4. Мојсеева 33:1-56

33  Ова се патувањата на синовите на Израел, кои излегоа од египетската земја+ по своите чети+ под водството на Мојсеј и Арон.+  По наредба на Јехова, Мојсеј ги бележеше појдовните точки на нивното патување. Ова се нивните патувања од една појдовна точка до друга:+  тргнаа од Рамзес+ во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец.+ Утредента, веднаш по Пасхата,+ синовите на Израел излегоа со подигнати тупаници пред очите на сите Египќани,+  додека Египќаните ги закопуваа оние што Јехова ги погуби меѓу нив, сите првородени.+ И така Јехова изврши суд над нивните богови.+  Значи, синовите на Израел тргнаа од Рамзес+ и се улогорија во Сокот.+  Потоа заминаа од Сокот и се улогорија во Етам,+ кој е на работ од пустината.  Откако заминаа од Етам, свртија кон Пи-Аирот,+ кој се наоѓа спроти Ваал-Сефон,+ и се улогорија пред Мигдол.+  Потоа заминаа од Пи-Аирот и поминаа среде морето+ кон пустината.+ Патуваа три дена по пустината Етам,+ а потоа се улогорија во Мара.+  Откако заминаа од Мара, дојдоа во Елим.+ А во Елим имаше дванаесет извори на вода и седумдесет палми. И тука се улогорија. 10  Потоа си отидоа од Елим и се улогорија покрај Црвеното Море. 11  Откако заминаа од Црвеното Море, се улогорија во пустината Син.+ 12  Потоа си отидоа од пустината Син и се улогорија во Дофка. 13  Откако заминаа од Дофка, се улогорија во Елус. 14  Потоа заминаа од Елус и се улогорија во Рафидин.+ Таму народот немаше вода за пиење. 15  Откако заминаа од Рафидин, се улогорија во Синајската Пустина.+ 16  Потоа тргнаа од Синајската Пустина и се улогорија во Киврот-Атава.+ 17  Откако заминаа од Киврот-Атава, се улогорија во Асирот.+ 18  Потоа си отидоа од Асирот и се улогорија во Ритма. 19  Откако заминаа од Ритма, се улогорија во Римон-Фарес. 20  Потоа си отидоа од Римон-Фарес и се улогорија во Ливна. 21  Откако заминаа од Ливна, се улогорија во Риса. 22  Потоа си отидоа од Риса и се улогорија во Келата. 23  А откако заминаа од Келата, се улогорија на планината Сафер. 24  Потоа си отидоа од планината Сафер и се улогорија+ во Харад. 25  Откако заминаа од Харад, се улогорија во Макелот. 26  А откако заминаа+ од Макелот, се улогорија во Тахат. 27  Потоа си отидоа од Тахат и се улогорија во Тара. 28  Откако заминаа од Тара, се улогорија во Митка. 29  Потоа си отидоа од Митка и се улогорија во Асемон. 30  Потоа си отидоа од Асемон и се улогорија во Мосера. 31  Откако заминаа од Мосера, се улогорија во Вене-Јакан.+ 32  Потоа си отидоа од Вене-Јакан и се улогорија во Хор-Агидгад. 33  Откако заминаа од Хор-Агидгад, се улогорија во Јотват.+ 34  Потоа си отидоа од Јотват и се улогорија во Аврона. 35  Откако заминаа од Аврона, се улогорија во Есион-Гавер.+ 36  Потоа си отидоа од Есион-Гавер и се улогорија во пустината Зин,+ односно во Кадис. 37  Потоа тргнаа од Кадис и се улогорија на планината Хор,+ на границата од едомската земја. 38  А свештеникот Арон се искачи на планината Хор по наредба на Јехова и таму умре во четириесеттата година од излегувањето на Израеловите синови од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од тој месец.+ 39  Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Хор. 40  А царот на Арад,+ Ханаанец кој живееше во Негев,+ во ханаанската земја, чу дека доаѓаат синовите на Израел. 41  Потоа си отидоа од планината Хор+ и се улогорија во Селмон. 42  Откако заминаа од Селмон, се улогорија во Фунон. 43  Потоа си отидоа од Фунон и се улогорија во Овот.+ 44  Откако заминаа од Овот, се улогорија во Ије-Аварим,* на границата со Моав.+ 45  Потоа си отидоа од Ијим и се улогорија во Девон-Гад.+ 46  Откако заминаа од Девон-Гад, се улогорија во Алмон-Дивлатаим. 47  Потоа си отидоа од Алмон-Дивлатаим+ и се улогорија на аваримските планини,+ пред Нево.+ 48  На крајот си отидоа од аваримските планини и се улогорија во пустелијата, во моавските рамници,+ покрај Јордан, спроти Ерихон. 49  И логоруваа покрај Јордан од Вет-Есимот+ до Авел-Ситим,+ во пустелијата, во моавските рамници. 50  И во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан, спроти Ерихон,+ Јехова му рече на Мојсеј: 51  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Поминете преку Јордан во ханаанската земја+ 52  и истерајте ги од пред себе сите жители на таа земја, уништете ги сите нивни камени статуи,+ уништете ги сите нивни леани ликови+ и опустете ги сите нивни свети височинки.+ 53  И заземете ја таа земја и живејте во неа, бидејќи вам ви ја давам да ја заземете.+ 54  Со ждрепка+ разделете ја земјата во наследство по своите семејства.+ На побројното семејство зголемете му го наследството, а на помалото намалете му го наследството.+ Каде кому ќе му се падне ждрепката, тоа нека биде негово.+ По племињата на своите татковци разделете си ја земјата.+ 55  Ако не ги истерате од пред себе жителите на таа земја,+ тогаш оние што ќе ги оставите ќе ви бидат како боцки во очите и како трње во слабините, и ќе ве угнетуваат во земјата во која ќе живеете.+ 56  И она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам‘ “.+

Фусноти

Буквално: „Ијим (Урнатини) на Аварим“. Во 45. стих се нарекува скратено „Ијим“. Види ја фуснотата за 4Мо 21:11.