Езекиел 17:1-24

17  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, задај му загатка+ и состави поговорка за домот на Израел!+  Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Голем орел,+ со големи крилја,+ со долги перја за летање, полн со шарени перја, дојде на Ливан+ и го зеде врвот+ на кедарот.+  Го открши врвот од неговите млади гранки и го однесе во ханаанската земја,+ и го спушти во еден трговски град.  Потоа зеде семе од онаа земја+ и го посеа на плодна нива. Како врба покрај големи води,+ го засади како врба.  Тоа изрти и израсна во разгранета лоза со низок раст,+ која не ги ширеше своите ластари од себе и чии корења сами растеа под неа. Од тоа семе израсна лоза и пушти ластари и разви гранки.+  А се појави и друг голем орел,+ со големи крилја и со големи перја за летање.+ И гледај, оваа лоза желно ги пружи своите корења кон него.+ И ги сврте своите ластари од леите во кои беше засадена и ги насочи кон него за тој да ја наводнува.+  А веќе беше посадена на плодна нива, крај големи води,+ за да пушти гранки и да раѓа род, да стане величествена лоза“ ‘.  Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Дали ќе успее?+ Зар нема кој да ѝ ги искорне корењата+ и да ѝ го упропасти плодот? Зар нема да ѝ се исушат сите ластари, штотуку откинати?+ Ќе се исушат. И без силна рака и без мноштво народ ќе ја откорнат сосе корен. 10  Гледај, иако е посадена,* дали ќе успее? Зар нема да се исуши како да ја фатил топлиот источен ветар?+ Ќе се исуши во леите во кои никнува“ ‘ “.+ 11  И повторно ми дојде Јеховината реч: 12  „Речи му, те молам, на бунтовничкиот дом:+ ‚Зар не знаете што значи тоа?‘ Речи: ‚Еве, вавилонскиот цар дојде во Ерусалим, му ги зеде царот+ и кнезовите и ги одведе кај себе во Вавилон.+ 13  И зеде еден човек од царскиот род,+ склучи сојуз со него и го обврза со заклетва,+ а ги одведе и најистакнатите луѓе од земјата,+ 14  за да го ослаби царството,+ да не може да се воздигне, туку да опстане држејќи се за неговиот сојуз.+ 15  Но овој се побуни+ против него испраќајќи ги своите гласници во Египет, барајќи од него коњи+ и многу луѓе. Дали ќе успее? Дали ќе избега оној што прави така и го раскина сојузот? Ќе избега ли навистина?‘+ 16  ‚„Како што сум жив јас,“+ вели Севишниот Господар Јехова, „кај царот што го поставил за цар оној што ја презре заклетвата,+ која му беше дадена нему, и го раскина сојузот со него, кај него во Вавилон тој ќе умре.+ 17  Ни со голема војска и ни со мноштво народ фараонот не би можел да му помогне да победи во војната,+ дури и да подигне опсаден насип и да изгради опсаден ѕид за да убие многу души.+ 18  Зашто, оној цар ја презре заклетвата+ и го раскина сојузот. Гледај, даде рака,+ а сепак го направи сето тоа. Нема да избега.“ ‘+ 19  ‚Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Како што сум жив јас, мојата заклетва што ја презре тој+ и мојот сојуз што го раскина тој ќе ги фрлам врз неговата глава. 20  Ќе ја распнам над него својата мрежа, и тој ќе се фати во мојата ловечка мрежа,+ па ќе го одведам во Вавилон и таму ќе му судам за тоа што ми беше неверен.+ 21  Сите негови бегалци од сите негови чети ќе паднат од меч, а оние што ќе преостанат, ќе бидат расфрлани на сите страни.*+ И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, реков така“.‘+ 22  ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Јас ќе земам фиданка од врвот на висок кедар и ќе ја посадам.+ Од врвот на неговите млади гранки ќе откршам фиданка+ и ќе ја посадам на висока и возвишена планина.+ 23  Ќе ја посадам на високата Израелова планина,+ и таа ќе пушти гранки и ќе донесе плод+ и ќе стане величествен кедар.+ Сите птици од секаков вид ќе живеат под него, ќе живеат во сенката на неговата крошна.+ 24  И сите полски дрвја ќе знаат дека јас, Јехова,+ го понижив високото дрво,+ а го возвишив ниското,+ дека го исушив зеленото дрво,+ а на сувото дрво му дадов повторно да процвета. Јас, Јехова, реков така и така ќе направам“ ‘ “.+

Фусноти

Или: „пресадена“.
Буквално: „во сите ветрови“. Види ја фуснотата за Ере 49:32.