1. Царевите 3:1-28

3  Соломон со женидба се поврза+ со фараонот, египетскиот цар, кога се ожени со фараоновата ќерка.+ Ја доведе во Давидовиот град+ за да живее таму додека не заврши со изградбата на својот дворец,+ на Јеховиниот дом+ и на ѕидот околу Ерусалим.+  Народот, пак, принесуваше жртви на височинките,+ зашто дотогаш уште не му беше изграден дом на името на Јехова.+  А Соломон го сакаше+ Јехова и живееше* според одредбите на својот татко Давид.+ Само што на височинките+ принесуваше жртви и ги гореше приносите.  Така царот отиде во Гаваон+ за да принесува жртви таму, зашто тоа беше најважната височинка.+ Соломон принесе илјада палени жртви на тамошниот жртвеник.+  Во Гаваон Јехова му се појави+ на Соломон ноќе во сон.+ И Бог му рече: „Барај што сакаш да ти дадам!“+  А Соломон одговори: „Голема е твојата милост*+ што му ја покажа на својот слуга Давид, мојот татко, зашто ти служеше* верно* и праведно+ и имаше чесно срце пред тебе. Ти му покажуваше голема милост и му даде син да седи на неговиот престол, како што се гледа денес.+  И сега, Јехова, Боже мој, ти го направи својот слуга цар наместо Давид, мојот татко, а јас сум уште дете+ и уште немам искуство.+  Твојот слуга е среде твојот народ што си го избрал,+ народ толку броен што не може да се изброи, ниту може бројот да му се одреди.+  Затоа, дај му на својот слуга послушно срце за да може да му суди+ на твојот народ и да разликува добро од зло,+ зашто кој може да му суди+ на овој твој народ, кој е толку тврдоглав?“+ 10  А на Јехова му беше мило што Соломон го побара тоа.+ 11  И Бог му одговори: „Затоа што го побара тоа, а не побара долг живот, ниту побара богатство,+ ниту ги побара душите на своите непријатели, туку побара разумност* за да можеш да судиш исправно,+ 12  еве, ќе постапам според твоите зборови:+ ќе ти дадам мудро и разумно* срце,+ така што ниту пред тебе имало ниту по тебе ќе има таков човек.+ 13  А ќе ти го дадам и она што не го побара,+ и богатство+ и слава, така што, додека си жив, меѓу царевите ќе нема таков каков што си ти.+ 14  Ако одиш по моите патишта и ако се држиш за моите уредби+ и за моите заповеди, како што одеше и твојот татко Давид,+ ќе ти ги продолжам деновите“.+ 15  Тогаш Соломон се разбуди,+ и ете, тоа беше сон. Потоа отиде во Ерусалим, застана пред ковчегот+ на Јеховиниот сојуз и принесе жртви паленици и жртви на заедништвото,+ и приреди гозба+ за сите свои слуги.+ 16  А во тоа време две жени, блудници,+ дојдоа кај царот и застанаа пред него.+ 17  И едната жена рече: „Прости ми, господару,+ јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата. 18  А на третиот ден откако се породив, роди и оваа жена. Бевме заедно и немаше никој друг со нас во куќата, само ние двете бевме во куќата. 19  Потоа, една ноќ, синот на оваа жена умре, зашто таа легнала врз него. 20  И таа станала среде ноќ и, додека твојата робинка спиеше, го зела мојот син што беше покрај мене и си го ставила во своја прегратка, а својот мртов син ми го ставила мене во прегратка. 21  И кога станав изутрината да го надојам+ својот син, гледај, тој беше мртов! А кога се раздени, го погледнав подобро и видов дека тоа не е мојот син кого го родив“. 22  Но другата жена рече: „Не е така, туку мојот син е овој живиов, а твој е оној мртвион!“ Но првата жена велеше: „Не е така, туку твојот син е оној што е мртов, а мој е овој што е жив!“ И така се препираа пред царот.+ 23  На крајот царот рече: „Оваа вели: ‚Мојот син е овој живиов, а твој е оној мртвион!‘ — а онаа вели: ‚Не е така, туку твојот син е оној што е мртов, а мојот син е овој што е жив!‘ “ 24  Царот потоа нареди:+ „Донесете ми меч!“ И донесоа меч пред царот. 25  А царот рече: „Пресечете го живото дете на два дела, па едната половина дајте ѝ ја на едната, а другата половина на другата жена!“ 26  Тогаш жената чиј син беше живиот му рече на царот, зашто утробата+ ѝ затрепери заради нејзиниот син:+ „Прости ми,+ господару! Нека ѝ го дадат нејзе живото дете! Само немојте да го убиете!“ А другата жена велеше: „Нека не биде ни мое ни твое! Пресечете го!“+ 27  Тогаш царот рече: „Дајте ѝ го живото дете на првата, не убивајте го! Таа му е мајка“. 28  И сиот Израел чу каква пресуда+ изрече царот и почнаа да се плашат од царот,+ зашто видоа дека во него има Божја мудрост+ за праведно да суди.

Фусноти

Буквално: „одеше“.
Или: „според вистината; вистинито“.
Буквално: „одеше пред тебе“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за Из 3:5.