1. Мојсеева 11:1-32

11  Целата земја имаше само еден јазик и исти зборови.  Додека луѓето се движеа накај исток, открија една рамница во земјата Сенар,+ и тука се населија.  Па си рекоа еден на друг: „Ајде да правиме тули и да ги печеме во оган!“ Така, наместо камен, користеа тули, а наместо малтер, земјена смола.*+  Потоа рекоа: „Да си изградиме град и кула со врв до небото+ за да си стекнеме славно име+ и да не се расееме по целата земја!“+  Јехова слезе да ги види градот и кулата што ги ѕидаа синовите човечки.+  Потоа Јехова рече: „Види, сите се еден народ и зборуваат на еден јазик,+ и еве што почнаа да прават. Сега, што и да наумат да направат, ништо нема да им биде неостварливо.+  Ајде да слеземе+ и да им го побркаме+ јазикот за да не се разбираат еден со друг!“+  Така Јехова ги распрсна одонде по целата земја,+ па на крајот престанаа да го ѕидаат градот.+  Затоа тој град беше наречен Вавел,*+ зашто таму Јехова го беше побркал јазикот на целата земја,* и Јехова ги распрсна+ одонде по целата земја. 10  Ова се настани од животот* на Сем:+ Сем имаше сто години кога, две години по потопот, му се роди Арфаксад.+ 11  Откако му се роди Арфаксад, Сем поживеа уште петстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.+ 12  А Арфаксад* имаше триесет и пет години кога му се роди Сала.+ 13  Откако му се роди Сала, Арфаксад поживеа уште четиристотини и три години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 14  А Сала имаше триесет години кога му се роди Евер.+ 15  Откако му се роди Евер, Сала поживеа уште четиристотини и три години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 16  А Евер имаше триесет и четири години кога му се роди Фалек.+ 17  Откако му се роди Фалек, Евер поживеа уште четиристотини и триесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 18  А Фалек имаше триесет години кога му се роди Рагав.+ 19  Откако му се роди Рагав, Фалек поживеа уште двесте и девет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 20  А Рагав имаше триесет и две години кога му се роди Серух.+ 21  Откако му се роди Серух, Рагав поживеа уште двесте и седум години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 22  А Серух имаше триесет години кога му се роди Нахор.+ 23  Откако му се роди Нахор, Серух поживеа уште двесте години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 24  А Нахор имаше дваесет и девет години кога му се роди Тара.+ 25  Откако му се роди Тара, Нахор поживеа уште сто и деветнаесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 26  Кога имаше седумдесет години, на Тара му се родија Аврам,+ Нахор+ и Харан. 27  Ова се настани од животот* на Тара: На Тара му се родија Аврам, Нахор и Харан, а на Харан му се роди Лот.+ 28  Подоцна Харан умре, уште додека беше со својот татко Тара* во земјата во која се роди, во Ур+ Халдејски.+ 29  А Аврам и Нахор си зедоа жени. Жената на Аврам се викаше Сараја,+ а жената на Нахор — Мелха.+ Таа му беше ќерка на Харан, таткото на Мелха и на Есха. 30  А Сараја беше неротка,+ немаше деца. 31  Потоа Тара ги зеде својот син Аврам, својот внук Лот, синот на Харан,+ и својата снаа Сараја,+ жената на синот Аврам, и тргна со нив од Ур Халдејски да оди во ханаанската земја.+ По некое време стигнаа во Харан+ и таму се населија. 32  А Тара доживеа двесте и пет години. Потоа Тара умре во Харан.

Фусноти

Или: „битумен“.
„Вавел“ доаѓа од глаголот валал („измеша; побрка“) и значи „збрка“.
Или: „целото човештво“.
Или: „Ова е историјата“.
На ова место Септуагинтата го спомнува уште и Каинан, како син на Арфаксад, а татко на Сала. Спореди Лк 3:36.
Или: „Ова е историјата“.
Или: „додека беше жив Тара, неговиот татко“. Буквално: „пред лицето на Тара“.