12. ПРАШАЊЕ
Каква надеж има за мртвите?
„Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат.“
„Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните.“
„И ги видов мртвите, големите и малите, како стојат пред престолот, и свитоци се отворија. А се отвори и еден друг свиток — свитокот на животот. И мртвите беа судени според нивните дела на темел на она што е напишано во свитоците. И морето ги предаде мртвите што беа во него, и смртта и гробот ги предадоа мртвите што беа во нив. И секому му беше судено според неговите дела.“