Псалми 77:1-20
На управителот, за једутун.* Асафов+ псалм. Песна.
77 Со својот глас ќе повикам кон Бог,+со својот глас ќе повикам кон Бог, и тој ќе го приклони увото кон мене.+
2 Во денот на својата неволја го барам Јехова.+Ноќе ја подавам раката, и не се уморувам,мојата душа не сака да се утеши.+
3 Ќе се сетам на Бог, и ќе ме обземе немир,+ќе се замислам, и ќе премалам со духот.+ (Села)
4 Ти ги држиш моите трепки,+вознемирен сум, не можам да зборувам.+
5 Размислував за дамнешните денови,+за годините од древното минато.
6 Во ноќта ќе се сетам на музиката од моите жици,+во своето срце ќе се замислам+и мојот дух ќе размислува за сѐ.
7 Ќе нѐ отфрла ли Јехова довека+и зар не може никогаш повеќе да му се угоди?+
8 Засекогаш ли згасна неговата милост?*+Зарем неговиот збор исчезна+ за сите идни поколенија?
9 Заборави ли Бог да биде милостив,+ги скрати ли во гневот своите милосрдија?+ (Села)
10 Зар ќе речам: „Ова ме прободува:+Севишниот ја повлече својата десница“?+
11 Ќе се сеќавам на делата што ги направи Јах.+Да, ќе се сетам на твоите дамнешни чудесни дела.+
12 Длабоко ќе размислувам за сите твои дела,+ќе се зафатам со твоите постапки.+
13 О Боже, твојот пат се наоѓа на светото место.+Кој бог е толку велик како нашиот Бог?+
14 Ти си вистинскиот Бог, чудесни се твоите дела.+Меѓу народите ја објави својата сила.+
15 Со својата рака го избави својот народ,+синовите на Јаков и на Јосиф. (Села)
16 Водите те видоа, Боже,водите те видоа, и тешки болки ги обзедоа.+И водните бездни се разбрануваа.+
17 Облаците громогласно излеаја вода,+со татнеж се огласи наоблаченото небо.И твоите стрели летаа на сите страни.+
18 Татнежот на твоите громови одекнуваше како колски тркала,+молњи го осветлија копното,*+земјата се заниша и се затресе.+
19 Низ морето врвеше твојот пат,+низ многу води поминуваше твојата патека,и твоите траги не се познаваа.
20 Својот народ го водеше како стадо,+со раката на Мојсеј и на Арон.+
Фусноти
^ Буквално: „плодното тло“.