Исус Навин 5:1-15

5  Кога чуја сите аморејски цареви,+ кои беа на западната страна на Јордан, и сите ханаански цареви,+ кои беа покрај морето, дека Јехова ја исуши водата на Јордан пред Израеловите синови додека не го преминаа, срцето им се скамени од страв+ и изгубија храброст* поради Израеловите синови.+  Во тоа време Јехова му рече на Исус Навин: „Направи си ножеви од кремен и повторно обрежи ги+ Израеловите синови, по втор пат!“  И Исус Навин си направи ножеви од кремен и ги обрежа Израеловите синови кај Гаваја-Харалот.*+  А еве зошто ги обрежа Исус Навин: целиот народ што излезе од Египет, сите машки, сите мажи што беа способни за војна, умреа+ во пустината по патот, откако излегоа од Египет.  Целиот народ што излезе беше обрежан, но целиот народ што се роди во пустината по патот откако излегоа од Египет не беше обрежан.  Зашто, Израеловите синови одеа низ пустината* четириесет години+ сѐ додека не изумреа сите мажи способни за војна кои излегоа од Египет и кои не го послушаа Јеховиниот глас. Ним Јехова им се заколна дека нема да им дозволи да ја видат земјата+ за која Јехова им се заколна на нивните прататковци дека ќе им* ја даде,+ земја во која тече мед и млеко.+  На нивното место ги подигна нивните синови.+ Нив Исус Навин ги обрежа, зашто беа необрежани, бидејќи не беа обрежувани додека беа на пат.  И кога беше обрежан целиот народ, се одмораа на своето место во логорот додека не закрепнаа.+  Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Денес го симнав од вас египетскиот срам“.+ Затоа местото го доби името Гилгал,*+ кое го носи до ден-денес. 10  И Израеловите синови останаа улогорени во Гилгал, и таму, на пустата рамница кај Ерихон, ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден од месецот, вечерта.+ 11  А утредента по Пасхата почнаа да јадат од плодовите на земјата — бесквасен леб+ и пржени зрна — токму на тој ден. 12  На следниот ден, кога јадеа од плодовите на земјата, маната престана да паѓа. Така Израеловите синови повеќе не добиваа мана,+ и во таа година почнаа да ги јадат плодовите на ханаанската земја.+ 13  А кога се најде кај Ерихон, Исус Навин ги подигна очите и погледна, а пред него стоеше човек+ со извлечен меч во раката.+ И Исус Навин му пристапи и му рече: „Дали си на наша страна или си на страната на нашите непријатели?“ 14  А тој му рече: „Не сум на ничија страна, туку сега доаѓам како кнез на Јеховината војска“.+ Тогаш Исус Навин, полн со страхопочит, падна ничкум на земја,+ па му рече: „Што му заповеда мојот господар на својот слуга?“ 15  А кнезот на Јеховината војска му одговори на Исус Навин: „Собуј ги сандалите од нозете, зашто местото на кое стоиш е свето!“ И Исус Навин веднаш го направи тоа.+

Фусноти

Буквално: „дух“.
„Гаваја-Харалот“ значи „рид на (обрежани) кожички“.
Буквално: „ни“.
Види го додатокот 12.
Името „Гилгал“ е изведено од глаголот кој значи „симнува; соборува“.