Псалми 50:1-23

Асафова+ песна. 50  Моќниот+ Бог Јехова+ зборува+и ја довикува земјата,+откај што изгрева сонцето докај што заоѓа.+   Бог засвети+ од Сион, совршенството на убавината.+   Нашиот Бог ќе дојде и нема да молчи.+Пред него оган проголтува+и насекаде околу него луња беснее.+   Тој ги довикува небесата во висините и земјата+за да изврши пресуда над својот народ:+   „Соберете ги кај мене оние што ми се лојални,+оние што над жртва го склучија мојот сојуз“.+   Небесата ја објавуваат неговата праведност,+зашто Бог е Судија.+ (Села)   „Слушај, народе мој, јас ќе зборувам,+Израеле, ќе сведочам против тебе.+Јас сум Бог, твојот Бог.+   Не те укорувам за твоите жртви,+ниту за твоите цели жртви паленици што се постојано пред мене.+   Нема да го земам бикот од твојот дом,+ниту јарецот од твоите трла. 10  Зашто, мои се сите шумски животни,+ѕверките во илјадниците планини.+ 11  Го познавам секое крилесто суштество на планините+и мноштвото полски животни се мои.+ 12  Кога би бил гладен, не би ти кажал,зашто моја е земјата+ и сѐ што е на неа.+ 13  Зарем ќе јадам месо од јаки бикови+и ќе пијам крв од јарци?+ 14  Принеси му на Бог благодарност како жртва+и исполни ги заветите што си му ги дал на Севишниот.+ 15  Повикај ме во денот на неволја.+Ќе те избавам, а ти ќе ме славиш.+ 16  А на злиот, Бог ќе му рече:+„Кој ти дал право да ги набројуваш моите уредби+и да го спомнуваш мојот сојуз?+ 17  Ти ја мразиш поуката*+и ги фрлаш зад грб моите зборови.+ 18  Кога и да виде крадец, на него гледаше со благонаклоност,+и се здружи со прељубниците.+ 19  Ја пушти устата да зборува зло+и на јазикот ти е измамата.+ 20  Седиш со другите и зборуваш против својот брат,+зборуваш лошо за синот на својата мајка.+ 21  Сето тоа го правеше, а јас молчев.+Мислеше дека ќе бидам како тебе.+Ќе те укорам+ и сето тоа ќе ти го изнесам пред очи.+ 22  Сфатете го тоа, ве молам, вие што го заборавате Бог,+за да не ве растргнам, зашто ќе нема кој да ве избави.+ 23  Кој принесува благодарност како своја жртва, тој ме слави.+Кој се држи за правиот пат,нему ќе му дозволам да го види спасението од Бог“.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 1:2.