Езекиел 41:1-26

41  И ме одведе во Светињата* и ги измери полустолбовите: беа широки шест лакти од едната страна и шест лакти од другата страна — тоа е ширината на полустолбовите.  Влезот беше широк десет лакти, а полустолбовите на влезот беа по пет лакти на едната страна и пет лакти на другата страна. И му ја измери должината, и беше четириесет лакти, а му ја измери и ширината, и беше дваесет лакти.  Потоа влезе внатре и ги измери полустолбовите на влезот: два лакта. Ширината на влезот беше шест лакти. Полустолбовите на влезот беа широки по седум лакти.  И ја измери должината на просторијата пред Светињата, и беше дваесет лакти, а ширината ѝ беше дваесет лакти.+ Потоа ми рече: „Тоа е Светињата над светињите“.+  И го измери ѕидот на домот: шест лакти. Страничните соби беа широки по четири лакти. Ги имаше насекаде околу домот, секаде наоколу.+  Страничните соби беа една над друга, на три ката, по триесет на кат. Тие странични соби влегуваа во ѕидот на домот, секаде наоколу, за да имаат потпора, но не беа вградени во ѕидот на домот.+  Страничните соби, кои се наоѓаа наоколу, се ширеа од кат на кат, а од секоја страна на домот имаше спирални скали што водеа нагоре.+ Така ширината на просториите покрај домот се зголемуваше како што се одеше нагоре, а од долниот кат можеше да се оди на горниот,+ така што ќе се поминеше низ средниот кат.  И видов дека домот стоеше на некаква поткрената површина што го опкружуваше од сите страни. А меѓу темелите на страничните соби и спојот имаше шест лакти, една цела мерна трска.+  Ширината на надворешниот ѕид на страничните соби беше пет лакти. Околу домот, покрај ѕидот на страничните соби, имаше отворен премин. 10  Помеѓу трпезариите+ и домот имаше по дваесет лакти секаде околу домот. 11  Во страничните соби се влегуваше преку отворениот премин — едниот влез беше на север, а другиот на југ. Ширината на отворениот премин околу домот беше пет лакти. 12  Пред одделениот простор, на западната страна, имаше една зграда која беше широка седумдесет лакти. Ѕидот на таа зграда беше широк пет лакти од сите страни, и долг деведесет лакти. 13  Потоа го измери домот, и тој беше сто лакти во должина. Одделениот простор и зградата со нејзините ѕидови беа сто лакти во должина. 14  Предната страна на домот која гледаше кон исток, заедно со одделениот простор, беше широка сто лакти. 15  И ја измери зградата што беше од задната страна, покрај одделениот простор, заедно со нејзините ходници на едната и на другата страна, и беше долга сто лакти. Ги измери и Светињата и внатрешната просторија+ и предворјата што беа свртени кон дворот. 16  На сите нив имаше прагови, прозорци кои од едната страна беа потесни, а од другата пошироки,+ и ходници. Пред праговите, ѕидовите насекаде беа обложени со дрво,+ од подот до прозорците. Прозорците беа покриени. 17  Делот над влезот и внатрешноста на домот, а и неговата надворешна страна и целиот ѕид наоколу, во внатрешноста на домот и од надворешната страна, сето тоа беше по мерка — 18  врежани херувими*+ и палми,+ по една палма меѓу два херувима, а херувимите имаа по две лица.+ 19  Човечкото лице беше свртено кон палмата на едната страна, а лавовското лице кон палмата на другата страна.+ Беа врежани по целиот дом, секаде наоколу. 20  Од подот до над влезот имаше врежани херувими и палми, на ѕидот од Светињата. 21  Довратниците во Светињата беа четириаголни.+ Пред светото место го имаше и следново: 22  дрвен жртвеник, кој беше три лакти висок и два лакта долг, и имаше аголни столбови.+ По должината имаше страници од дрво. И човекот ми рече: „Ова е трпезата што стои пред Јехова“.+ 23  И Светињата и светото место имаа двокрилни врати.+ 24  Двете крила на вратата имаа по два дела што се преклопуваа. Едното крило имаше два дела и другото крило имаше два дела. 25  А на неа, на вратата од Светињата, беа врежани херувими и палми,+ како оние што беа врежани на ѕидовите. Однадвор имаше дрвен венец, над предната страна на предворјето. 26  А прозорци, кои беа од едната страна потесни, а од другата пошироки,+ и палми имаше од едната и од другата страна на ѕидовите на предворјето и на страничните соби во домот и под венецот.

Фусноти

Буквално: „храмот“, што веројатно се однесува на Светињата.
Херувими се ангели на висока положба.