Јоил 2:1-32
2 „Затрубете во рог на Сион+ и огласете се со воен повик+ на мојата света гора.+ Нека треперат сите жители на оваа земја,+ зашто доаѓа Јеховиниот ден,+ зашто е близу!
2 Тоа е ден на темнина и мрак,+ ден на облаци и на густа темнина. Личи на светлината в зори што се шири по планините.+
Еве, народ броен и моќен,+ народ каков што никогаш немало+ и нема повеќе да го има во ниту едно идно поколение.
3 Пред него оган изедува,+ а зад него пламен проголтува.+ Пред него земјата е како градината Еден,+ а зад него гола пустелија. Ништо не му бега.
4 Сите од тој народ личат на коњи, а трчаат како бојни коњи.+
5 Кога скокаат, како да тропотат коли по ридските врвови,+ како да потпукнува распламтен оган кога проголтува стрниште.+ Тие се како моќен народ построен во борбени редови.+
6 Поради нив, народите ќе бидат во тешки болки+ и на сите ќе им се чита тегоба на лицето.+
7 Трчаат како јунаци.+ Се качуваат на ѕид како војници, и секој оди по својот пат и не скршнува од својата патека.+
8 Не се туркаат еден со друг. Како силен човек на својата патека, тие продолжуваат напред. Па дури и некои да паднат меѓу стрелите, другите не се откажуваат.
9 Навалуваат во градот. Трчаат на ѕидот. Се качуваат на куќите. Влегуваат како крадци низ прозорците.
10 Пред нив земјата се тресе, небото трепери. Сонцето и месечината потемнуваат,+ а ѕвездите го повлекуваат својот сјај.+
11 Јехова ќе го пушти својот глас+ пред својата војска,+ зашто неговиот логор е многу голем.+ Моќен е оној што ја извршува својата реч, зашто Јеховиниот ден е голем+ и многу страшен. Кој може да опстане?“+
12 „Затоа сега,“ вели Јехова, „вратете се кај мене со сето свое срце,+ со пост,+ со плачење и со тажење.+
13 Раскинете ги срцата,+ а не облеката!+ Вратете се кај Јехова, вашиот Бог, зашто тој е милостив и милосрден,+ бавен на гнев+ и полн со милост,*+ и ќе му биде жал поради несреќата.+
14 Кој знае дали нема да се одврати, да се сожали+ и да остави благослов,+ житна жртва и жртва налевница за Јехова, вашиот Бог?
15 Затрубете во рог на Сион!+ Прогласете свет пост!+ Свикајте свечен собир!+
16 Соберете го народот! Посветете ја заедницата!*+ Свикајте ги старците! Соберете ги децата и доенчињата!+ Младоженецот нека излезе од својата соба и невестата од својата свадбена одаја!
17 Меѓу предворјето и жртвеникот+ нека плачат свештениците, слуги на Јехова, и нека кажат: ‚Сожали го, Јехова, својот народ, и не предавај го своето наследство на срам,+ па да владеат народите над него. Зошто да се зборува меѓу народите: „Каде е нивниот Бог?“ ‘+
18 И Јехова ќе биде ревносен за својата земја+ и ќе му се смилува на својот народ.+
19 Јехова ќе му одговори и ќе му рече на својот народ: ‚Еве, ви праќам жито, младо вино и масло, и со тоа ќе се наситите.+ Нема повеќе да дозволам да ве срамотат меѓу народите.+
20 И оној од север+ ќе го протерам далеку од вас и ќе го растерам по безводна и запустена земја. Ќе му го свртам лицето кон источното море,+ а грбот — кон западното.+ Неговата смрдеа ќе се крене, неговата реа ќе се крева,+ зашто Бог ќе направи големо дело‘.
21 Не плаши се, земјо! Радувај се и весели се, зашто Јехова ќе направи големо дело.+
22 Не плашете се, полски ѕверови,+ зашто пасиштата во пустелијата ќе се зазеленат,+ дрвото ќе го даде својот плод,+ смоквата и лозата ќе го дадат својот род.+
23 И вие, синови на Сион, веселете се и радувајте му се на Јехова, вашиот Бог,+ бидејќи ќе ви даде есенски дожд во права мера+ и ќе излее врз вас дожд, дожд есенски и пролетен, како и порано.+
24 И ќе се наполнат гумната со исчистено жито, а од каците ќе се прелева младо вино и масло.+
25 Ќе ви ги надоместам годините што ги изедоа скакулецот, младиот бескрилен скакулец, лебарката и гасеницата — мојата голема војска што ја испратив кај вас.+
26 Ќе јадете, и ќе се наситите со јадење,+ па ќе го фалите името на Јехова, вашиот Бог,+ кој со вас постапуваше на чудесен начин.+ Никогаш повеќе мојот народ нема да биде посрамен.+
27 И тогаш ќе знаете дека јас сум сред Израел+ и дека јас сум Јехова, вашиот Бог, и дека нема друг.+ Никогаш повеќе мојот народ нема да биде посрамен.
28 Потоа ќе излеам од својот дух+ на најразлични луѓе,+ и вашите синови и ќерки+ ќе пророкуваат, вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите младичи ќе гледаат виденија.
29 Дури и на слугите и на слугинките ќе излеам од својот дух во оние денови.+
30 И ќе дадам предзнаци на небото+ и на земјата, крв, оган и столбови од дим.+
31 Сонцето ќе се претвори во темнина+ и месечината во крв,+ пред да дојде големиот и страшен Јеховин ден.+
32 И секој што ќе го повика името на Јехова ќе биде спасен,+ бидејќи оние што се избавени, како што рече Јехова, ќе бидат на гората Сион+ и во Ерусалим. Ќе бидат и меѓу преживеаните, кои Јехова ги повикува.“+