Вовед во дел 3
Во годините после Потопот, Библијата спомнува само неколку луѓе што верно му служеле на Јехова. Еден од нив бил Авраам, кој бил наречен Јеховин пријател. Зошто бил наречен така? Ако си родител, помогни му на твоето дете да сфати дека Јехова се грижи за него лично и дека сака да му помогне. Исто како Авраам и како некои други верни луѓе, на пример Лот и Јаков, и ние можеме секогаш да бараме помош од Јехова. Можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе исполни сѐ што ветил.
ВО ОВОЈ ДЕЛ
ПОГЛАВЈЕ 7
Вавилонската кула
Луѓето наумиле да изградат град со кула до небото. Зошто Бог направил тие да зборуваат на различни јазици?
ПОГЛАВЈЕ 8
Авраам и Сара го послушале Бог
Зошто Авраам и Сара се откажале од својот удобен живот во градот Ур и продолжиле да живеат во земјата Ханаан во шатори?
ПОГЛАВЈЕ 9
Најпосле добиле син!
Како Бог го исполнил она што му го ветил на Авраам — преку Исак или преку Исмаел?
ПОГЛАВЈЕ 10
Жената на Лот
Бог пуштил дожд од оган и сулфур врз градовите Содом и Гомор. Зошто овие градови биле уништени? Што учиме од она што ѝ се случило на жената на Лот?
ПОГЛАВЈЕ 11
Испит на верата
Бог му рекол на Авраам да го земе својот единствен син и да го принесе како жртва на еден од ридовите во земјата Морија. Што направил Авраам?
ПОГЛАВЈЕ 12
Јаков добил наследство
Исак и Ревека имале двајца близнаци, Исав и Јаков. Како првороден, Исав требало да добие едно посебно наследство. Зошто го заменил за една чорба?
ПОГЛАВЈЕ 13
Јаков и Исав се помириле
Како Јаков добил благослов од еден ангел? Како успеал да се помири со Исав?