Езекиел 13:1-23

13  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, пророкувај за пророците на Израел што пророкуваат+ и речи им на оние што пророкуваат од своето срце:+ ‚Чујте ја Јеховината реч!+  Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тешко на безумните+ пророци, кои одат по своето срце,*+ а ништо не гледаат!+  Твоите пророци, о Израеле, се како лисици во урнатини.+  Нема да се искачите до пукнатините за да ги браните, ниту да му подигнете каменен ѕид+ на домот на Израел за да се одржите во битката во Јеховиниот ден“.+  „Нивните виденија се невистинити и нивното гатање е лажно.+ Тие велат: ‚Ова е Јеховината реч‘, а Јехова не ги испратил. И уште очекуваат да се исполни речта.+  Зарем не се невистинити виденијата што ги гледате и зарем не се лажни гатањата што ги кажувате кога велите: ‚Ова е Јеховината реч‘, а јас не сум рекол ништо?“ ‘+  ‚Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: „ ,Затоа што зборувате невистина и во виденијата гледате лага, еве, доаѓам против вас‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.  Мојата рака ќе се подигне против пророците што во виденија гледаат невистина и гатаат лага.+ Повеќе нема да постојат во заедницата+ на мојот народ, нема да бидат впишани во пописот+ на Израеловиот дом и нема да дојдат+ во земјата на Израел. И тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова.+ 10  Така ќе биде затоа што го заведуваат мојот народ, затоа што велат: „Мир е!“ — а мир нема.+ Едните градат ѕид, а другите го премачкуваат со вар,+ но сѐ е залудно.‘+ 11  Речи им на оние што премачкуваат со вар дека тој ќе падне. Ќе падне силен пороен дожд. Ти, граду, ќе паднеш врз него. Од налетот на бурните ветрови, ѕидот ќе испука.+ 12  Еве, ѕидот ќе падне. Нема ли тогаш да ви речат: ‚Каде е варта со која го премачкавте?‘+ 13  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе направам во својот гнев да удрат бурни ветрови, во својата лутина ќе испратам силен пороен дожд, во својата јарост ќе испратам смртоносен град.+ 14  И ќе го урнам ѕидот што го премачкавте со вар, ќе го фрлам на земја, па ќе се откријат неговите темели.+ Градот ќе падне, а вие ќе загинете среде него. И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова‘.+ 15  ‚И ќе го излеам својот гнев врз ѕидот и врз оние што го варосуваа, и ќе ви речам: „Го нема повеќе ѕидот, ги нема повеќе оние што го варосуваат,+ 16  пророците на Израел што му пророкуваат на Ерусалим и во видение гледаат мир за него,+ а мир нема“ ‘, вели Севишниот Господар Јехова.+ 17  А ти, сине човечки, сврти го лицето+ кон ќерките на својот народ, кои пророкуваат+ според своето срце,+ и пророкувај против нив! 18  Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Тешко на жените што шијат ленти над секој лакт и прават превези за големи и мали глави за да уловат души!+ Зарем ги ловите душите на мојот народ, мислејќи дека ќе ги зачувате живи вашите души? 19  Зарем ме обесчестувате пред мојот народ за грст јачмен и за залак леб,+ и ги убивате душите што не би требало да умрат,+ а ги оставате живи душите што не би требало да живеат, лажејќи го мојот народ, кој слуша лага?“ ‘+ 20  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве ме против вашите ленти, со кои ги ловите душите небаре се птици. Ќе ги симнам од вашите раце и ќе ги пуштам душите што ги ловите, душите што ви се како птици.+ 21  Ќе ви ги истргнам превезите и ќе го избавам својот народ од вашите раце, и тие нема повеќе да бидат плен во вашите раце. И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 22  Затоа што со своите лаги+ го жалостите срцето на праведникот, иако јас самиот не му нанесувам болка, и го поддржувате злосторникот+ за да не се одврати од својот зол пат и така да го зачува својот живот,+ 23  повеќе нема да гледате невистина во видение+ и нема да гатате,+ а јас ќе го избавам својот народ од вашите раце.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова‘ “.+

Фусноти

Буквално: „својот дух“.