Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

2. дел: Од потопот до ослободувањето од Египет

2. дел: Од потопот до ослободувањето од Египет

Само осум луѓе го преживеале потопот, но со текот на времето, нивниот број пораснал на многу илјади. По потопот минале уште 352 години, и тогаш се родил Авраам. Ќе научиме како Бог го одржал своето ветување со тоа што му дал на Авраам син кому му го дале името Исак. Подоцна, од двата сина на Исак, Бог го избрал Јаков.

Јаков имал големо семејство од 12 синови и неколку ќерки. Десет синови на Јаков го мразеле својот помлад брат Јосиф и го продале за да биде роб во Египет. Подоцна, Јосиф станал важен владетел во Египет. Кога настанал голем глад, Јосиф ги искушал своите браќа за да види дали се промениле во срцето. На крајот, сите членови од семејството на Јаков, кои подоцна биле познати како Израелци, се преселиле во Египет. Ова се случило 290 години откако се родил Авраам.

Следните 215 години, Израелците живееле во Египет. По смртта на Јосиф, тие станале робови во таа земја. По некое време се родил Мојсеј, и Бог го употребил за да ги ослободи Израелците од Египет. Сѐ на сѐ, во ВТОРИОТ дел се опфатени 857 години од историјата.

Семејството на Јаков се сели во Египет

ВО ОВОЈ ДЕЛ