5. Мојсеева 32:1-52

32  „Чујте, небеса, што ќе зборувам!Земјата нека ги чуе зборовите на мојата уста!+   Мојата поука ќе капе како дожд,+моите зборови ќе паѓаат како роса,+како ситен дождец по тревата,+како обилен дожд по растенијата.+   Зашто, ќе го објавувам Јеховиното име.+Величајте го нашиот Бог!+   Тој е Карпа, делото му е совршено,+зашто сите негови патишта се правда.+Тој е верен Бог,+ без неправда,+праведен е и вистинољубив.+   Тие се расипаа,+тие не му се деца, вината е нивна.+Поколение расипано и изопачено!+   Зар на Јехова му го правиш тоа,+безумен народе што немаш мудрост?+Не е ли тој Таткото кој те создаде,+те направи и те утврди?+   Сети се на дамнешните денови,+размислувај за годините на минатите поколенија.Прашај го татко ти, и ќе ти каже,+своите старци, и ќе ти раскажат!+   Кога им даде наследство на народите,+кога ги раздели синовите на Адам,+Севишниот им постави граница на народите+според бројот на Израеловите синови.+   Зашто, Јеховиното наследство е неговиот народ.+Јаков е делот што го наследува тој.+ 10  Го најде во пуста земја,+во празна пустина, кај што се слуша завивање.+Го загради,+ се грижеше за него,+го чуваше како зеницата на своето око.+ 11  Како што орелот ги подига орлињата од своето гнездо,надлетува над своите пилиња,+ги шири крилјата, ги земаи ги носи на крилјата,+ 12  така Јехова сам го водеше него,+и туѓ бог немаше со него.+ 13  Го изведе на земските височинки+за да ги јаде полските плодови.+Му даваше да цица мед од карпа,+и масло од кремен карпа,+ 14  кравја маст и овчо млеко+со овнешки лој,овни, од васански сој, и јарци+со најдобрата пченица.+И пиеше вино, крв од грозје.+ 15  Кога се здебели, Есурун*+ почна да клоца.+(Се згои, Есуруне, се здебели, се претвори во сало!) +И го остави Богот кој го создаде,+ја презре Карпата+ на своето спасение. 16  Со туѓи богови+ му предизвикуваа љубомора,+со гадотии го навредуваа.+ 17  Жртви им принесуваа на демоните, а не на Бог,+на богови што не ги познаваа,+на нови богови што се појавија неодамна,+за кои не знаеја вашите прататковци. 18  Ја заборави Карпата што те роди,+го фрли во заборав Бог, кој те роди со родилни болки.+ 19  Кога го виде тоа, Јехова ги презре,+зашто го разлутија неговите синови и неговите ќерки. 20  И рече: ‚Ќе го свртам лицето од нив,+па ќе видам каков ќе им биде крајот.Зашто, тие се поколение изопачено,+синови во кои нема верност.+ 21  Ми предизвикаа љубомора со она што не е бог,+ме разлутија со ништожни идоли.+И јас ќе им предизвикам љубомора со она што не е народ,+со безумен народ ќе ги навредувам.+ 22  Зашто, мојот гнев пламна како оган,+и ќе гори до гробот,* до најдлабокото место,+ќе ги голтне земјата и нејзиниот род,+ќе ги запали темелите на планините.+ 23  Ќе им ги намножам неволјите,+на нив ќе ги потрошам стрелите.+ 24  Ќе бидат исцрпени од глад,+ ќе ги проголта силна треска+и страшна чума.+Против нив ќе испратам ѕверски заби,+со отров на влекачи што лазат по правот.+ 25  Надвор мечот,+а внатре стравот+ќе им ги убива момчињата и девојките,+доенчињата и старците.+ 26  Требаше да речам: „Ќе ги расеам,+ќе го избришам нивниот спомен меѓу смртните луѓе“,+ 27  но се плашев од исмејувањето на непријателот,+за да не го протолкуваат тоа погрешно нивните противници+и да не речат: „Нашата рака е најмоќна,+сето ова не го направи Јехова“.+ 28  Зашто, Израелците се народ без разум,+меѓу нив нема разборитост.+ 29  Барем да се мудри!+ Тогаш добро би размислиле за ова.+Би размислиле каков ќе им биде крајот.+ 30  Како ќе можеше еден да гони илјадаи двајца да потераат десет илјади,+ ако не ги продадеше нивната Карпа,ако не ги предадеше Јехова?+ 31  (Зашто, нивната карпа не е како нашата Карпа,+дури и нашите непријатели го признаваат тоа.) + 32  Зашто, нивната лоза е од содомската лозаи од гоморските ниви.*+ Нивното грозје е отровно грозје,нивните гроздови се горчливи.+ 33  Нивното вино е отров на голема змија,страшен отров на кобра.+ 34  Зар не е сето тоа складирано кај мене,запечатено во моите ризници?+ 35  Мои се одмаздата и казната.+Ќе дојде време да им се затетерави ногата,+зашто близу е денот на нивната пропаст,+и брзо се приближува она што се подготвува‘.+ 36  Зашто, Јехова ќе му суди на својот народ+и ќе се сожали на своите слуги+кога ќе види дека ја снема нивната силаи дека останаа само беспомошните и безвредните. 37  И ќе рече: ‚Каде се нивните богови,+карпата во која бараа заштита,+ 38  оние што ја јадеа маста од нивните жртви+и го пиеја виното од нивните налевници?+Нека станат и нека ви помогнат!+Нека ви бидат засолниште!+ 39  Сега гледате дека јас сум Бог+и нема други богови освен мене.+Јас усмртувам и оживувам.+Јас задавам тешка рана+ и јас ќе ја излекувам,+и никој не може да се истргне од мојата рака.+ 40  Зашто, ја подигам раката кон небото и во заклетва+велам: „Како што сум жив јас довека“,+ 41  кога ќе го наострам својот блескав меч+и кога ќе го земам в рака судот,+ќе им се одмаздам на своите противници+и ќе им наплатам на оние што многу ме мразат.+ 42  Своите стрели ќе ги опијам со крв,+со крвта на погубените и на заробените.Мојот меч ќе јаде месо,+главите на непријателските водачи‘.+ 43  Веселете се, народи, со неговиот народ,*+зашто ќе ја одмазди крвта на своите слуги,+ќе изврши одмазда над своите противници+и очистување за земјата на својот народ“. 44  Така, Мојсеј дојде со Осиј,* синот на Навин,+ и ги изрече сите зборови на оваа песна, за народот да го чуе.+ 45  Откако му ги кажа сите овие зборови на Израел, Мојсеј 46  им рече на сите: „Всадете ги во срцето сите зборови со кои ве опоменувам денес+ за да им заповедате на своите синови да внимаваат и да ги извршуваат сите зборови на овој закон.+ 47  Зашто, за вас ова не се празни зборови,+ туку за вас значат живот,+ и држејќи ги овие зборови ќе ги продолжите своите денови во земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете“.+ 48  На истиот тој ден Јехова му рече на Мојсеј: 49  „Качи се на оваа аваримска планина,+ на планината Нево,+ која е во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја ханаанската земја, која им ја давам на Израеловите синови во сопственост.+ 50  Ти ќе умреш на планината на која ќе се качиш и ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што умре и брат ти Арон на планината Хор+ и им се придружи на своите прататковци. 51  Затоа што ме изневеривте+ меѓу синовите на Израел кај водите на Мерива+ во Кадис, во пустината Зин, и затоа што не ме посветивте меѓу Израеловите синови.+ 52  Затоа ќе ја видиш земјата оддалеку, но нема да влезеш во земјата што им ја давам на Израеловите синови“.+

Фусноти

„Есурун“, што значи „воздигнат; непорочен“, е почесно име за Израел.
Буквално: „шеолот“.
Или: „тераси; терасовидни ниви“.
Или: „Веселете се, небеса, заедно со него, и сите ангели Божји нека го обожаваат. Веселете се, народи, со народот негов, и сите синови Божји нека се зајакнат во него“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Ев 1:6.
Првобитното име на Исус Навин.