3. Мојсеева 1:1-17

1  И го викна* Јехова Мојсеј и му рече од шаторот на средбата:+  „Кажи им на синовите на Израел+ и речи им: ‚Кога некој од вас сака да му принесе на Јехова жртва од стоката, нека принесе жртва од крупната или од ситната стока.  Ако неговиот принос за жртва паленица+ е од крупната стока, нека принесе машко без недостаток.+ На драго срце нека го доведе пред Јехова на влезот од шаторот на средбата.+  И нека ја положи раката врз главата на жртвата паленица, и таа ќе му биде милостиво прифатена+ за негово очистување.+  Тогаш јунецот нека биде заклан пред Јехова. А синовите на Арон, свештениците,+ нека ја принесат крвта и со крвта нека го попрскаат од сите страни жртвеникот+ што се наоѓа на влезот во шаторот на средбата.  А жртвата паленица нека ја одерат и нека ја исечат на парчиња.+  Синовите на Арон, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот+ и во огнот нека стават дрва.+  Потоа синовите на Арон, свештениците, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот нека ги наредат парчињата+ заедно со главата и лојот.  А цревата+ и потколениците да се измијат со вода, и свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот како жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ 10  Ако принесува жртва паленица од ситната стока,+ од овците или од козите, нека принесе машко+ без недостаток.+ 11  Жртвата да се заколе пред Јехова на северната страна од жртвеникот, а синовите на Арон, свештениците, со нејзината крв да го попрскаат жртвеникот од сите страни.+ 12  Потоа да ја исечат на парчиња, а свештеникот нека ги нареди, заедно со главата и лојот, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.+ 13  Цревата+ и потколениците+ да се измијат со вода, и свештеникот нека го принесе сето тоа и нека го изгори+ на жртвеникот. Тоа е жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ 14  Ако му принесува на Јехова птици како жртва паленица, тогаш како жртва нека принесува грлици+ или млади гулаби.+ 15  Свештеникот нека ја принесе жртвата кај жртвеникот, нека ѝ го засече+ вратот и нека ја изгори на жртвеникот, но нејзината крв нека ја исцеди по жртвеникот од страната. 16  Гушата со пердувите нека ѝ ја отстрани и нека ја фрли до жртвеникот, кон исток, на местото за мрсната пепел.*+ 17  Нека ја распори кај крилјата, но да не ја сече на парчиња.+ Потоа свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот. Тоа е жртва паленица,+ жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+

Фусноти

„И го викна“ — хебрејски: Ваикра. Третата Мојсеева книга на хебрејски го добила името според овој уводен израз. Во Септуагинтата и Вулгатата се вика „Левит“.
Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.