Демоните се убијци!
Сатана и демоните отсекогаш биле свирепи и опасни. Во древни времиња, Сатана го убил добитокот и слугите на верниот Јов. Потоа ги убил десетте деца на Јов така што предизвикал „силен ветар“ кој ја срушил куќата во којашто се наоѓале децата. Потоа Сатана го удрил Јов со „лути чиреви од табаните до темето“ (Јов 1:7-19; 2:7).
Во деновите на Исус, демоните онемувале и ослепувале некои луѓе (Матеј 9:32, 33; 12:22). Измачувале еден човек и го терале да се удира со камења (Марко 5:5). Исто така, предизвикале едно момче да вика, го треснале од земја и го фрлиле во „силен грч“ (Лука 9:42).
Сатана и демоните се настроени да убиваат и денес, исто како и во минатото.
Всушност, откако биле исфрлени од небото тие прават уште полоши работи. Од разни делови на светот се слушаат извештаи кои сведочат за тоа колку се свирепи демоните. Некои луѓе ги измачуваат со болести. Други ги вознемируваат ноќе — не им даваат да спијат или ги измачуваат со страшни соништа. Некои сексуално ги малтретираат, а други, пак, ги доведуваат до лудило, убиство или самоубиство.Линтина, која живее во Суринам, раскажува дека еден демон, или зол дух, убил 16 члена од нејзиното семејство, а неа ја измачувал физички и психички 18 години. Таа тврди, од лично искуство, дека демоните „уживаат да ги измачуваат своите немоќни жртви до смрт“.
Но, Јехова може да ги заштити своите слуги од нападите на Сатана (Изреки 18:10).