5. Мојсеева 6:1-25

6  Ова се заповедите, уредбите и законите што ви ги даде Јехова, вашиот Бог, за да ве поучи,+ па да постапувате според нив во земјата во која одите за да ја заземете,  за да се боиш+ од Јехова, својот Бог, во сите денови од својот живот и да ги држиш сите негови одредби и заповеди што ти ги давам, да ги држиш ти и твојот син и твојот внук+ за да ти се продолжат деновите.+  Чуј, Израеле, и совесно постапувај според нив+ за да ти биде добро+ и многу да се намножиш во земјата во која тече мед и млеко, како што ти вети Јехова, Богот на твоите прататковци.+  Чуј, Израеле: Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова!*+  Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце,+ со сета своја душа+ и со сета своја сила.+  И овие зборови што ти ги заповедам денес нека ти се врежат во срцето.+  Всадувај ги во своите деца*+ и зборувај им за нив кога седиш во својата куќа и кога одиш по пат, кога легнуваш+ и кога стануваш.  И врзи си ги на рака како знак+ и нека ти бидат како лента на челото,*+  напиши ги на довратниците од својата куќа и на своите порти.+ 10  А кога Јехова, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите прататковци Авраам, Исак и Јаков дека ќе ти ја даде+ — во која има големи и убави градови, кои не си ги градел,+ 11  куќи полни со секакви добра, кои не си ги полнел, ископани бунари,* кои не си ги копал, лозја и маслинарници, кои не си ги садел — и кога ќе се најадеш до ситост,+ 12  внимавај да не го заборавиш+ Јехова, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството. 13  Бој се од Јехова, својот Бог,+ нему служи му+ и заколнувај се во неговото име.+ 14  Не одете по други богови, по боговите на народите што се околу вас+ 15  зашто Јехова, твојот Бог, кој е среде тебе, е Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему+ — за да не се разгори против тебе гневот на Јехова, твојот Бог,+ и да не те истреби од лицето на земјата.+ 16  Не искушувајте го Јехова, својот Бог,+ како што го искушувавте во Маса.*+ 17  Гледајте да се држите за заповедите на Јехова, својот Бог,+ за неговите опомени+ и за неговите уредби+ што ви ги даде.+ 18  И прави го она што е исправно и добро во очите на Јехова. Тогаш ќе ти биде добро+ и ќе влезеш во добрата земја, која Јехова со заклетва им ја вети на твоите прататковци и ќе ја заземеш.+ 19  Ќе ги истераш од пред себе сите свои непријатели, како што вети Јехова.+ 20  Ако еден ден твојот син те праша:+ ‚Какви се тие опомени, уредби и закони што ви ги дал Јехова, нашиот Бог?‘ 21  — тогаш кажи му на син ти: ‚Му бевме робови на фараонот во Египет, но Јехова нѐ изведе од Египет со силна рака.+ 22  И Јехова пред наши очи направи во Египет големи и страшни знаци и чуда+ врз фараонот и врз целиот негов дом.+ 23  А нас нѐ изведе оттаму за да нѐ доведе овде и да ни ја даде земјата која со заклетва им ја вети на нашите прататковци.+ 24  Затоа Јехова ни заповеда да ги држиме сите овие уредби.+ Јехова, нашиот Бог, ни заповеда се боиме од него за да ни биде добро секогаш+ и да останеме живи, како денес.+ 25  И ќе ни се смета за праведност+ ако совесно постапуваме пред Јехова, својот Бог, според сите овие заповеди, како што ни заповеда тој‘.+

Фусноти

Или: „Јехова е нашиот Бог, Јехова е еден [или: единствен]“.
Буквално: „синови“.
Буквално: „меѓу очите“.
Или: „резервоари“.
„Маса“ значи „искушување; испит“.