Јов 8:1-22

8  Тогаш Вилдад од Суј+ одговори:   „До кога ќе зборуваш така?+Зборовите од твојата уста се само силен ветар!+   Зарем Бог ја извртува правдата?+Зарем Семоќниот ја извртува праведноста?+   Твоите синови му згрешиле нему,па затоа тој ги предава во рацете на нивниот престап.   Но, да го побараше Бога+и да го замолеше Семоќниот за милост,   да беше чист и честит,+тој поради тебе досега веќе ќе се разбудешеи ќе го обновеше твоето праведно живеалиште.   Твојот почеток можеби бил мал,но твојот крај подоцна ќе биде многу голем.+   Прашај ги, те молам, поранешните поколенија,+размисли за она што го разбрале нивните татковци.+   Зашто, ние сме од вчера+ и не знаеме ништо,бидејќи нашите денови на земјата се како сенка.+ 10  Нема ли да те поучат тие, нема ли да ти кажат,нема ли да изнесат зборови од своето срце? 11  Зарем папирусната трска+ ќе порасне таму каде што нема мочуриште?Зарем трската ќе порасне таму каде што нема вода? 12  Уште додека е пупка, уште некосена,ќе се исуши пред секоја друга трева.+ 13  Такви се патиштата на секој што го заборава Бог+— пропаѓа надежта на отпадникот+ 14  на секој чија надеж е пресечена,чија доверба е куќа пајакова.+ 15  Ќе се потпре на својата куќа, но таа нема да стои;ќе се фати за неа, но таа нема да издржи. 16  Се зеленее на сонцето,и по целата негова градина бујно растат фиданките.+ 17  Корењата му се испреплетени во грамада камења,гледа куќа од камења. 18  Ако го искорне некој од неговото живеалиште,+тоа ќе се одрече од него и ќе рече: ‚Никогаш не сум те видел!‘+ 19  Ете, така исчезнува неговиот пат,+а од правта никнуваат други. 20  Гледај, Бог нема да отфрли никого кој е беспрекорени нема да ги фати за рака оние што прават зло. 21  На крајот ќе ја наполни твојата уста со смеаи твоите усни со радосни извици. 22  А оние што те мразат ќе се облечат во срам,+и шаторите на злосторниците ќе ги нема“.

Фусноти