1. Летописи 16:1-43
16 И го внесоа ковчегот на вистинскиот Бог+ и го поставија во шаторот што Давид го подигна за него.+ Тогаш почнаа да принесуваат пред вистинскиот Бог жртви паленици и жртви на заедништвото.+
2 Кога ги принесе жртвите паленици+ и жртвите на заедништвото,+ Давид го благослови+ народот во Јеховино име.+
3 Потоа им раздели+ на сите Израелци, на мажите и на жените, секому по еден тркалезен леб, како и урми и суво грозје.
4 И постави некои левити+ за да служат+ пред Јеховиниот ковчег, да го потсетуваат+ народот на делата на Јехова, Богот на Израел, да му благодарат+ и да го слават:+
5 поглаварот Асаф,+ веднаш до него Захарија, потоа Јејел, Семирамот, Јеил, Матитиј, Елијав, Венај, Овид-Едом и Јејел+ со псалтирите и со харфите,+ Асаф+ кој гласно удираше со чинелите+
6 и свештениците Венај и Јазиел, кои со трубите+ секогаш беа пред ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.
7 Во тој ден Давид за прв пат им даде+ на Асаф+ и на неговите браќа свој псалм за да му благодарат+ на Јехова со него:
8 „Благодарете му на Јехова,+ повикувајте го неговото име,+објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+
9 Пејте му,+ со песна фалете го,+размислувајте за сите негови чудесни дела!+
10 Гордејте се со неговото свето+ име,+нека се радува срцето на оние што го бараат Јехова!+
11 Барајте го Јехова и неговата сила,+постојано барајте го неговото лице!+
12 Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+на неговите чуда и на законите од неговата уста,+
13 вие, потомци на Израел, неговиот слуга,+синови на Јаков, негови избраници!+
14 Тој е Јехова, нашиот Бог,+ неговите закони се по целата земја.+
15 Сеќавајте се довека на неговиот сојуз,+на речта што ја заповеда, низ илјада поколенија,+
16 сојуз што го склучи со Авраам+и заклетва што му ја даде на Исак,+
17 која му ја постави како уредба на Јаков,+како траен сојуз на Израел,+
18 велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+како твој наследен дел‘.+
19 Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+кога беа многу малку и кога живееја во неа како дојденци.+
20 И одеа од народ до народ+и од едно царство кај друг народ.+
21 Никому не му дозволи да ги измами,+туку поради нив укоруваше цареви,+
22 велејќи: ‚Не допирајте ги моите помазаници,не правете им зло на моите пророци!‘+
23 Пејте му на Јехова, сите луѓе на земјата!+Од ден на ден објавувајте го неговото спасение!+
24 Раскажувајте меѓу народите за неговата слава,меѓу сите народи за неговите чудесни дела!
25 Зашто, Јехова е велик и достоен за најголема фалба,+од него треба да се бојат повеќе отколку од сите други богови.+
26 Зашто, сите богови на другите народи се безвредни,+а Јехова ги направи небесата.+
27 Честа и величието се пред него,+силата и радоста се во неговото светилиште.+
28 Признајте го Јехова, племиња од сите народи,оддајте му слава на Јехова и признајте ја неговата моќ!+
29 Оддајте му ја на Јехова славата достојна на неговото име,+понесете дар и дојдете пред него!+Поклонете му се на Јехова во убаво и свето руво!+
30 Поради него, сите вас, земни луѓе, нека ве обземе тешка болка!Земјата* стои цврсто,никогаш нема да се разниша.+
31 Нека се радуваат небесата и нека се весели земјата!+Нека зборуваат меѓу народите: ‚Јехова почна да царува!‘+
32 Нека бучи морето и сѐ што е во него,+нека се радува полето и сѐ што е во него!+
33 И шумските дрвја нека воскликнуваат радосно поради Јехова,+зашто дошол да ѝ суди на земјата.+
34 Благодарете му на Јехова, зашто е добар,+зашто неговата милост* трае довека.+
35 И речете: ‚Спаси нѐ, Боже на нашето спасение,+собери нѐ и избави нѐ од другите народи,+за да му благодариме на твоето свето име,+ за да зборуваме радосно на твоја фалба.+
36 Благословен да е Јехова, Богот на Израел, од век и до век!‘ “+И сиот народ рече: „Амин!“* и го фалеше Јехова.+
37 Потоа ги остави таму пред ковчегот на Јеховиниот сојуз Асаф+ и неговите браќа за да служат+ без престан пред ковчегот, како што е пропишано за секој ден,+
38 потоа Овид-Едом и неговите браќа, шеесет и осум, како и Овид-Едом, синот на Једутун, и Оса, за да бидат вратари.
39 Свештеникот Садок+ и неговите браќа, свештеници, ги постави пред Јеховиниот шатор на височинката во Гаваон+
40 за да му принесуваат на Јехова жртви паленици на жртвеникот за жртви паленици без престан, наутро и навечер, и да го извршуваат сето она што е запишано во законот што Јехова му го даде на Израел.+
41 Со нив беа Еман+ и Једутун и останатите избрани, кои беа по име одредени+ да му упатуваат фалби на Јехова,+ зашто „неговата милост* трае довека“.+
42 Еман+ и Једутун+ беа со нив за да трубат со труби,+ да удираат со чинели и да свират на други инструменти во чест на Бог. Синовите+ на Једутун беа на портата.
43 И сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.+ Потоа Давид отиде да го благослови својот дом.
Фусноти
^ Буквално: „Плодното тло“.
^ Хебрејскиот збор „амин“ значи „така е“, „така нека биде“.
^ Или: „лојална љубов“.