1. Царевите 17:1-24
17 Илија+ Тесвитецот, еден од жителите на Галад,+ му рече на Ахав: „Како што е жив Јехова,+ Богот на Израел, пред кого стојам,+ во овие години ќе нема ниту роса ниту дожд,+ освен по моја наредба“.+
2 Потоа му дојде Јеховината реч:+
3 „Замини оттука и тргни кон исток, па скриј+ се кај потокот* Херит, кој се наоѓа источно од Јордан.
4 Од тој поток ќе пиеш,+ а на гавраните+ ќе им заповедам да ти носат храна таму“.+
5 Тој отиде и постапи според Јеховината реч.+ Отиде и се насели кај потокот Херит, кој е источно од Јордан.
6 Гавраните му донесуваа леб и месо наутро и, исто така, му донесуваа леб и месо навечер, а вода пиеше од потокот.+
7 Но по некое време, потокот пресуши,+ зашто немаше дожд во земјата.
8 Тогаш му дојде Јеховината реч:+
9 „Стани и појди во Сарепта,+ која му припаѓа на Сидон, па остани таму. Еве, ѝ заповедав на една тамошна вдовица да те храни“.
10 Тој стана и отиде во Сарепта. Кога дојде на градската порта, таму здогледа една жена, вдовица, која собираше дрва. Ѝ се обрати и ѝ рече: „Те молам, донеси ми малку вода во садот да пијам!“+
11 Кога тргна да го донесе, тој викна по неа и ѝ рече: „Те молам, донеси ми и малку леб!“+
12 А таа му одговори: „Како што е жив Јехова,+ твојот Бог, немам леб,+ туку само грст+ брашно во ќупот и малку масло во грнето.+ И еве, собирам малку дрва, па ќе отидам и ќе зготвам нешто за себе и за син ми за да го изедеме тоа, па да умреме“.+
13 Тогаш Илија ѝ рече: „Не плаши се.+ Влези и направи го она што го рече. Само најнапред направи од тоа мала погачка за мене+ и донеси ми ја, а потоа можеш да зготвиш нешто за себе и за син ти.
14 Зашто, вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Брашното во ќупот нема да се потроши и маслото во грнето не ќе го снема сѐ до денот кога Јехова ќе пушти дожд на земјата‘ “.+
15 Таа отиде и направи така како што ѝ рече Илија, и многу денови имаа што да јадат таа, тој и нејзиниот дом.+
16 Брашното во ќупот не се потроши и маслото во грнето не го снема,+ според речта што ја кажа Јехова преку Илија.
17 А потоа се разболе синот на таа жена, кај која живееше, и неговата болест стануваше сѐ потешка, така што на крајот издивна.+
18 Тогаш жената му рече на Илија: „Зошто ми го направи тоа,+ Божји човеку? Дојде кај мене за да ме потсетиш на мојот грев+ и да ми го усмртиш синот“.
19 Но тој ѝ одговори: „Дај ми го син ти!“ Па го зеде од нејзината прегратка и го однесе во горната соба,+ каде што живееше, и го положи на својата постела.+
20 Тогаш почна да го повикува Јехова: „Јехова, Боже мој,+ зар навистина ќе ѝ нанесеш зло и на оваа вдовица, кај која живеам, и ќе ѝ го усмртиш синот?“
21 И откако се спружи трипати над момчето,+ извика кон Јехова: „Јехова, Боже мој, те молам нека се врати животот* во ова дете!“+
22 И Јехова го услиши гласот на Илија,+ па животот на момчето се врати во него, и тоа оживеа.+
23 Тогаш Илија го зеде момчето, го донесе од горната соба во куќата и ѝ го даде на мајка му, велејќи: „Еве, син ти е жив!“+
24 А жената му одговори на Илија: „Сега знам навистина дека си Божји човек+ и дека е вистинита Јеховината реч во твојата уста“.+