Ефешаните 3:1-21
3 Затоа јас, Павле, затвореник+ поради Христос Исус за вас, луѓе од другите народи...*+
2 Навистина, сте чуле дека за ваше добро ми е доверено управувањето+ со Божјата незаслужена доброта,
3 дека преку објава од небото ми беше објавена светата тајна,+ како што претходно ви напишав накратко.
4 Значи, кога го читате тоа, можете да проникнете во моето разбирање+ на светата тајна+ за Христос.
5 Во претходните поколенија, таа тајна+ не им беше објавена на човечките синови така како што сега преку духот им е откриена+ на неговите свети апостоли и пророци,+
6 имено, дека луѓе од другите народи треба со нас да бидат сонаследници и делови на истото тело+ и соучесници на ветувањето+ во единство со Христос Исус, благодарение на добрата вест.
7 Јас станав слуга+ на таа тајна според Божјата незаслужена доброта. Тој дар ми го даде Бог со тоа што ми ја покажа својата сила.+
8 Мене, најмалиот+ од сите свети, покажана ми е таа незаслужена доброта,+ за да им ја објавам на другите народи добрата вест+ за Христовото неистражливо богатство+
9 и да им објавам на луѓето како Бог управува+ со откривањето на светата тајна,+ која од дамнина е скриена во него, кој создал сѐ.+
10 Целта на ова беше Божјата разнолика мудрост+ да може, преку собранието, сега да им се објави+ на владетелите и на властите+ на небесата,
11 според вечната намера која тој ја има во врска со Христос Исус,+ нашиот Господар.*
12 Благодарение на Христос, можеме слободно да зборуваме и со доверба да му пристапиме+ на Бог преку нашата вера во Христос.
13 Затоа ве молам да не паднете со духот поради моите неволји+ што ги поднесувам заради вас, зашто тие се ваша слава.
14 Затоа ги свиткувам колената+ пред Таткото,+
15 кому секое семејство+ на небото и на земјата му го должи своето име.+
16 И го молам да ви даде, според богатството на својата слава,+ да го зајакнете својот внатрешен човек+ со силата што доаѓа преку неговиот дух,+
17 и Христос, преку вашата вера, заедно со љубовта да престојува во вашите срца,+ и да бидете вкоренети+ и втемелени+
18 за да можете, заедно со сите свети, во потполност да разберете+ што е ширината и должината и височината и длабочината+ на вистината
19 и да ја спознаете Христовата љубов,+ која го надминува знаењето, за да се исполните со сета полнота+ што ја дава Бог.
20 А на оној што може со својата сила, која дејствува+ во нас, да направи неизмерно повеќе од сѐ што молиме или што ќе го замислиме,+
21 нему нека му е слава преку собранието и преку Христос Исус низ сите поколенија во сета вечност!+ Амин.*