Дела на апостолите 21:1-40

21  А кога со тешко срце се разделивме од нив, испловивме. Пловејќи право, дојдовме во Кос, а утредента во Родос, па оттаму во Патара.  И откако најдовме брод што одеше за Феникија, се качивме и отпловивме.  Кога го здогледавме Кипар,+ го оставивме одлево и пловевме понатаму кон Сирија+ и застанавме во Тир, бидејќи таму бродот требаше да биде растоварен.+  Ги пронајдовме учениците и останавме таму седум дена. А тие, поттикнати од духот,+ го наговараа Павле да не оди во Ерусалим.  А кога нашиот престој се приближи кон крајот, заминавме оттаму и продолживме по патот. Сите тие, заедно со жените и децата, нѐ следеа сѐ додека не излеговме од градот. На брегот клекнавме,+ се помоливме  и се простивме+ едни од други. Ние се качивме на бродот, а тие се вратија дома.  Потоа отпловивме од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и останавме со нив еден ден.  Утредента отпатувавме и стигнавме во Цезареја.+ Влеговме во куќата на Филип, проповедникот на добрата вест,* кој беше еден од седумтемина,+ и останавме кај него.  Тој имаше четири ќерки, девици, кои пророкуваа.+ 10  Додека престојувавме таму, а останавме доста денови, од Јудеја дојде еден пророк по име Агав.+ 11  И отако дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза нозете и рацете и рече: „Вака вели светиот дух: ‚Сопственикот на овој појас вака ќе го врзат+ Евреите во Ерусалим и ќе го предадат+ во рацете на незнабошците‘ “. 12  Кога го чувме тоа, и ние и оние што беа од тоа место почнавме да го молиме да не оди+ во Ерусалим. 13  Тогаш Павле рече: „Зошто плачете+ и му го отежнувате на моето срце заминувањето?+ Верувајте, готов сум не само да бидам окован туку и да умрам+ во Ерусалим за името на Господарот* Исус“. 14  И откако не дозволи да го разубедат, се смиривме со зборовите: „Нека биде Јеховината волја!“+ 15  По овие денови се подготвивме и тргнавме во Ерусалим.+ 16  Со нас одеа и некои ученици од Цезареја+ за да нѐ одведат кај човекот во чиј дом требаше да отседнеме, кај некојси Мнасон од Кипар, еден од првите ученици. 17  Кога стигнавме во Ерусалим,+ браќата радосно нѐ примија.+ 18  Утредента Павле отиде со нас кај Јаков.+ Таму беа и сите старешини. 19  Ги поздрави и потоа подробно ги извести+ за она што Бог го направи меѓу незнабошците преку неговата служба.+ 20  Кога го чуја тоа, почнаа да го слават Бог, а нему му рекоа: „Гледаш, брате, колку илјади верници има меѓу Евреите, и сите тие ревносно се држат за Законот.+ 21  Но слушнаа за тебе дека сите Евреи што се меѓу незнабошците ги поучуваш да отстапат од Мојсеј,+ велејќи им да не ги обрежуваат+ децата и да не живеат според еврејските обичаи. 22  Што да правиме сега? Тие бездруго ќе чујат дека си дошол. 23  Затоа направи го ова што ти го велиме: имаме четворица луѓе кои се под завет. 24  Поведи ги тие луѓе,+ исчисти се обредно заедно со нив и плати за нив+ да си ги избричат главите.+ Така сите ќе знаат дека нема ништо во она што го чуле за тебе, туку дека си на правиот пат и дека се држиш за Законот.+ 25  А што се однесува до верниците од другите народи,* ја испративме нашата одлука: треба да се воздржуваат од она што е жртвувано на идоли,+ од крв,+ од удавено+ и од блуд“.+ 26  Така Павле утредента ги поведе тие луѓе, се исчисти обредно заедно со нив+ и влезе во храмот за да го објави крајот на деновите+ на обредно чистење, кога треба да се принесе приносот+ за секого од нив.+ 27  А кога се приближија кон крајот на тие седум+ дена одредени за чистење, Евреите од Азија го видоа во храмот, го возбунтуваа целиот народ+ и го фатија, 28  викајќи: „Луѓе Израелци, помогнете! Ова е човекот кој сите насекаде ги учи против нашиот народ,+ против Законот и против ова место, па уште ги доведе и Грците во храмот и го извалка ова свето место“.+ 29  Имено, претходно го видоа Ефешанецот Трофим+ со него во градот, па си мислеа дека Павле го внел во храмот. 30  И целиот град се вознемири+ и народот се стрча. Го фатија Павле и го одвлекоа од храмот.+ И веднаш ја затворија вратата. 31  И додека се готвеа да го убијат, до илјаданачалникот на четата стигна вест дека во целиот Ерусалим владее метеж.+ 32  Тој веднаш зеде војници и стотници и дотрча кај нив.+ Кога ги здогледаа илјаданачалникот+ и војниците, престанаа да го тепаат Павле. 33  Тогаш илјаданачалникот пристапи, го фати и заповеда да го оковаат во двојни синџири.+ И почна да испрашува кој е тој и што направил. 34  А во мноштвото едни викаа едно, а други друго.+ Поради тоа што од вревата не можеше да дознае ништо точно, заповеда да го одведат во касарната.+ 35  А кога Павле дојде на скалите, војниците мораа да го носат за да го заштитат од насилната толпа, 36  бидејќи мноштвото народ постојано одеше по него и викаше: „Погуби го!“+ 37  Токму кога требаше да го доведат во касарната, Павле му рече на илјаданачалникот: „Смеам ли нешто да ти кажам?“ А тој одговори: „Зарем знаеш грчки? 38  Зарем не си ти оној Египќанецот кој пред некое време предизвика бунт+ и ги изведе во пустината четирите илјади вооружени бунтовници?“* 39  Тогаш Павле рече: „Јас сум Евреин,+ од Тарс+ во Киликија, граѓанин на прочуен град. Те молам, дозволи ми да му се обратам на народот!“ 40  Кога му дозволи, Павле, стоејќи на скалите, му даде на народот знак со раката.+ Кога настана голема тишина, им се обрати на хебрејски јазик:+

Фусноти

Или: „Филип, мисионерот“.
Види го додатокот 11.
Или: „од незнабошците“.
Или: „четирите илјади сикарии (атентатори)“.