Псалми 67:1-7

На управителот, за жичени инструменти. Песна, псалм. 67  Ќе ни се смилуваш, Боже, и ќе нѐ благословиш,+ќе нѐ осветлиш со своето лице,+ (села)   за да се знае твојот пат на земјата,+твоето спасение меѓу сите народи.+   Нека те фалат народите, Боже,+нека те фалат+ сите народи!   Нека се радуваат племињата и радосно нека воскликнуваат,+зашто ти ќе им судиш праведно на народите,+ќе ги водиш племињата на земјата. (Села)   Нека те фалат народите, Боже,+нека те фалат+ сите народи!   Земјата ќе го даде својот род,+ќе нѐ благослови Бог, нашиот Бог.+   Бог ќе нѐ благослови,+и сите краишта на земјата ќе се бојат од него.+

Фусноти