3. Мојсеева 20:1-27
20 Јехова понатаму му рече на Мојсеј:
2 „Вака речи им на синовите на Израел: ‚Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој ќе му го даде своето дете на Молох,+ да биде погубен. Народот* да го каменува до смрт.
3 А јас ќе се свртам против тој човек, ќе го погубам и така ќе го отстранам од неговиот народ+ зашто му го дал своето дете на Молох за да го извалка моето свето место+ и да го оскверни моето свето име.+
4 И ако народот* намерно ги затвори очите пред тој човек кога тој му го дава своето дете на Молох и не го погуби,+
5 тогаш јас ќе се свртам против тој човек и против неговиот род,+ па ќе го погубам, и така ќе ги отстранам од неговиот народ и него и сите оние што заедно со него го почитуваат+ Молох.*
6 Ако некоја душа им се обрати на оние што повикуваат духови+ или на претскажувачи на настани,+ постапувајќи со тоа неверно кон мене,* ќе се свртам против таа душа и ќе ја погубам, и така ќе ја отстранам од нејзиниот народ.+
7 Посветете се и бидете свети,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог.
8 Држете ги моите одредби и вршете ги.+ Јас сум Јехова, јас ве посветувам.+
9 Ако некој човек ги проколне татка си или мајка си,+ да биде погубен.+ Ги проколнал својот татко и својата мајка. Неговата крв нека падне на него.+
10 Човекот што ќе направи прељуба со жената на друг човек, направил прељуба со жената на својот ближен.+ Таквиот да биде погубен — и прељубникот и прељубницата.+
11 Човекот што ќе легне со жената на својот татко ја открил голотијата на татка си.+ Обајцата да бидат погубени. Нивната крв нека падне на нив.
12 Ако човек легне со својата снаа, обајцата да бидат погубени.+ Направиле нешто противприродно. Нивната крв нека падне на нив.+
13 Ако маж легне со маж како што се легнува со жена, обајцата извршиле одвратен чин.+ Да бидат погубени. Нивната крв нека падне на нив.
14 Ако човек си земе жена, а со неа и нејзината мајка, тоа е бесрамно дело.+ Да бидат погубени и изгорени во оган,+ и тој и тие, за да не се прават бесрамни дела+ меѓу вас.
15 Човекот кој ќе има полови односи со животно*+ да биде погубен, а убијте го и животното.
16 Ако некоја жена му пријде на некое животно за да има полов однос со него,+ убијте ги и жената и животното. Да бидат убиени. Нивната крв нека падне на нив.
17 Ако човек ја земе својата сестра, ќерката на својот татко или ќерката на својата мајка, па ја види нејзината голотија и таа ја види неговата голотија, тоа е срамота.+ Да бидат погубени пред очите на синовите на својот народ. Ја открил голотијата на сестра си. Нека одговара за својот престап.
18 Ако човек легне со жената додека таа го има својот месечен ред, па ја открие нејзината голотија, го открил нејзиниот извор и таа самата го открила изворот на својата крв.+ Обајцата да бидат погубени, и така да бидат отстранети од својот народ.
19 Не откривај ја голотијата на сестрата на мајка ти,+ ниту на сестрата на татко ти,+ зашто би ја открил голотијата на своите крвни роднини.+ Нека одговараат за својот престап.
20 Човекот што ќе легне со својата стрина ја открива голотијата на својот стрико.+ Нека одговараат за својот грев. Ќе умрат без деца.+
21 Ако човек ја земе жената на својот брат, тоа е нешто гнасно.+ Ја открил голотијата на брата си. Ќе останат без деца.
22 Држете ги сите мои одредби+ и сите мои закони+ и вршете ги, за да не ве изблуе земјата во која ве водам за да живеете во неа.+
23 Немојте да живеете* според обичаите на народите што ги гонам од пред вас,+ зашто тие го правеа сето тоа и затоа ми се одвратни.+
24 Затоа ви реков:+ „Вие ќе ја заземете нивната земја — земја во која тече мед и млеко — и јас ќе ви ја дадам да ја заземете.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве одвои од тие народи“.+
25 Правете разлика помеѓу чисто и нечисто животно, и помеѓу нечиста и чиста птица.+ Не валкајте си ја душата+ со какво и да е животно или птица или со што и да е друго што се движи по земјата, кое ви го одвоив прогласувајќи го за нечисто.
26 Бидете свети за мене,+ зашто јас, Јехова, сум свет.+ И јас ве одвојувам од другите народи за да бидете мои.+
27 А мажот или жената кои ќе повикуваат духови или ќе гатаат,+ да бидат погубени.+ Да бидат каменувани до смрт. Нивната крв нека падне на нив‘ “.+
Фусноти
^ Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
^ Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
^ Буквално: „блудствуваат со Молох“. Види го додатокот 6.
^ „Постапувајќи со тоа неверно кон мене“, или буквално: „за да блудствува со нив“.
^ Буквално: „кој ќе даде од своето семе на животно“.
^ Буквално: „одите“.