2. Мојсеева 21:1-36
21 А ова се законите што треба да им ги изложиш:+
2 Ако купиш за роб некој Евреин,+ нека биде роб шест години, а во седмата година нека замине слободен, без откупнина.+
3 Ако дојде сам, сам и нека си оди. Ако има жена,* и неговата жена нека оди со него.
4 Ако неговиот господар му даде жена и таа му роди синови и ќерки, жената и нејзините деца нека му припаднат на нејзиниот господар,+ а тој нека си оди сам.+
5 Но, ако робот цврсто реши и рече: ‚Ги сакам својот господар, својата жена и своите синови, не сакам да си одам и да бидам слободен‘,+
6 тогаш неговиот господар нека го доведе пред вистинскиот Бог и нека го доведе кај вратата или кај довратникот. Таму господарот нека му го продупчи увото со шило, па нека му биде роб за навек.+
7 Кога некој ќе ја продаде својата ќерка за да биде робинка,+ таа нека не биде ослободена како што се ослободуваат машките робови.
8 Ако не му се допаѓа на господарот, и тој не си ја одреди за наложница,*+ туку ја изневери и дозволи да биде откупена, нема право да ја продаде на туѓ народ.
9 А ако ја одреди за својот син, нека постапува со неа според правото што им припаѓа на ќерките.+
10 Ако си земе друга жена, не смее да ја лишува од храна, облека+ и од брачната должност.+
11 Ако не ѝ ги прави овие три работи, таа може слободно да си оди без да плати откупнина.
12 Кој ќе удри човек, па тој умре, да биде погубен.+
13 Но ако не го демнел, туку вистинскиот Бог допуштил тоа да се случи со неговата рака,+ ќе ти одредам место каде што може да побегне.+
14 А ако некој се налути на својот ближен, па го убие подмолно,+ одведи го дури и откај мојот жртвеник за да биде погубен.+
15 Кој ќе го удри татка си или мајка си, да биде погубен.+
16 Кој ќе грабне човек,+ па го продаде,+ или ако биде најден во негови раце, да биде погубен.+
17 Кој ќе го проколне татка си или мајка си, да биде погубен.+
18 Ако се скараат луѓе, па едниот од нив го удри својот ближен со камен или со мотика, а овој не умре, туку падне в постела,
19 но потоа стане и може да излегува надвор потпирајќи се на нешто, тогаш оној што го удрил нема да биде казнет. Само нека му плати надоместок за сето време во кое не можел да работи додека потполно не оздравел.
20 Ако некој го удри+ со стап својот роб или својата робинка, па робот умре под неговата рака, мора да биде одмазден.+
21 Но ако живее уште ден-два, не мора да биде одмазден, зашто станува збор за негови пари.
22 Ако се степаат мажи и повредат бремена жена, па од неа излезе детето,+ но не дојде до смрт, тогаш виновникот мора да плати отштета колку што ќе му одреди нејзиниот маж.* Нека плати преку судии.+
23 Но, ако дојде до смрт, тогаш ќе земеш живот за живот,*+
24 око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога,+
25 изгореница за изгореница, рана за рана, удар за удар.+
26 Ако некој го удри по око својот роб, или својата робинка, и му го оштети окото, нека го пушти на слобода поради окото.+
27 Ако му избие заб на својот роб, или на својата робинка, нека го пушти на слобода поради забот.
28 Ако бик убоде маж или жена и ги усмрти, бикот да се каменува,+ а неговото месо да не се јаде. Сопственикот на бикот нема да биде казнет.
29 Но ако се знаело и порано дека бикот боде, и сопственикот бил опоменат, но сепак не го чувал, па бикот усмртил маж или жена, бикот да биде каменуван, а и неговиот сопственик да биде погубен.
30 Ако му се одреди откупнина, нека плати откуп за својата душа колку што ќе му се одреди.+
31 Ако бик убоде син или ќерка, со него нека се постапи според овој закон.+
32 Ако бикот убол роб или робинка, сопственикот нека му даде на нивниот господар износ од триесет сикли,+ а бикот да биде каменуван.
33 Кога некој ќе открие јама или ќе ископа јама, ако не ја покрие и ако во неа падне бик или магаре,+
34 сопственикот на јамата треба да ја надомести штетата.+ Парите нека му ги исплати на сопственикот на животното, а пцовисаното животно нека му припадне нему.
35 Ако нечиј бик повреди туѓ бик, па бикот пцовиса, тогаш нека го продадат живиот бик и добиените пари нека ги поделат, а и пцовисаното животно нека го поделат.+
36 Но, ако се знаело и порано дека бикот боде, а неговиот сопственик не го чувал,+ тогаш сопственикот нека надомести+ бик за бик, а пцовисаното животно ќе му припадне нему.
Фусноти
^ Буквално: „Ако е сопственик (господар) на жена“.
^ Буквално: „сопственик (господар) “.
^ Буквално: „душа за душа“.