Исаија 6:1-13
6 А јас, во онаа година кога умре цар Озија,+ го видов Јехова+ како седи на висок и возвишен престол,+ а неговите скутови го исполнуваа храмот.+
2 Над него стоеја серафими.*+ Секој имаше по шест крилја. Со две си го покриваше лицето,+ со две си ги покриваше нозете, а со две леташе.
3 И си велеа еден на друг: „Свет, свет, свет е Јехова над војските!+ Целата земја е полна со неговата слава!“
4 Довратниците+ на праговите се тресеа од гласот на оние што извикуваа, а домот се исполни со чад.+
5 А јас реков: „Тешко мене! Ќе загинам,* зашто сум човек со нечисти усни+ и живеам во народ со нечисти усни,+ а моите очи го видоа Царот, Јехова над војските!“+
6 Тогаш еден од серафимите долета до мене, држејќи во раката жар,+ кој го беше зел со клешти од жртвеникот.+
7 Ми ја допре устата+ и рече: „Еве, ова ги допре твоите усни — отстранет е твојот престап и очистен е твојот грев“.+
8 И го чув гласот на Јехова како вели: „Кого да испратам? Кој ќе оди за нас?“+ А јас реков: „Еве ме мене, испрати ме мене!“+
9 Тогаш тој одговори: „Оди и речи му на тој народ: ‚Слушајте што ќе ви зборувам одново и одново, но нема да разберете, гледајте што ќе ви покажувам одново и одново, но нема ништо да научите!‘+
10 Направи го неприемливо срцето на тој народ+ за да бидат неосетливи нивните уши,+ затвори им ги очите за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите, да не разберат со срцето и да не се обратат и да оздрават!“+
11 А јас реков: „До кога, Јехова?“+ Тогаш тој ми одговори: „Додека градовите не се претворат во урнатини и не останат без жители, додека куќите не останат без луѓе и додека земјата не се претвори во пустош,+
12 додека Јехова не ги протера луѓето далеку и додека целата земја не се претвори во пустош.+
13 Но сѐ уште ќе има во неа десетти дел,+ а и тој ќе биде изгорен, како големо дрво и како големо стебло, од кои, кога ќе ги исечат,+ останува само пенушка.+ Таа пенушка ќе биде свето семе“.*+
Фусноти
^ Серафими се ангели на многу висока положба.
^ Буквално: „Замолчен сум“.
^ Или: „потомство“.