да не добие многу повеќе во ова време, а во поредокот што доаѓа — вечен живот“ (Лука 18:29, 30).
Како што ветил Исус, каде и да се нашле, неговите ученици можеле со своите браќа и сестри во верата да остварат дури и поцврсти и подлабоки односи отколку со членовите на своите семејства. За жал, се чини дека младиот човек ја изгубил таа можност, но и приликата да добие вечен живот во Божјето небесно Царство.
Потоа Исус додал: „А мнозина кои се први, ќе бидат последни, а последните, први“ (Матеј 19:30). Што сакал да каже со тоа?
Младиот богат човек бил меѓу ‚првите‘ затоа што бил еврејски поглавар. Бидејќи верно се држел за Божјите заповеди, од него можело многу да се очекува. Сепак, тој ги ставил богатството и материјалните работи на прво место во животот. За разлика од него, обичните луѓе јасно сфатиле дека она за што Исус поучувал било вистина — патот што води до живот. Тие биле сметани за „последни“, но ќе станеле „први“. Со други зборови, ќе ја добиеле честа да седат на престоли на небото заедно со Исус и да владеат над рајот на Земјата.