Како да гледам на критиките?
ПОГЛАВЈЕ 21
Како да гледам на критиките?
„Мајка ми беше како некој полицаец — само ми бараше маани. Пред да успеам да ги завршам задолженијата што ги имав низ дома, таа ме проверуваше и ми бараше грешки“ (Кристијан).
„Родителите секогаш ми држеа некакви лекции. Ми велеа дека ништо не правам како што треба. Ми држеа лекции за училиштето, за дома, за собранието — едноставно не ме оставаа на раат“ (Џејмс).
ДАЛИ ти се чини дека, што и да направиш, тоа никогаш не е доволно добро за твоите родители? Имаш ли понекогаш чувство дека секој твој потег се гледа под лупа — дека секогаш те набљудуваат и те оценуваат, но ти никогаш не ја поминуваш нивната контрола?
Која од следниве изјави ја слушаш најчесто?
□ Собата никогаш не ти е суредена.
□ Гледаш премногу ТВ.
□ Никогаш не стануваш навреме.
□ Си легнуваш многу доцна.
На линијата напиши која опомена или критика од родителите ти пречи најмногу.
․․․․․
Да, наредбите и критиките може да ти одат на нерви. Но, размисли вака: Ако никогаш не добиеш совет или укор, зарем нема да се прашуваш дали воопшто им значиш на твоите родители? (Евреите 12:8). Укорот е доказ дека родителите те сакаат. Библијата вели дека таткото ќе го укори „синот, кого го сака“ (Изреки 3:12).
Според тоа, можеш да бидеш благодарен што родителите толку те сакаат што се трудат да те изведат на прав пат! И тоа е нормално, зашто ти си млад и релативно неискусен. Кога-тогаш, ќе треба да бидеш искаран. Без водство, би можеле лесно да те совладаат „желбите на младоста“ (2. Тимотеј 2:22).
Но, боли!
Се разбира, „ниту едно укорување на почетокот не причинува радост, туку жалост“ (Евреите 12:11). Ова е особено случај кога си млад. И не е ни чудно! Ти сѐ уште ја градиш својата личност. Сѐ уште растеш и се осознаваш себеси. Затоа, критиките — дури и кога се кажани промислено и љубезно — може да предизвикаат огорченост кај тебе.
Разбирливо е ако реагираш вака, зашто врз сликата што ја имаш за себе лесно може да влијае она што другите
го кажуваат за тебе. А мислењето на твоите родители има особено силно влијание. Затоа, кога некој од родителите ќе те искара или ќе се пожали за нешто што го правиш, тоа може да те скрши.Дали тогаш треба да заклучиш дека што и да направиш никогаш не е доволно добро или дека ништо не бидува од тебе само затоа што родителите ти укажале на неколку маани што ги имаш? Не. Нема човек што не греши (Проповедник 7:20). Грешките се дел од созревањето (Јов 6:24). Но, што ако ти се чини дека родителите секогаш имаат што да ти кажат кога ќе направиш грешка, а ретко те пофалуваат кога ќе направиш нешто како што треба? Тоа може да боли. Сепак, тоа не значи дека си изгубен случај.
Што стои зад критиките
Можеби понекогаш ти се чини дека мајка ти или татко ти претерано те критикуваат, но не затоа што си направил некоја грешка, туку едноставно затоа што не се расположени. Дали мајка ти имала тежок ден? Дали ја измачува некоја болест? Ако се работи за такво нешто, можеби повеќе ќе те кара што собата не ти е цакум-пакум. Дали татко ти е лут и нервозен поради семејните финансии? Ако е така, можеби ќе каже нешто непромислено, „како да прободува со меч“ (Изреки 12:18). Точно, таквите неправедни критики нѐ нервираат. Но, наместо да мислиш на неправдата — со што само уште повеќе ќе се нервираш — обиди се да преминеш преку пропустите на твоите родители. Не заборавај: „Сите ние честопати грешиме. Ако некој не греши во зборови, тој е совршен човек“ (Јаков 3:2).
Бидејќи се несовршени, и твоите родители може да ги мачат чувства дека не се доволно добри. Всушност, можеби твоите пропусти ги сметаат за свои пропусти. На пример, една мајка можеби ќе ја искара ќерка си кога ќе добие слаба оценка на училиште. Но, можеби мајката, всушност, си мисли: ‚Моја е грешката. Јас не сум доволно добра мајка затоа што не ѝ помагам на ќерка ми да биде подобар ученик‘.
Остани смирен
Која и да е причината за критиките, прашањето е: ‚Како да реагираш на нив?‘ Прво, внимавај да не одвратиш гневно. Во Изреки 17:27 пишува: „Оној што е воздржан во своите зборови, навистина е мудар, и разборитиот човек има мирен дух“. Како да задржиш „мирен дух“ кога некој те критикува? Обиди се да ги примениш следниве предлози:
Слушај. Наместо веднаш да почнеш да се правдаш или да тврдиш дека не си виновен, труди се да си ги контролираш чувствата и слушај што имаат да ти кажат родителите. Ученикот Јаков им рекол на христијаните да бидат ‚брзи на слушање, а бавни на зборување и бавни на гнев‘ (Јаков 1:19). Ако налутено ги прекинеш родителите додека ти зборуваат, тие ќе помислат дека воопшто не ги слушаш. Тоа ќе ги изнервира и сигурно ќе те караат уште повеќе, а не помалку.
Концентрирај се на советот. Понекогаш можеби мислиш дека родителите не ти го дале советот на убав начин. Изреки 13:24).
Но наместо да мислиш на начинот на кој зборувале со тебе, концентрирај се на тоа што ти кажале. Прашај се: ‚Што беше точно во нивното карање? Дали и претходно се жалеле за тоа? Што ќе ме чини ако ги послушам?‘ Не заборавај дека, сеедно како ти изгледа во моментот, твоите родители те караат затоа што те сакаат. Ако навистина те мразат, воопшто нема ни да те караат (Изрази го поинаку. Ако го изразиш поинаку советот што ти го дале родителите и им го повториш со почит, ќе им покажеш дека си чул сѐ што ти кажале. На пример, можеби мајка ти ќе ти рече: „Собата секогаш ти е расфрлана. Ако не ја исчистиш, ќе добиеш казна!“ Добро, можеби тебе собата ти изгледа ОК. Но, ако ѝ го кажеш тоа, нема многу да си помогнеш. Обиди се да гледаш на тоа со нејзини очи. Би било подобро да речеш, но без сарказам, нешто во овој стил: „Во право си, мамо. Собата навистина ми е расфрлана. Сакаш да ја исчистам сега или откако ќе јадеме?“ Кога на ваков начин ќе им покажеш на родителите дека ја сфаќаш нивната загриженост, тие веројатно нема да бидат толку напнати. Се разбира, потоа ќе треба и да го направиш она што родителите го бараат од тебе (Ефешаните 6:1).
Изреки 10:19). Кога родителите ќе видат дека си слушал додека ти зборувале, и тие ќе бидат многу поспремни да те сослушаат тебе.
Почекај. Не се правдај сѐ додека не го направиш она што родителите го побарале од тебе. „Кој си ги зауздува усните, постапува разборито“, вели Библијата (Напиши на кој од овие четири чекори треба да работиш најмногу. ․․․․․
Вреди ли?
Би бил ли спремен да претрпиш некои физички тешкотии за да пронајдеш ковчег со злато? Па, Библијата вели дека мудроста вреди повеќе од кое и да било богатство (Изреки 3:13, 14). Како се станува мудар? Во Изреки 19:20 пишува: „Слушај совет и прифати укор, за после да бидеш мудар“. Вистина, можеби нема баш да ти биде пријатно од советот и укорот. Но, ако во секоја критика што ќе ја добиеш бараш зрнца мудрост, ќе собереш богатство кое вреди повеќе од злато.
Да бидеме реални: Критиките се дел од животот. И онака мораш да ги трпиш од родителите и од наставниците. Во иднина, сигурно ќе наидеш на критика и од работодавците, па и од други. Затоа, научи како да реагираш на критиките што ги добиваш дома, и ќе бидеш добар ученик, ценет работник и посамоуверена личност. Секако дека вреди да се трпат малку критики за да се постигнат такви одлични резултати!
Те задушуваат куќните правила? Научи како да бидеш задоволен со слободата што ја имаш — па дури и како можеш да стекнеш поголема слобода.
КЛУЧЕН СТИХ
„Мудриот ќе слуша и повеќе ќе научи“ (Изреки 1:5)
ПРЕДЛОГ
За да ти биде полесно да примиш укор од родителите:
● Биди благодарен за секоја пофалба што ќе ја добиеш заедно со укорот.
● Замоли ги да ти објаснат ако нешто не ти е јасно во врска со проблемот или со она што го очекуваат од тебе.
СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...?
На некои мајки и татковци им е тешко да бидат нежни со своите деца затоа што и тие самите не добиле доволно љубов и разбирање од своите родители.
ПЛАН!
Следниот пат кога ќе ме искараат родителите, ќе ․․․․․
Ако мислам дека родителите претерано ме критикуваат, ќе ․․․․․
Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․
ШТО МИСЛИШ?
● Зошто може да ти биде тешко да прифатиш критика?
● Што може да ги натера твоите родители да те критикуваат?
● Како можеш да извлечеш најмногу од укорот?
[Истакната мисла на страница 177]
››Цел живот мајка ми ми викаше, а јас ѝ враќав со иста мера. Но, сега се трудам да го применувам она што стои во Божјата реч. И има добри резултати. Мама почна да се менува. Поради тоа што живеам според Библијата, почнав да ја разбирам подобро. Нашиот однос се подобри‹‹ (Марина)
[Слика на страница 180]
Ако во секоја критика што ќе ја добиеш бараш зрнца мудрост, ќе собереш богатство кое вреди повеќе од злато