1. Летописи 11:1-47
11 По некое време сите Израелци+ се собраа кај Давид во Хеврон+ и му рекоа: „Еве, ние сме твоја коска и твое месо.+
2 И порано, додека Саул уште беше цар, ти го водеше Израел во воени походи.+ Јехова, твојот Бог, ти рече: ‚Ти ќе му бидеш пастир+ на мојот народ Израел и ти ќе му бидеш водач+ на мојот народ Израел‘ “.
3 Така сите старешини на Израел дојдоа кај царот во Хеврон, и Давид склучи со нив сојуз во Хеврон пред Јехова. Потоа го помазаа+ Давид за цар на Израел, според речта што Јехова+ ја изрече преку Самоил.+
4 Потоа Давид тргна со целиот Израел против Ерусалим,+ односно против Евус,+ во кој имаше Евусејци+ што живееја во таа земја.
5 А жителите на Евус му порачаа на Давид: „Нема да влезеш ваму!“+ Но Давид сепак ја освои тврдината Сион,+ односно Давидовиот град.+
6 Давид рече: „Кој прв ќе тргне во напад+ на Евусејците, ќе биде заповедник и кнез“. И Јоав,+ синот на Серуја, прв се качи и стана заповедник.
7 Потоа Давид се насели на тоа тешко пристапно место.+ Затоа го нарекоа Давидов град.+
8 И тој почна да подига градби секаде наоколу, од Мило* наоколу, а Јоав го обнови+ останатиот дел од градот.
9 Давид стануваше сѐ посилен,+ зашто Јехова над војските беше со него.+
10 А ова се заповедниците на Давидовите јунаци,+ кои јуначки го поддржуваа него и неговото царство заедно со целиот Израел и го поставија за цар според ветувањето што Јехова+ му го даде на Израел.
11 Ова е попис на Давидовите јунаци: Јасовеам,+ синот на еден Ахмониец, главен меѓу тројцата. Тој со своето копје еднаш уби триста луѓе.+
12 Потоа Елеазар,+ синот на Додо, потомокот на Ахохи,+ кој беше еден од тројцата јунаци.+
13 Тој беше со Давид во Пас-Дамим,+ каде што Филистејците се собраа за војна. Таму имаше нива полна со јачмен, а војската бегаше пред Филистејците.+
14 А тој застана среде нивата, ја одбрани и ги погуби Филистејците. Така Јехова им даде голема победа.+
15 Еднаш тие тројца од триесетте заповедници+ отидоа до карпата, за да дојдат кај Давид во адоламската пештера,+ а Филистејците беа улогорени во рефаимската долина.+
16 Во тоа време Давид беше во своето скривалиште,+ а филистејската војска+ беше во Витлеем.
17 И Давид посака: „Камо да можев да се напијам вода+ од витлеемскиот+ бунар* што е кај градската порта!“
18 Тогаш тие тројца продреа во филистејскиот логор, нацрпија вода од витлеемскиот бунар што е кај градската порта, па му ја донесоа и му ја дадоа на Давид.+ Но Давид не сакаше да пие, туку ја истури пред Јехова.+
19 И рече: „Поради својот Бог, никогаш не би направил такво нешто! Зар да ја пијам крвта+ на овие луѓе што ја изложија својата душа на опасност? Зашто, тие ја изложија на опасност својата душа за да ја донесат таа вода“. И не сакаше да пие.+ Тоа го направија тие тројца јунаци.
20 А Ависај,+ братот на Јоав,+ беше заповедник на другите тројца. Тој со своето копје уби триста луѓе. Беше човек прочуен како и оние тројца.
21 Меѓу тројцата беше поистакнат од другите двајца, па им беше заповедник, но не ги достигна првите тројца.+
22 Венај,+ синот на Јодај,+ син на храбар човек, кој направи големи дела во Кавсеил,+ ги уби двата сина на Ариел Моавецот. Еден снежен ден, тој слезе во јама за вода и уби лав.+
23 Уби и еден Египќанец со необично крупна става, пет лакти* висок.+ Иако Египќанецот во раката имаше копје+ со дршка како ткајачко кросно, тој излезе против него со стап, му го истргна копјето од раката и потоа го уби со неговото сопствено копје.+
24 Тоа го направи Венај, синот на Јодај, и така си стекна име меѓу другите тројца јунаци.
25 Иако беше поистакнат од триесеттемина, не ги достигна првите тројца.+ Но Давид го постави за заповедник на телесната стража.+
26 Храбри јунаци во војската беа: Асаил,+ братот на Јоав, Елханан,+ синот на Додо од Витлеем,
27 Самот+ од Арор, Хелис Фелонецот,+
28 Ира,+ синот на Икис од Текоја, Авиезер од Анатот,+
29 Сивехај+ од Хус, Илај, потомокот на Ахохи,+
30 Махарај+ од Нетофа,+ Хелед,+ синот на Вана од Нетофа,
31 Итај, синот на Ривај+ од Гаваја+ на Венијаминовите синови,+ Венај од Фаратон,+
32 Урај од долините околу Гаш,+ Авил од Вет-Арава,
33 Азмавет од Бахурим,+ Елијава од Салвим,
34 синовите на Хасем од Гизон, Јонатан,+ синот на Саги од Арар,
35 Ахијам, синот на Сахар+ од Арар, Елифал,+ синот на Ур,
36 Офер Мехирецот, Ахија од Фелон,
37 Есро од Кармил,+ Нарај, синот на Есвај,
38 Јоил, братот на Натан,+ Мивар, синот на Агир,
39 Селек Амонецот, Нахарај од Веерот, кој му беше штитоносец на Јоав, синот на Серуја,
40 Ира Етерецот, Гарив+ Етерецот,
41 Урија+ Хетеецот,+ Завад, синот на Алај,
42 Адина, синот на Сиза од племето на Рувим, поглавар на синовите на Рувим, и со него триесет луѓе,
43 потоа Ханан, синот на Мааха, Јосафат од Митна,
44 Узија од Астарот, Сама и Јејел, синови на Хотам од Ароир,
45 Једиил, синот на Шимри, и неговиот брат Јоха од Тис,
46 Елиел од Махав, Еривај и Осавија, синови на Елнам, Итма Моавецот,
47 Елиел, Овид и Јасил од Месовија.