Псалми 44:1-26
На управителот. Псалм од синовите на Кореј.+ Маскил.*
44 Боже, со свои уши чувме,нашите татковци ни раскажуваа+за делата што си ги направил во нивните дни,+во дамнешни дни.+
2 Со своја рака си ги истерал народите,+а нив си ги засадил.+Си разбил племиња и си ги избркал.+
3 Зашто, со свој меч не ја зазеле земјата+и нивната рака не им донела спасение,+туку тоа го направила твојата десница и твојата рака+ и светлината на твоето лице,зашто си ги сакал.+
4 Ти си мој Цар, Боже.+Заповедај да дојде величественото спасение за Јаков.+
5 Со твоја помош ќе ги собориме своите противници,+во твое име ќе ги згазиме оние што се креваат против нас.+
6 Зашто, немав доверба во својот лак+и не ме спаси мојот меч.+
7 Ти нѐ спаси од нашите противници+и ги посрами оние што многу нѐ мразат.+
8 На Бог ќе му даваме фалба по цел ден+и довека ќе го фалиме твоето име.+ (Села)
9 А сега нѐ отфрли и нѐ понижуваш+и не одиш со нашите војски.+
10 Дозволуваш да го свртиме грбот пред противникот.+Нѐ ограбуваат оние што многу нѐ мразат.+
11 Нѐ даде како овци за да нѐ јадат+и нѐ расеа меѓу народите.+
12 Евтино го продаде својот народ+и не се збогати со неговата продажба.
13 Нѐ направи за потсмев пред соседите,+за подбив и за исмејување пред сите што се околу нас.+
14 Ти предизвика народите да зборуваат со презир за нас,*+и племињата да мавтаат подбивно со главата кога ќе нѐ видат.+
15 Моето понижување е пред мене по цел дени срам ми го прекри лицето+
16 поради гласот на оној што ме срамоти и погрдно зборува за мене,поради непријателот и оној што ми се одмаздува.+
17 Сето тоа нѐ снајде, а не те заборавивме+и не го подгазивме твојот сојуз.+
18 Нашето срце не отстапи безверно,+ниту нашите чекори скршнаа од твојата патека.+
19 Зашто, ти нѐ сотре на местото на кое се собираат шакалите+и нѐ прекриваш со густа темнина.+
20 Да го заборавевме името на нашиот Богили во молитва да ги ширевме рацете кон туѓ бог,+
21 зар Бог не би дознал за тоа?+Зашто, тој ги познава тајните на срцето.+
22 А поради тебе постојано нѐ убиваат,нѐ сметаат за овци за колење.+
23 Стани! Зошто спиеш, Јехова?+Разбуди се! Немој засекогаш да нѐ отфрлаш!+
24 Зошто го криеш лицето?Зошто ги забораваш нашата неволја и нашето страдање?+
25 Нашата душа се свитка до правот,+стомакот ни се залепи за земја.
26 Стани да ни помогнеш+и откупи нѐ поради својата милост.*+
Фусноти
^ Буквално: „Нѐ направи изрека (пословица)“.