5. Мојсеева 29:1-29

29  Тоа се зборовите на сојузот што го склучи Мојсеј со синовите на Израел во моавската земја по Јеховина заповед, покрај сојузот што го склучи со нив на Хорив.+  И Мојсеј ги повика сите Израелци и им рече: „Видовте сѐ што им направи Јехова пред ваши очи во египетската земја на фараонот, на сите негови слуги и на целата негова земја,+  големите испити што ги видоа твоите очи,+ оние големи знаци и чуда.+  Но до денешен ден Јехова не ви даде разборито срце за да сфатите, очи да видите и уши да чуете.+  ‚Додека ве водев низ пустината четириесет години,+ не ви се излити облеката, ниту ви изветвеа сандалите на нозете.+  Не јадевте леб,+ не пиевте вино и опоен пијалак, за да знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог.‘  И кога дојдовте на ова место, Сихон, царот на Есевон,+ и Ог,+ царот на Васан, излегоа пред нас за да започнат битка, но ги поразивме.+  Потоа ја зедовме нивната земја и им ја дадовме во наследство на племето на Рувим и на племето на Гад и на половината племе на Манасија.+  Затоа држете ги зборовите на овој сојуз и постапувајте според нив за да бидете успешни во сѐ што правите.+ 10  Денес стоите пред Јехова, својот Бог, сите вие, поглаварите на вашите племиња, вашите старешини и вашите управители, сите мажи во Израел,+ 11  вашите деца, вашите жени+ и дојденецот+ што живее со тебе среде твојот логор, од оној што ти сече дрва до оној што ти носи вода,+ 12  за да стапите во сојуз+ со Јехова, својот Бог, сојуз потврден со заклетва, кој Јехова, твојот Бог, го склучува со тебе денес+ 13  за да направи од тебе денес свој народ+ и тој да биде твој Бог,+ како што ти вети тебе и како што им се заколна на твоите прататковци Авраам,+ Исак+ и Јаков.+ 14  Овој сојуз, потврден со заклетва, не го склучувам само со вас+ 15  туку и со секој што стои денес овде со нас пред Јехова нашиот Бог, и со оние што денес не се овде со нас.+ 16  Зашто, добро знаете како живеевме во египетската земја и како поминавме среде народите.+ И додека поминувавте меѓу нив, 17  ги видовте нивните гнасотии и нивните одвратни идоли*+ од дрво и камен, од сребро и злато, што ги имаа. 18  Меѓу вас да нема маж, ниту жена, ниту семејство, ниту племе на кое срцето би му се одвратило од Јехова, нашиот Бог, па да оди и да им служи на боговите на оние народи.+ Меѓу вас да нема корен што ќе дава отровен плод и пелин.+ 19  Ако некој ги чуе зборовите на оваа заклетва+ и се благослови себеси во своето срце, велејќи: ‚Ќе имам мир+ и покрај тоа што ќе одам по желбите на своето тврдокорно срце‘,+ и тоа со намера да сотре сѐ, и натопената почва и онаа што е сува, 20  Јехова нема да му го прости тоа,+ туку Јехова ќе пламне од гнев+ и од лутина+ против тој човек,+ и сите проклетства запишани во оваа книга+ ќе дојдат врз него и Јехова ќе го избрише неговото име од под небото. 21  Така Јехова ќе го одвои,+ на негова пропаст, од сите Израелови племиња, според сите проклетства на сојузот што се запишани во оваа книга на законот. 22  Идното поколение, вашите синови што ќе дојдат по вас, и туѓинецот што ќе дојде од далечна земја ќе прашаат, кога ќе ги видат неволјите во оваа земја и нејзините болести што ѝ ги нанесува Јехова,+ 23  сулфур, сол+ и палеж,+ така што на целата земја ништо не се сее и ништо не никнува, ниту, пак, некакви растенија растат на неа, како кога беа уништени Содом и Гомор,+ Адма+ и Севоим,+ кои Јехова ги уништи во својот гнев и во својата лутина,+ 24  навистина, сите народи ќе прашуваат: ‚Зошто Јехова ѝ направи на оваа земја такво нешто?+ Зошто е тој гнев толку жесток и силен?‘ 25  Тогаш ќе им одговорат: ‚Затоа што го оставија сојузот+ што Јехова, Богот на нивните прататковци, го склучи со нив кога ги изведе од египетската земја.+ 26  И отидоа да им служат на други богови и да им се клањаат, на богови кои не ги познаваа и кои тој не им ги одреди.+ 27  Тогаш Јехова пламна од гнев против оваа земја и ги пушти врз неа сите проклетства запишани во оваа книга.+ 28  Затоа Јехова ги искорна од нивната земја во гнев,+ во јарост и во голема лутина, и ги фрли во друга земја, каде што се до ден-денес‘.+ 29  Она што е скриено+ му припаѓа на Јехова, нашиот Бог, а она што е откриено+ ни припаѓа нам и на нашите синови довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.+

Фусноти

Или: „лепешкави идоли“.