Езра 9:1-15

9  А кога се заврши сето тоа, ми пристапија кнезовите+ и рекоа: „Израелскиот народ, свештениците и левитите не се одвоија+ од другите народи* и од нивните гадотии,+ имено од Ханаанците,+ Хетејците,+ Ферезејците,+ Евусејците,+ Амонците,+ Моавците,+ Египќаните+ и Аморејците.+  Зашто, за себе и за своите синови+ ги земаа нивните ќерки, и така тие, светиот род,+ се смешаа+ со другите народи, а раката на кнезовите и на намесниците предводеше+ во таа неверност“.  Кога го чув тоа, си ги раскинав облеката+ и наметката и почнав да си ги кубам косите+ и брадата, и седев длабоко потресен.+  И сите што трепереа+ поради зборовите на Богот на Израел, кои тој ги кажа против неверноста на оние што се вратија од изгнанство, се собраа околу мене додека седев вчудовиден сѐ до вечерната житна жртва.+  А при вечерната житна жртва,+ станав од своето понижување и, со раскината облека и наметка, паднав на колена+ и ги раширив рацете кон Јехова, мојот Бог.+  И реков:+ „О Боже мој! Се срамам+ и непријатно ми е+ да го подигнам лицето кон тебе, Боже мој! Зашто, нашите престапи+ се намножија до преку глава и нашата вина нарасна до небото.+  Од времето на нашите прататковци+ до денес сме во голема вина,+ и поради нашите престапи бевме предадени ние, нашите цареви+ и нашите свештеници+ во рацете на земските цареви на меч,+ во заробеништво,+ како плен+ и во срам,+ како што е тоа и денес.  А сега, за миг, Јехова, Боже наш, ти ни покажуваш милост,+ па ни ги остави преживеаните+ и ни даде засолниште* во твоето свето место за да ни подариш сјај во очите,+ Боже наш, и да ни дадеш малку живот во нашето ропство.+  Зашто, ние сме слуги,+ но ти, Боже наш, не нѐ остави+ во нашето ропство, туку ни покажуваш милост,* па ја стекнавме наклоноста на царевите на Персија,+ ни даваш живот за да го подигнеме за тебе домот,+ Боже наш, и да ги обновиме неговите урнатини,+ и нѐ штитиш со каменен ѕид+ во Јуда и во Ерусалим. 10  И што да кажеме сега, Боже наш, по ова што се случи? Зашто, ги оставивме твоите заповеди+ 11  што ги даде преку своите слуги, пророците, велејќи: ‚Земјата во која одите за да ја заземете е нечиста земја поради нечистотијата на народите* што се во неа,+ поради нивните гадотии+ со кои ја наполнија од крај до крај+ во својата нечистотија.+ 12  Затоа не давајте им ги своите ќерки на нивните синови+ и не земајте ги нивните ќерки за своите синови. Никогаш немојте да придонесувате ниту за нивниот мир+ ниту за нивната благосостојба, за да станете силни+ и да го јадете она што е добро во таа земја и да ја заземете за своите синови за навек‘.+ 13  И по сето она што нѐ снајде поради нашите лоши дела+ и поради нашата голема вина — зашто ти, Боже наш, ја намали тежината на нашиот престап+ и ни ги даде овие преживеани+ 14  зар пак ќе ги кршиме твоите заповеди и ќе склучуваме бракови+ со народите што прават такви гадости?+ Нема ли толку да се разгневиш+ на нас што никој нема ниту да остане+ ниту да преживее? 15  Јехова, Боже на Израел, ти си праведен,+ зашто останавме и преживеавме, како што се гледа денес. Еве нѐ пред тебе со својата вина,+ макар што со ваква вина не можеме да стоиме пред тебе“.+

Фусноти

„Другите народи“ (и во 2. стих) — буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Буквално: „ни даде клин“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).