1. Коринќаните 10:1-33
10 А не сакам, браќа, да бидете во незнаење за ова: сите наши прататковци беа под облакот,+ и сите поминаа преку морето,+
2 и сите се крстија во Мојсеј,+ кога поминаа под облакот преку морето,
3 и сите јадеа иста духовна храна,+
4 и сите го пиеја истиот духовен пијалак.+ Зашто, пиеја од духовната карпа,+ која ги следеше, а таа карпа+ го претставуваше* Христос.+
5 Но повеќето од нив не му беа по волја на Бог+ — имено, тие беа убиени во пустината.+
6 А тоа се случи за да ни послужи за пример да не копнееме по зло,+ како што копнееја тие.
7 И не бидете идолопоклоници, како некои од нив,+ како што е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да се забавува“.+
8 И да не вршиме блуд, како што некои од нив извршија блуд,+ па во еден ден паднаа дваесет и три илјади.+
9 И да не го искушуваме Јехова,+ како што некои од нив го искушуваа,+ па изгинаа од змии.+
10 И не приговарајте, како што приговараа некои од нив,+ па изгинаа од погубителот.+
11 А сето тоа им се случуваше за пример и напишано е како предупредување за нас+ што живееме на крајот од овој поредок.*+
12 Значи, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне!+
13 Не ве снајде друго искушение освен она што е вообичаено за луѓето.+ Но Бог е верен+ и нема да дозволи да бидете искушани повеќе отколку што можете да поднесете,+ туку ќе направи излез кога ќе дојде искушението+ за да можете да го издржите.
14 Затоа, сакани мои, бегајте+ од идолопоклонство!+
15 Ви зборувам како на разборити луѓе.+ Самите проценете што зборувам.
16 Зарем чашата+ на благодарност, за која благодариме,* не претставува учество во Христовата крв? Зарем лебот што го кршиме+ не претставува учество во Христовото тело?+
17 Бидејќи еден е лебот, ние сме едно тело,+ иако сме многу,+ зашто сите го јадеме тој еден леб.+
18 Погледнете го телесниот Израел.+ Зарем оние што јадат жртви не ги делат тие жртви со жртвеникот?+
19 Значи, што сакам да кажам? Дека она што му е жртвувано на идолот значи нешто или дека идолот значи нешто?+
20 Не, туку велам дека она што незнабошците го жртвуваат, им го жртвуваат на демоните,+ а не на Бог. А јас не сакам вие да имате нешто заедничко со демоните.+
21 Не можете да ја пиете чашата на Јехова+ и чашата на демоните. Не можете да јадете од „трпезата на Јехова“+ и од трпезата на демоните.
22 Или „зарем предизвикуваме љубомора кај Јехова“?+ Зарем сме појаки+ од него?
23 Сѐ е дозволено, но не е сѐ корисно.+ Сѐ е дозволено,+ но сѐ не изградува.+
24 Никој нека не ја бара својата корист,+ туку користа на другиот.+
25 Јадете од сето месо што се продава на пазарот+ и ништо не испитувајте поради совеста.+
26 Зашто, „на Јехова+ му припаѓа земјата и сѐ што е на неа“.+
27 Ако некој од неверниците ве покани и вие сакате да одите, јадете сѐ што ќе ви принесат,+ и ништо не испитувајте поради совеста.+
28 Но, ако некој ви рече: „Ова беше жртвувано“, не јадете поради оној што ве предупредил и поради совеста.+
29 Притоа не мислам на твојата совест, туку на совеста од оној другиот. Оти, зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?+
30 Ако јадам и притоа му благодарам на Бог, зошто да се зборува лошо за мене поради она за кое му заблагодарувам на Бог?+
31 Значи, било да јадете, било да пиете, било да правите што и да е друго, правете сѐ за Божја слава.+
32 Не бидете им за спрепнување+ ниту на Евреите, ниту на Грците, ниту на Божјето собрание,
33 како што и јас им угодувам на сите во сѐ,+ не барајќи ја својата корист,+ туку користа на мнозина, за да бидат спасени.+
Фусноти
^ Буквално: „чашата на благословот која ја благословуваме“.