Псалми 4:1-8

На управителот, за жичени инструменти.+ Давидова песна. 4  Кога те повикувам, услиши ме, Боже мој праведен!+Во мојата мака избави ме!Смилувај ми се+ и чуј ја мојата молитва!   Синови човечки, до кога ќе биде срамотена мојата слава?+До кога ќе сакате празни работи?До кога ќе барате лага? (Села)   Знајте дека Јехова ќе постапува на посебен начин со оној што му е лојален нему,+Јехова ќе слушне кога ќе го повикам.+   Ако се вознемирите, немојте да грешите!+Задржете ги зборовите во своето срце, на својата постела,+ и молчете! (Села)   Принесете жртви праведни+и имајте доверба во Јехова.+   Мнозина велат: „Кој ќе ни покаже што е добро?“Јехова, подигни ја над нас светлината на своето лице!+   Ти ќе ми дадеш радост во срцето+поголема од радоста што ја имаат тие кога обилно ќе им роди пченицата и кога изобилува младото вино.+   Во мир ќе легнам и ќе спијам,+зашто ти, Јехова, самиот ми даваш да живеам без страв.+

Фусноти