1. Тимотеј 3:1-16
3 Оваа изјава е веродостојна.+
Ако некој сака да служи како надгледник,+ тој сака служба вредна за пофалба.
2 Затоа надгледникот треба да биде беспрекорен,+ да има само една жена, да биде умерен во сѐ,+ разборит,+ да живее уредно,+ да биде гостољубив,*+ способен да поучува други,+
3 не пијаница,+ ни кавгаџија,*+ туку разумен,*+ не воинствен,+ ни алчен за пари.+
4 Треба добро да управува со својот дом,+ а децата треба да му бидат послушни и да покажуваат потполна почит.*+
5 Зашто, ако некој не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјето собрание?*
6 Не смее да биде новообратен,+ за да не се возгордее+ и да падне под истата осуда како Ѓаволот.+
7 А треба да биде и на добар глас кај луѓето надвор од собранието,+ за да не падне во срам и во замката+ на Ѓаволот.
8 Слугите помошници,+ исто така, треба да бидат достојни за почит,* не дволични, да не пијат многу вино, да не бидат алчни за нечесна добивка,+
9 да се држат за светата тајна+ на верата и да имаат чиста совест.+
10 И најпрво треба да бидат испитани,+ и ако нема за што да им се приговори,+ нека ја извршуваат службата.
11 Жените исто така треба да бидат достојни за почит,* не клеветнички,+ туку умерени+ и верни во сѐ.+
12 Слугите помошници нека имаат само една жена,+ добро нека управуваат со децата и со својот дом.+
13 Зашто, оние што добро ја извршуваат службата, стекнуваат добро име+ и можат со голема слобода да им зборуваат+ на другите за верата во Христос Исус.
14 Иако се надевам дека наскоро ќе дојдам кај тебе,+ ти го пишувам ова
15 за да знаеш, ако се задржам, како треба да се однесуваш во Божјиот дом,+ кој е собрание на живиот Бог, столб и потпора+ на вистината.
16 И, без сомнение, голема е светата тајна+ на оддаденоста на Бог: ‚Тој се појави во тело,+ беше прогласен за праведен во духот,+ им се покажа на ангелите,+ за него се проповедаше меѓу народите,+ во светот поверуваа во него,+ беше вознесен на небото во слава‘.+
Фусноти
^ Или: „да им излегува во пресрет на странците“. Буквално: „кој ги сака странците“.
^ Или: „спремен да попушти“.
^ Или: „оној што задава удари“. Буквално: „удирач“.
^ Или: „послушни со сета сериозност“.
^ Или: „сериозни“.
^ Или: „сериозни“.