Исус Навин 7:1-26

7  Но синовите на Израел постапија неверно со проколнатите работи,* зашто Ахан,*+ синот на Харми, син на Завдиј, син на Зара, од племето на Јуда, зеде од проколнатите работи.+ Затоа Јехова пламна од гнев против Израеловите синови.+  А Исус Навин испрати луѓе од Ерихон во Гај,+ кој е близу Вет-Авен,+ источно од Ветил,+ и им рече: „Отидете и извидете ја земјата!“ И луѓето отидоа и го извидоа Гај.+  Потоа се вратија кај Исус Навин и му рекоа: „Нека не оди целиот народ. Нека отидат две до три илјади луѓе и нека удрат на Гај. Не мачи го целиот народ да оди таму, зашто таму има малку луѓе“.  И така, отидоа околу три илјади луѓе од народот, но мораа да побегнат од луѓето од Гај.+  И жителите на Гај убија триесет и шест нивни луѓе, па ги гонеа+ од градската порта до Сиварим,* а продолжија да ги убиваат и на падината. Затоа срцето на народот му се скамени од страв и изгубија храброст како вода да ја однела.+  Тогаш Исус Навин си ја раскина облеката и падна ничкум+ на земја пред Јеховиниот ковчег, па тој и старешините на Израел останаа така сѐ до вечерта, посипувајќи си ги главите со прав.+  Исус Навин потоа рече: „Леле, Севишен Господару Јехова, зошто го преведе овој народ преку Јордан? Зар да нѐ предадеш во рацете на Аморејците за да нѐ убијат? Барем да останевме од онаа страна на Јордан!+  Прости ми, Јехова, но што да кажам сега откако Израел го сврте грбот бегајќи пред своите непријатели?  Сега Ханаанците и сите жители на оваа земја ќе чујат за тоа, па ќе нѐ опколат и ќе ни го сотрат името од земјата.+ И што ќе направиш ти за своето големо име?“+ 10  Но Јехова му рече на Исус Навин: „Стани! Зошто падна ничкум? 11  Израел згреши и го престапи мојот сојуз+ со кој ги обврзав. Зедоа од проколнатите работи,+ ги украдоа,+ ги скрија+ и ги ставија меѓу своите работи.+ 12  Затоа синовите на Израел не ќе можат да им се спротивстават на своите непријатели.+ Ќе вртат грб бегајќи пред непријателите зашто на себе го навлекоа проклетството на уништувањето.* Нема да бидам со вас додека не го отстраните од својата средина она што е проколнато.*+ 13  Стани! Посвети го народот+ и објави: ‚Утре посветете се, зашто вака вели Јехова, Богот на Израел: „Среде тебе има проколнати работи, Израеле.+ Не ќе можете да им се спротивставите на своите непријатели додека не го отстраните од својата средина она што е проколнато. 14  Утре пристапете племе по племе, и од племето што ќе го издвои Јехова+ ќе пристапи семејство по семејство; од семејството што ќе го издвои Јехова ќе пристапи дом по дом; а од домот што ќе го издвои Јехова ќе пристапат мажите еден по еден. 15  И кај кого ќе се најде проколнатата работа, нека биде погубен и изгорен во оган,+ тој и сѐ што е негово, зашто го престапи Јеховиниот сојуз+ и направи во Израел срамно и безумно дело“ ‘ “.+ 16  И така Исус Навин стана рано изутрината и заповеда да пристапи Израел племе по племе, и беше издвоено племето на Јуда. 17  Потоа заповеда да пристапат семејствата на Јуда, и беше издвоено семејството на Зара.+ Потоа заповеда од семејството на Зара да пристапат мажите еден по еден, и беше издвоен Завдиј. 18  Најпосле заповеда да пристапат мажите од неговиот дом еден по еден, и беше издвоен+ Ахан, синот на Харми, син на Завдиј, син на Зара, од племето на Јуда. 19  Тогаш Исус Навин му рече на Ахан: „Сине, те молам, дај му слава на Јехова, Богот на Израел,+ и признај му го својот грев!+ Кажи ми,+ те молам, што си направил! Не криј+ го тоа од мене!“ 20  И Ахан му одговори на Исус Навин: „Навистина, му згрешив на Јехова, Богот на Израел.+ Еве што направив: 21  кога здогледав+ во пленот една убава скапоцена наметка од Сенар,+ двесте сикли* сребро и една златна шипка, тешка педесет сикли, ги посакав+ и ги зедов.+ Ене, скриени се во земјата среде мојот шатор, а сребрените пари се одоздола“.+ 22  И Исус Навин веднаш испрати луѓе, кои отрчаа во шаторот и, ете, сето тоа беше скриено во неговиот шатор, а сребрените пари беа одоздола. 23  Па го зедоа сето она што беше среде шаторот, им го однесоа на Исус Навин и на сите синови на Израел и го простреа пред Јехова. 24  Тогаш Исус Навин и целиот Израел со него ги зедоа Ахан,+ синот на Зара, среброто, скапоцената наметка и златната шипка,+ неговите синови, неговите ќерки, неговите говеда, неговите магариња, неговата ситна стока, неговиот шатор и сѐ што беше негово, па ги изведоа во долината Ахор.+ 25  Таму Исус Навин рече: „Зошто навлече осуда врз нас?+ Денес Јехова ќе навлече осуда врз тебе“. Тогаш целиот Израел ги каменува,+ а потоа ги изгореа во оган.+ Така ги засипаа со камења. 26  Потоа нафрлаа врз него голем куп камења, кои стојат до денешен ден.+ Така се одврати Јехова од својот распламтен гнев.+ Затоа онаа долина го доби името Ахор,*+ кое го носи и ден-денес.

Фусноти

Во 1Ле 2:7 „Ахар“. И двете имиња значат „оној што навлекува осуда (предизвикува зло)“. Види ги фуснотите за 1Ле 2:7.
Или: „со херемот“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
„Сиварим“ значи „каменоломи“.
Или: „зашто самите станаа херем“.
Или: „херем“.
Види го додатокот 13.
„Ахор“ значи „осуда; несреќа“.