Јов 10:1-22

10  Ѝ одмилеа животот на мојата душа.+Отворено ќе ја изразам грижата што ја чувствувам поради својата состојба.Ќе зборувам од горчина во душата.   Ќе му речам на Бог: ‚Немој да ме прогласиш за зол!‘Објасни ми зошто се спориш со мене!   Имаш ли корист од тоа што правиш неправда,+што го отфрлаш делото од трудот на своите раце+и со благонаклоност гледаш на намерите на злите?   Дали имаш телесни очи?+Гледаш ли ти како што гледа смртен човек?+   Дали се твоите денови како деновите на смртниот човек,+и твоите години како човечките денови,   па трагаш по мојот престапи го бараш мојот грев?+   И го правиш тоа иако знаеш дека не сум виновен,+а нема кој да ме избави од твојата рака.+   Твоите раце го обликуваа и го направија+секое мое делче, а сега ме проголтуваш.   Сети се, те молам, дека си ме направил од глина+и ќе ме вратиш во прав.+ 10  Зар не ме излеа како млекои направи да се згуснам како сирење?+ 11  Ме облече со кожа и со месо,ме сплете со коски и со жили.+ 12  Ми подари живот и милост.*+Твојата грижливост+ го чува мојот дух. 13  Но, во своето срце ти го скри ова,и добро знам дека тоа беше твојата намера. 14  Ако сум згрешил, а ти си ме гледал+и не мислиш дека сум невин за мојот престап,+ 15  ако сум виновен, тешко мене!+А ако имам право, не смеам да кренам глава+сит со срам и напоен со неволја.+ 16  Ако се возгордее мојата глава,+ ти ќе ме гониш како млад лав,+и пак ќе го покажеш на мене своето величество. 17  Пред мене ќе доведеш нови сведоции твојот гнев кон мене ќе биде уште поголем.Неволја по неволја ме снаоѓа. 18  Зошто ме извади од мајчината утроба?+Камо да издивнев, па да не ме видеше ниту едно око! 19  Ќе бев како да не сум постоел никогаш,од мајчината утроба ќе ме однесеа в гроб!‘ 20  Зарем не се малку моите денови?+ Нека ме пушти,нека го одврати погледот од мене, да се разведрам+ малку 21  пред да отидам онаму од каде што нема да се вратам,+во земјата на мракот и на густата темнина,+ 22  во земја црна како темнината, земја на густата темнинаи на безредието, каде што светлината е иста со темнината!“

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.