ЛЕКЦИЈА 5
Каква е Божјата намера со Земјата?
1. Зошто Бог ја создал Земјата?
Јехова им ја дал Земјата на луѓето. Таа е наш дом. Значи, првите луѓе, Адам и Ева, не биле создадени за да живеат на небото — Бог веќе ги создал ангелите за да живеат таму (Јов 38:4, 7). Затоа, Јехова го сместил првиот човек во еден прекрасен рај наречен еденска градина (1. Мојсеева 2:15-17). Адам и неговите потомци можеле да живеат вечно на Земјата. (Прочитај Псалм 37:29; 115:16.)
Во почетокот, само еденската градина била рај. Првите луѓе требало да имаат свои потомци, кои ќе ја населеле целата Земја. Со текот на времето требало да го прошират рајот по целата планета (1. Мојсеева 1:28). Земјата никогаш нема да биде уништена. Таа засекогаш ќе им биде дом на луѓето. (Прочитај Псалм 104:5.)
Гледај го видеоклипот Зошто Бог ја создал Земјата?
2. Зошто Земјата сега не е рај?
Адам и Ева не го послушале Бог и затоа Јехова ги истерал од градината. Рајот бил изгубен, и ниеден човек не успеал да го обнови. Во Библијата пишува дека ‚Земјата била предадена во рацете на злиот‘ (Јов 9:24). (Прочитај 1. Мојсеева 3:23, 24.)
Дали Јехова се откажал од својата првобитна намера со луѓето? Не! Тој е Семоќен и не е можно да доживее неуспех (Исаија 45:18). На луѓето ќе им овозможи да живеат во условите што ги замислил во почетокот. (Прочитај Псалм 37:11, 34.)
3. Како ќе биде обновен рајот?
Рајот на Земјата ќе биде обновен за време на владеењето на Исус како Цар. Во битката наречена Армагедон, Исус ќе ги предводи Божјите ангели и ќе ги уништи сите што му се противат на Бог. Тогаш ќе го затвори Сатана во период од 1.000 години. Божјиот народ ќе го преживее тоа уништување затоа што Исус ќе го води и ќе го Откровение 20:1-3; 21:3, 4.)
штити. Потоа, луѓето ќе можат да живеат вечно во рајот на Земјата. (Прочитај4. Кога ќе престанат страдањата?
Кога Бог ќе му стави крај на злото на Земјата? Исус дал еден ‚знак‘ според кој ќе може да се види дека крајот е близу. Денешните услови во светот го загрозуваат опстанокот на човештвото и покажуваат дека живееме во „свршетокот на овој поредок“. (Прочитај Матеј 24:3, 7-14, 21, 22.)
Исус ќе владее од небото над Земјата 1.000 години, и во тој период ќе им стави крај на сите страдања (Исаија 9:6, 7; 11:9). Освен што ќе биде Цар, Исус ќе дејствува и како Првосвештеник, кој ќе ги избрише гревовите на луѓето што го сакаат Бог. На тој начин, преку Исус, Бог ќе ги отстрани болестите, староста и смртта. (Прочитај Исаија 25:8; 33:24.)
5. Кој ќе живее во рајот?
Во рајот ќе живеат оние што му се послушни на Бог (1. Јованово 2:17). Исус ги испратил своите следбеници да ги бараат кротките луѓе и да ги поучат како да ја вршат Божјата волја. Денес, Јехова подготвува милиони луѓе за да живеат во рајот на Земјата (Софонија 2:3). Во Салите на Царството, каде што се собираат Јеховините сведоци, многу лица учат да бидат подобри сопрузи и татковци, сопруги и мајки. И децата и родителите учат како да имаат подобар живот благодарение на добрата вест. (Прочитај Михеј 4:1-4.)