Дела на апостолите 8:1-40

8  А Савле го одобруваше неговото убиство.+ Тој ден почна големо прогонство+ на собранието во Ерусалим, па сите, освен апостолите, се распрснаа+ по јудејските и самариските краишта.  А богобојазливи луѓе го однесоа Стефан за да го погребат+ и горко плачеа за него.+  Савле, пак, се нафрли на собранието: упаѓаше од куќа во куќа, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во затвор.+  Но учениците што се распрснаа, ја објавуваа добрата вест, речта Божја, каде и да поминеа.+  Така Филип отиде во градот Самарија+ и почна да им го проповеда Христос.  А мноштвото еднодушно и внимателно го следеше она што го кажуваше Филип, слушајќи го и гледајќи ги чудата што ги правеше.  Имено, имаше мнозина такви кои беа обземени од нечисти духови,+ а тие духови излегуваа викајќи на сет глас. И мнозина парализирани+ и сакати беа излекувани.  Така настана голема радост во тој град.+  А во градот имаше еден човек, по име Симон, кој се занимаваше со гатање+ и предизвикуваше восхит кај самарискиот народ, велејќи за себе дека е голем човек.+ 10  И него го слушаа сите, од најмал до најголем, и велеа: „Овој човек е Сила Божја, Сила Голема“. 11  А го слушаа затоа што веќе доста долго време предизвикуваше восхит кај нив со своето гатање. 12  Но кога му поверуваа на Филип, кој ја објавуваше добрата вест за Божјето царство+ и за името на Исус Христос, се крштаваа и мажи и жени.+ 13  А и Симон стана верник, се крсти и непрестајно беше покрај Филип.+ Се восхитуваше додека ги гледаше чудесните знаци и големите и моќни дела* што се случуваа. 14  А кога апостолите во Ерусалим чуја дека Самарија ја прифатила Божјата реч,+ ги испратија кај нив Петар и Јован. 15  Тие дојдоа и се молеа за нив да добијат свет дух.+ 16  Всушност, духот уште не беше слегол на никого од нив, туку само беа крстени во името на Господарот Исус.+ 17  Тогаш полагаа раце врз нив+ и тие примаа свет дух. 18  А кога виде дека луѓето примаат дух кога апостолите ќе ги положат рацете врз нив, Симон им понуди пари+ 19  и рече: „Дајте ми ја и мене таа моќ, та секој, врз кого ќе ги положам рацете, да прими свет дух!“ 20  Но Петар му рече: „Твоето сребро нека пропадне со тебе, зашто мислеше со пари да го стекнеш Божјиот дар!+ 21  Ти немаш ни најмал удел во ова, зашто твоето срце не е право пред Бог.+ 22  Затоа покај се поради таа своја злоба и сесрдно моли го Јехова+ за да ти биде простена умислата на твоето срце, 23  зашто гледам дека си полн со отровна жолчка+ и со неправедност!“+ 24  Тогаш Симон му рече: „Вие сесрдно молете му се на Јехова за мене,+ за да не дојде на мене ништо од тоа што го рековте“. 25  Кога дадоа темелно сведоштво и ја кажаа Јеховината реч, се вратија во Ерусалим, објавувајќи им ја добрата вест на многу самариски села.+ 26  А Јеховиниот ангел+ му се обрати на Филип: „Стани и оди кон југ по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа!“ (Тој пат е пуст.) 27  Тогаш тој стана и појде. И сретна еден Етиопјанец,+ дворјанин, висок достоинственик на кандакијата,* етиопската царица, кој беше над целата нејзина ризница. Тој беше дошол во Ерусалим да му се поклони на Бог,*+ 28  а сега се враќаше. Седеше во својата кола и на глас го читаше пророкот Исаија.+ 29  А духот му рече+ на Филип: „Стигни ја таа кола и не оддалечувај се од неа“. 30  Тогаш Филип притрча и го чу како на глас го чита пророкот Исаија, па го запраша: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ 31  А тој одговори: „Како ќе го разберам ако никој не ме упати?“ И го замоли Филип да се качи и да седне до него. 32  А ги читаше овие зборови од Писмото: „Како овца го одведоа на колење. Како јагне, немо пред оној што го стриже, не ја отвора својата уста.+ 33  Во неговото понижување беше лишен од праведен суд.+ Кој ќе ги раскаже поединостите за неговото потекло? Зашто, животот му е одземен од земјата“.+ 34  Тогаш дворјанинот му рече на Филип: „Те молам, кажи ми за кого пророкот го вели ова? За себе или за некој друг?“ 35  А Филип проговори+ и, почнувајќи од тие зборови од Писмото,+ му ја објави добрата вест за Исус. 36  И додека одеа по патот, дојдоа до една вода, а дворјанинот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?“+ 37  * —— 38  И заповеда колата да запре, па обајцата слегоа во водата, и Филип и дворјанинот. И Филип го крсти. 39  А кога излегоа од водата, Јеховиниот дух го одведе Филип+ и дворјанинот повеќе не го виде, туку радосно отиде по својот пат. 40  А Филип се најде во Азот. И минувајќи таму, им ја објавуваше+ добрата вест на сите градови додека не стигна во Цезареја.+

Фусноти

Или: „големи чуда“.
Титула на етиопските царици (како што „фараон“ е титула на египетските владетели).
Или: „да искаже почит кон Бог; да изврши чин на обожавање на Бог“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.