Езекиел 37:1-28

37  Раката Јеховина се спушти врз мене,+ и Јехова ме доведе во својот дух+ и ме постави среде една долина што беше полна со коски.+  Ме спроведе околу нив, и гледај, ги имаше мошне многу по долината и беа многу суви.+  И ми рече: „Сине човечки, можат ли овие коски да оживеат?“ Јас одговорив: „Севишен Господару Јехова, ти го знаеш тоа“.+  Тогаш ми рече: „Пророкувај над овие коски и речи им: ‚Коски суви, чујте ја Јеховината реч!  Вака им вели Севишниот Господар Јехова на овие коски: „Еве, ќе ви вдахнам здив, и ќе оживеете.+  Ќе ви ставам жили,* ќе ве обложам со месо, ќе ве покријам со кожа и ќе ви вдахнам здив, па ќе оживеете.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘ “.+  И пророкував како што ми беше заповедано.+ И додека пророкував, се чу звук, се чу шушкање и коските почнаа да се доближуваат, секоја коска до својата коска.  И видов како на нив се појавија жили и месо и како ги покри кожа. Но во нив немаше здив.  Тогаш ми рече: „Пророкувај му на ветрот! Пророкувај, сине човечки, и речи му на ветрот: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Дојди од четирите страни,* ветру, и дувни на убиениве+ за да оживеат!“ ‘ “+ 10  И пророкував како што ми заповеда, и влезе здивот во нив, па оживеаја и застанаа на нозе+ — тоа беше војска мошне, мошне голема. 11  И ми рече: „Сине човечки, тие коски се целиот дом на Израел.+ Еве, тие велат: ‚Ни се исушија коските, ни пропадна надежта.+ Од сите сме одвоени, останавме сами‘. 12  Затоа пророкувај и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ги отворам вашите гробови+ и ќе ве изведам од вашите гробови, народе мој, и ќе ве доведам во земјата на Израел.+ 13  И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, кога ќе ги отворам вашите гробови и кога ќе ве изведам од вашите гробови, народе мој“ ‘.+ 14  ‚И ќе ви го вдахнам својот дух, па ќе оживеете,+ и ќе ве населам во вашата земја. И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, така реков и така направив‘, вели Јехова“.+ 15  И повторно ми дојде Јеховината реч: 16  „Сине човечки, земи прачка+ и напиши на неа: ‚За Јуда и за синовите на Израел, кои му се другари‘.+ Потоа земи друга прачка и напиши на неа: ‚За Јосиф, прачката на Ефрем,+ и за сиот дом на Израел, кои се негови другари‘.+ 17  И состави ги да бидат една прачка, и тие ќе станат едно во твојата рака.+ 18  А кога синовите на твојот народ ќе те прашаат: ‚Ќе ни кажеш ли што ти значи сето тоа?‘+ 19  — речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ја земам прачката на Јосиф, која е во раката на Ефрем, и племињата на Израел, неговите другари, и ќе ги ставам врз неа, врз прачката на Јуда, и ќе направам од нив една прачка,+ па ќе станат едно во мојава рака“ ‘. 20  Прачките на кои ќе пишуваш нека ти бидат во раката пред нивни очи!+ 21  И речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе ги земам синовите на Израел од народите меѓу кои отидоа и ќе ги соберам отсекаде и ќе ги доведам на нивната земја.+ 22  И ќе направам од нив еден народ во земјата,+ на израелските планини, и еден цар ќе царува над сите нив,+ и тие повеќе нема да бидат два народа, и нема да бидат поделени на две царства.+ 23  Повеќе нема да се валкаат со своите одвратни идоли,* ниту со своите гнасотии, ниту со сите свои престапи.+ И ќе ги избавам од сите нивни живеалишта во кои грешеа и ќе ги очистам,+ и ќе бидат мој народ, а јас ќе бидам нивни Бог.+ 24  Мојот слуга Давид ќе им биде цар,+ и сите ќе имаат еден пастир.+ Ќе живеат* според моите закони+ и ќе се држат за моите одредби+ и ќе ги извршуваат.+ 25  Ќе живеат во земјата што му ја дадов на својот слуга, Јаков, во која живееја вашите татковци.+ Во неа ќе живеат+ тие и нивните синови и синовите на нивните синови довека.+ И Давид, мојот слуга, ќе им биде поглавар довека.+ 26  И ќе склучам со нив сојуз за мир.+ Траен ќе биде сојузот со нив.+ Ќе ги утврдам во нивната земја и ќе ги умножам+ и ќе го поставам моето светилиште меѓу нив да биде таму засекогаш.+ 27  Мојот шатор ќе биде над нив,+ а јас ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ.+ 28  Тогаш народите ќе знаат дека јас, Јехова,+ сум го посветил Израел, кога меѓу нив ќе го поставам моето светилиште за да биде таму засекогаш“ ‘ “.+

Фусноти

Или: „тетиви“.
Буквално: „од четирите ветрови“.
Или: „лепешкави идоли“.
Буквално: „одат“.