4. Мојсеева 31:1-54

31  Потоа Јехова му рече на Мојсеј:  „Одмазди+ им се на Мадијамците+ за синовите на Израел, а потоа ќе им се придружиш на своите прататковци“.+  Тогаш Мојсеј му рече на народот: „Опремете ги луѓето меѓу вас за војска, за да ги нападнат Мадијамците и да ја извршат Јеховината одмазда над Мадијам.+  Испратете во војска по илјада луѓе од секое племе, од сите племиња на Израел“.  И така од илјадниците+ на Израел беа одредени по илјада од секое племе, вкупно дванаесет илјади опремени за бој.+  И Мојсеј ги испрати во војна, по илјада од секое племе, а со војската го испрати и Финес,+ синот на свештеникот Елеазар. Тој ги носеше светиот прибор и трубите+ за трубен повик.  И завојуваа со Мадијам, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј, па го убија секое машко.+  Меѓу оние што ги убија беа и мадијамските цареви Евиј, Рекем, Сур, Ор и Рева, пет мадијамски цареви,+ а Валаам,+ синот на Веор, го погубија со меч.  Синовите на Израел ги заробија Мадијамките и нивните деца+ и ги запленија сите нивни животни, сета нивна стока и сѐ што имаа. 10  И сите нивни градови во кои живееја и сите нивни населби ги изгореа со оган.+ 11  Го собраа сиот плен+ и сѐ што опљачкаа, и луѓето и животните. 12  А заробениците, со сѐ што опљачкаа и запленија, ги донесоа кај Мојсеј, кај свештеникот Елеазар и кај заедницата од синови на Израел во логорот во пустелијата, во моавските рамници,+ покрај Јордан, спроти Ерихон. 13  А Мојсеј, свештеникот Елеазар и сите поглавари на заедницата им излегоа во пресрет надвор од логорот. 14  И Мојсеј се разлути на воените заповедници,+ на илјаданачалниците и на стотниците што се враќаа од воениот поход, 15  па им рече: „Зарем ги оставивте живи сите жени?+ 16  А ете, токму тие, според зборот на Валаам, ги наведоа синовите на Израел да му бидат неверни+ на Јехова кај Фегор,+ па дојде помор врз заедницата на Јеховиниот народ.+ 17  Затоа сега убијте ги сите машки деца и сите жени што легнале со маж.+ 18  Сите девојки кои не легнале со машко оставете ги живи за себе.+ 19  А вие останете надвор од логорот седум дена. Сите вие што сте убиле некого*+ и сте се допреле до убиен,+ очистете се+ на третиот и на седмиот ден, и вие и вашите заробеници. 20  Очистете ја од грев сета облека, сите предмети од кожа, сѐ што е направено од козји влакна и сите дрвени предмети“.+ 21  Тогаш свештеникот Елеазар им рече на војниците што беа во битката: „Ова е законската одредба што му ја даде Јехова на Мојсеј: 22  ‚Само златото, среброто, бакарот, железото, калајот и оловото — 23  сѐ што поднесува оган+ — нека помине низ оган, и ќе биде чисто. Но сепак да се очисти и со водата на очистувањето.+ А сѐ што не поднесува оган нека помине низ вода.+ 24  На седмиот ден исперете ја облеката и ќе бидете чисти. Потоа можете да влезете во логорот‘ “.+ 25  И Јехова вака му рече на Мојсеј: 26  „Пребројте го пленот, заробените луѓе и животни, ти и свештеникот Елеазар и родовските поглавари во заедницата. 27  Раздели го пленот на два дела — на оние што учествувале во битката и оделе во походот и на сета останата заедница.+ 28  Од борците што отидоа во походот земи како дел+ за Јехова по една душа од петстотини — од луѓето, од крупната стока, од магарињата и од ситната стока. 29  Земете го тоа од нивната половина и дајте му го на свештеникот Елеазар како прилог за Јехова.+ 30  А од половината што ќе им припадне на синовите на Израел земи по една душа од педесет — од луѓето, од крупната стока, од магарињата и од ситната стока, од секој вид животни — па дај им ги на левитите+ што се задолжени да се грижат за Јеховиниот шатор“.+ 31  Мојсеј и свештеникот Елеазар направија како што му заповеда Јехова на Мојсеј. 32  А пленот што остана од она што го заплени војската беше: шестотини седумдесет и пет илјади грла ситна стока, 33  седумдесет и две илјади грла крупна стока 34  и шеесет и една илјада магариња. 35  А човечките души+ — жените кои уште не легнале со маж+ — беа вкупно триесет и две илјади. 36  Половината што им припаѓаше на оние што отидоа во походот изнесуваше триста триесет и седум илјади и петстотини грла ситна стока. 37  Делот+ за Јехова од ситната стока изнесуваше шестотини седумдесет и пет грла. 38  Крупна стока имаше триесет и шест илјади грла, а делот за Јехова изнесуваше седумдесет и две грла. 39  Имаше триесет илјади и петстотини магариња, а делот за Јехова изнесуваше шеесет и едно грло. 40  Имаше шеснаесет илјади човечки души, а делот за Јехова изнесуваше триесет и две души. 41  И Мојсеј му го предаде на свештеникот Елеазар делот одреден за прилог за Јехова,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ 42  А половината што им припадна на синовите на Израел, која Мојсеј ја одвои од онаа што им припадна на луѓето коишто војуваа, 43  значи, половината што ѝ припадна на заедницата изнесуваше триста триесет и седум илјади и петстотини грла ситна стока, 44  триесет и шест илјади грла крупна стока, 45  триесет илјади и петстотини магариња 46  и шеснаесет илјади човечки души. 47  Од таа половина што им припадна на синовите на Израел, Мојсеј зеде по една душа од педесет, и од луѓето и од животните, и им ги даде на левитите,+ кои беа задолжени да се грижат+ за Јеховиниот шатор, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 48  Потоа на Мојсеј му пристапија заповедниците на чети+ — илјаданачалниците и стотниците+ 49  па му рекоа: „Твоите слуги ги преброија борците што се под наше заповедништво и ниту еден од нашите луѓе не недостига.+ 50  Да му го принесеме сега како дар на Јехова тоа што секој го запленил:+ предмети од злато, синџирчиња што се носат околу глужд, гривни, печатни прстени,+ обетки и друг женски накит,+ за да се изврши пред Јехова обредот на очистување за нашите души“. 51  Така Мојсеј и свештеникот Елеазар го примија од нив златото,+ сиот тој накит. 52  Сето злато што го дадоа илјаданачалниците и стотниците како прилог за Јехова изнесуваше шеснаесет илјади седумстотини и педесет сикли. 53  Војниците го задржаа секој својот плен.+ 54  Така Мојсеј и свештеникот Елеазар примија злато од илјаданачалниците и од стотниците, па го донесоа во шаторот на средбата за да им биде спомен+ на Израеловите синови пред Јехова.

Фусноти

Буквално: „душа“.