Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Лево: состанок на отворено во Лондон (1945); десно: покраински собир одржан во 2012 год. во Малави (Африка)

ПЕТТИ ДЕЛ

Образовна програма на Царството — Царот ги поучува своите поданици

Образовна програма на Царството — Царот ги поучува своите поданици

СО ЗАДОВОЛСТВО се смешкаш додека го гледаш говорникот кој стои на бината. Тоа е еден млад брат од твоето собрание, кој за првпат има говор на покраински собир. Додека со уживање го слушаш, помислуваш колку е скапоцена обуката што ја добиваат Божјите слуги. Се сеќаваш како овој млад брат несигурно ги изнесуваше своите први задачи во салата за состаноци, и просто не можеш да се изначудиш на неговиот напредок! Тој многу научи од Теократската школа за служба и од Школата за пионери, а неодамна беше заедно со жена му и на Школата за полновремени објавители. Додека воодушевено ракоплескаш откако завршува со својот одличен говор, помислуваш колку е убаво што целиот Божји народ има можност да добие извонредно образование.

Библијата прорекла дека ќе дојде ден кога сите Божји слуги „ќе бидат поучени од Јехова“ (Иса. 54:13). Ние живееме во тоа време. Јехова нѐ поучува преку нашите публикации, но и преку нашите состаноци, собири и конгреси, како и преку многуте школи чија цел е да нѐ оспособат да извршуваме различни задачи во Јеховината организација. Во овој дел ќе видиме како сета таа образовна програма јасно покажува дека денес Божјето Царство навистина владее.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 16

Состаноци на кои го славиме Бог

Како може да извлечеме најголема корист од состаноците на кои го славиме Јехова?

ПОГЛАВЈЕ 17

Обука за објавителите на Царството

Како теократските школи ги оспособуваат објавителите на Царството да ја извршуваат својата служба?