5. Мојсеева 23:1-25
23 Ниту еден човек+ кој е осакатен така што му се здробени семениците+ или му е отсечен половиот орган, не смее да биде примен во Јеховината заедница.
2 Во Јеховината заедница не смее да биде примен ниту некој незаконски+ син. Никој од неговите не смее да биде примен во Јеховината заедница дури ни до десеттото колено.
3 Ниту Амонец ниту Моавец не смее да биде примен во Јеховината заедница.+ Никој од нивните не смее да биде примен во Јеховината заедница ни до десеттото колено, довека,
4 зашто не ви дојдоа на помош+ со леб и со вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет,+ и затоа што го најмија против тебе Валаам, синот на Веор, од Петор во Месопотамија,* за да те проколне.+
5 Но Јехова, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаам,+ туку Јехова, твојот Бог, за тебе го претвори проклетството во благослов,+ зашто Јехова, твојот Бог, те сакаше.+
6 Не придонесувај за нивниот мир, ниту за нивната благосостојба во сите свои денови довека.+
7 Не гнаси се од Едомец, зашто тој ти е брат.+
Не гнаси се од Египќанец, зашто беше дојденец во неговата земја.+
8 Синовите што ќе им се родат во третото колено смеат да бидат примени во Јеховината заедница.
9 Ако појдеш со војска против своите непријатели, чувај се од секое зло.+
10 Ако некој меѓу вас стане нечист поради ноќен излив,+ нека излезе од логорот. Не смее да влезе во логорот.+
11 А приквечер, нека се измие со вода, па по заоѓањето на сонцето може да влезе во логорот.+
12 Имај скришно место надвор од логорот, место каде што ќе вршиш нужда.
13 Во својата опрема имај и лопатка, па кога ќе излезеш да вршиш нужда, со неа ископај дупка, па сврти се и покриј го својот измет.+
14 Зашто, Јехова, твојот Бог, оди среде твојот логор за да те избави+ и да ти ги предаде твоите непријатели.+ Затоа, твојот логор нека биде свет,+ за да не се најде кај тебе ништо недолично, и тој да не се одврати од тебе.+
15 Не предавај го робот на неговиот господар кога ќе пребега кај тебе откај својот господар.+
16 Нека остане со тебе во кое и да е место што ќе го избере во еден од твоите градови,+ таму каде што сака. Не постапувај лошо со него.+
17 Храмска блудница+ да нема меѓу Израеловите ќерки и храмски блудник*+ да нема меѓу Израеловите синови.
18 Не донесувај блудничка плата+ ниту цена од пес*+ во домот на Јехова, својот Бог, за никаков завет, зашто двете му се одвратни на Јехова, твојот Бог.
19 Не барај камата+ од својот брат: ни камата за пари, ни камата за храна,+ ни камата за што и да е друго за кое се бара камата.
20 Од туѓинец+ смееш да бараш камата, но од својот брат не смееш да бараш камата+ за да те благослови Јехова, твојот Бог, во сето она со кое ќе се зафатиш во земјата во која одиш за да ја заземеш.+
21 Ако му заветуваш некаков завет на Јехова,+ својот Бог, не одолговлекувај со исполнувањето,+ зашто Јехова, твојот Бог, ќе бара од тебе да го исполниш. Ако не го исполниш, тоа ќе ти биде грев.+
22 А ако не се заветуваш, тоа нема да ти биде грев.+
23 Изврши го она што ќе ти мине преку усните+ и направи сѐ што си му заветувал на Јехова, својот Бог, како доброволна жртва што си ја кажал со своите усни.+
24 Ако влезеш во лозјето на својот ближен, јади грозје додека не се насити твојата душа, но не ставај ништо во својот сад.+
25 Ако влезеш во неожнеаното жито на својот ближен, со рака смееш да кинеш класје, но немој да замавнеш со срп во житото на својот ближен.+
Фусноти
^ Или, според хебрејскиот јазик: „Арам-Нахараим“.
^ Односно машко дете кое го искористуваат за задоволување на некоја сексуално изопачена желба.
^ По сѐ изгледа дека изразот „пес“ се однесува на хомосексуалец што има анални полови односи и е особено склон кон машки деца.