Еремија 32:1-44
32 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, во десеттата година на Седекија, царот на Јуда,+ односно во осумнаесеттата година на Навуходоносор.+
2 Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим,+ а пророкот Еремија беше затворен во Стражарскиот Двор,+ кој е во домот на царот на Јуда,
3 бидејќи го беше затворил Седекија, царот на Јуда,+ велејќи:
„Зошто пророкуваш:+ ‚Вака вели Јехова: „Еве, ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го освои,+
4 а Седекија, царот на Јуда, нема да ѝ избега на халдејската рака, туку ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ќе зборува со него лице в лице и ќе го гледа очи в очи“,+
5 „и овој ќе го одведе Седекија во Вавилон и тој ќе остане таму додека не го посетам“+ — вели Јехова — „и иако војувате против Халдејците, нема да успеете“ ‘?“+
6 Еремија рече: „Ми дојде Јеховината реч:
7 ‚Еве, ќе дојде кај тебе Анамеил, синот на Салум, твојот стрико, и ќе ти рече: „Купи ја мојата нива во Анатот,+ зашто ти имаш право на откуп и можеш да ја купиш!“ ‘ “+
8 И дојде кај мене Анамеил, синот на стрико ми, според Јеховината реч, во Стражарскиот Двор,+ и ми рече: „Купи ја, те молам, мојата нива во Анатот,+ во земјата на Венијамин,+ зашто ти имаш право да го наследиш тој посед, ти имаш право на откуп! Купи ја!“ Тогаш сфатив дека тоа беше Јеховината реч.+
9 И така ја купив од Анамеил,+ синот на стрико ми, нивата во Анатот.+ И му ги измерив парите,+ седум сикли* и десет сребреници.
10 И напишав договор,+ ставив печат+ и зедов сведоци+ кога ги мерев+ парите на вага.
11 Потоа го зедов купопродажниот договор, оној што беше запечатен според прописот и според уредбите+ и оној што остана отворен,
12 и му го дадов договорот на Варух,+ синот на Нирија,+ син на Масеја, пред очите на Анамеил, синот на стрико ми, и пред очите на сведоците што го потпишаа договорот,+ пред очите на сите Јудејци* што седеа во Стражарскиот Двор.+
13 Тогаш му заповедав на Варух пред нив:
14 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Земи ги овие договори, овој купопродажен договор, запечатениот, а и оној што остана отворен,+ и стави ги во земјен сад, за да останат зачувани многу денови‘.
15 Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Уште ќе се купуваат во оваа земја куќи и ниви и лозја‘ “.+
16 Откако му го дадов купопродажниот договор на Варух,+ синот на Нирија,+ почнав да му се молам+ на Јехова:
17 „О Севишен Господару Јехова!+ Ти ги создаде небото и земјата со својата голема моќ+ и со својата подигната рака.+ Ништо не е невозможно за тебе,+
18 кој им покажуваш милост* на илјадници,+ и за престапот на татковците им плаќаш во пазувите на нивните синови по нив,+ Боже вистински, велик+ и моќен,+ чие име е Јехова над војските.+
19 Велик си во твоите намери+ и богат во своите дела.+ Твоите очи будно ги следат сите патишта на синовите човечки,+ за да му дадеш секому според неговите патишта и според плодовите на неговите дела.+
20 Ти правеше знаци и чуда во египетската земја, кои се познати и денес и во Израел и меѓу другите луѓе,+ за да си стекнеш име, какво што имаш денес.+
21 И го изведе својот народ, Израел, од египетската земја,+ со знаци и со чуда,+ со силна рака и со подигната мишка, и со големи стравотии.+
22 И им ја даде оваа земја за која им се заколна на нивните татковци дека ќе им ја дадеш,+ земја во која тече мед и млеко.+
23 Дојдоа во неа и ја зазедоа,+ но не го послушаа твојот глас и не живееја* според твојот закон.+ Не правеа ништо од она што им го заповеда,+ па им ги нанесе сите овие неволји.+
24 Гледај, со тоа што подигна опсадни насипи,+ војската му се приближи на градот за да го освои,+ и градот ќе падне во рацете на Халдејците, кои се борат против него,+ и ќе падне од меч,+ глад+ и помор.+ Се случува она што го рече ти. Еве, и самиот го гледаш тоа.+
25 А ти, Севишен Господару Јехова, сепак ми велиш: ,Купи ја нивата за пари+ и земи сведоци‘,+ иако градот ќе биде предаден во рацете на Халдејците“.+
26 Тогаш му дојде на Еремија Јеховината реч:
27 „Гледај, јас сум Јехова, Бог на секој човек.+ Зар има за мене нешто невозможно?+
28 Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе го предадам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на Навуходоносор, царот на Вавилон, и тој ќе го освои.+
29 Халдејците, кои се борат против овој град, ќе влезат во него и ќе го запалат и ќе го изгорат со оган+ него и куќите на чии покриви му гореа приноси на Ваал и им излеваа жртви налевници на други богови за да ме навредат‘.+
30 ‚Зашто, синовите на Израел и синовите на Јуда од својата младост го прават само она што е зло во мои очи.+ Синовите на Израел ме навредуваат со делата на своите раце‘,+ вели Јехова.
31 ‚Зашто, од денот кога го изградија до ден-денес, овој град ми е само за гнев+ и за лутина, и затоа ќе го отстранам од пред своето лице,+
32 поради сето зло што го направија синовите на Израел+ и синовите на Јуда+ за да ме навредат+ — тие, нивните цареви,+ нивните кнезови,+ нивните свештеници+ и нивните пророци,+ народот на Јуда и жителите на Ерусалим.
33 Ми го свртуваа грбот, а не лицето,+ и иако ги поучував — станував рано и ги поучував — никој од нив ниту слушаше, ниту прифати поука.+
34 Ги ставаа своите гадни богови* во домот што го носи моето име, за да го осквернат.+
35 И му градеа обредни височинки на Ваал+ во долината на синот на Еном,+ за да ги водат низ оган кај Молох+ своите синови и ќерки,+ нешто кое јас никогаш не сум им го заповедал,+ ниту некогаш ми дошло на ум да прават таква гадост,+ па така да го наведат Јуда на грев.‘+
36 Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел, за овој град за кој вие велите дека од меч, глад и помор ќе падне во рацете на вавилонскиот цар:+
37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+
38 Тие ќе бидат мој народ,+ а јас ќе им бидам Бог.+
39 И ќе им дадам едно срце+ и еден пат за да се бојат од мене секогаш, за нивно добро и за доброто на нивните синови по нив.+
40 И ќе склучам со нив траен сојуз,+ дека нема да се одвратам од нив и дека ќе им правам добро.+ И ќе им го ставам во срцето стравот од мене, за да не отстапат од мене.+
41 И ќе им се радувам правејќи им добро+ и ќе ги засадам верно во оваа земја,+ со сето свое срце и со сета своја душа‘ “.
42 „Зашто, вака вели Јехова: ‚Како што ја доведов врз овој народ сета оваа голема неволја, така ќе го доведам врз нив сето добро за кое им зборувам.+
43 Ќе се купуваат ниви во оваа земја+ за која вие ќе велите: „Ова е пустош,+ без луѓе и без стока. Предадена е во рацете на Халдејците“ ‘.+
44 ‚Ќе се купуваат ниви за пари, ќе се пишуваат и ќе се запечатуваат договори+ и ќе се земаат сведоци+ во земјата на Венијамин,+ во околината на Ерусалим,+ во градовите на Јуда,+ во планинските градови, во низинските* градови+ и во јужните градови,+ зашто ќе ги вратам нивните заробеници‘,+ вели Јехова.“
Фусноти
^ Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.
^ Или: „Евреи“.
^ Буквално: „одеа“.
^ Буквално: „гадотии“.
^ Или: „шефелските“.