Михеј 1:1-16
1 Јеховината реч која, во деновите на Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ царевите на Јуда,+ му дојде во видение на Михеј+ од Моресет во врска со Самарија+ и Ерусалим:+
2 „Чујте, народи, сите вие! Слушај, земјо и сѐ што те исполнува!+ И Јехова, Севишниот Господар, нека сведочи против вас,+ Јехова од својот свет храм!+
3 Зашто, ете, Јехова излегува од своето место.+ Ќе слезе и ќе гази по височинките на земјата.+
4 И планините ќе се растопат под него,+ а рамниците ќе се разделат како восок на оган+ и како води излеани по стрмнина.
5 Сето тоа е поради престапот* на Јаков, поради гревовите на домот на Израел.+ Кој е виновен за престапот на Јаков? Не е ли Самарија?+ И кој е виновен за обредните височинки на Јуда?+ Не е ли Ерусалим?
6 Ќе направам од Самарија урнатина во полето,+ место за садење лозја. Ќе ги нафрлам нејзините камења во долината, и ќе ги соголам нејзините темели.+
7 И сите нејзини режани ликови ќе бидат здробени,+ сите дарови што ги добила како плата ќе бидат изгорени во оган,+ и ќе ги уништам сите нејзини идоли. Зашто, ги насобрала од блудничка плата, и тие повторно ќе станат блудничка плата“.+
8 Затоа ќе плачам и ќе тажам,+ бос и гол ќе одам.+ Ќе завивам како шакалите и ќе тагувам како женките на нојот.
9 Зашто, нема лек за нејзината рана,+ се прошири дури до Јуда,+ поморот дојде дури до портата на мојот народ, дури до Ерусалим.+
10 „Не јавувајте го тоа во Гат, не плачете!+
Во домот во Афра тркалајте се во прав!+
11 Заминувај, жителке на Сафир, во срамна голотија!+ Жителката на Санан од страв не излезе од својот град. Поради тажењето на Вет-Езил, во него нема да најдете засолниште.
12 На добро се надева жителката на Марот,+ но зло слегува од Јехова на ерусалимската порта.+
13 Впрегни брзи коњи во колата, жителке на Лахис!+ Тој град беше почеток на гревот на сионската ќерка,+ зашто во неа се најдоа престапите* на Израел.+
14 Затоа ќе му дадеш проштални дарови на Моресет-Гат.+ Куќите во Ахзив+ ги измамија царевите на Израел.
15 Уште ќе ти го доведам оној што ќе ти го одземе поседот,+ жителке на Мариса.+ Славата на Израел ќе дојде дури до Адолам.+
16 Истрижи се до гола кожа и избричи ја главата поради своите синови кои ти се радост.+ Избричи ја главата за да бидеш ќелава како орелот, зашто твоите синови ќе заминат откај тебе во изгнанство.“+