4. Мојсеева 30:1-16

30  Потоа Мојсеј им рече на племенските поглавари+ на синовите на Израел: „Вака заповеда Јехова:  Ако некој човек му се заветува+ на Јехова или со заклетва+ ја обврзе својата душа со завет за воздржување,+ не смее да го прекрши својот збор.+ Нека направи сѐ што ќе излезе од неговата уста.+  Ако некоја жена во својата младост, додека е уште во куќата на татка си, му се заветува на Јехова+ или се обврзе со завет за воздржување,  а татко ѝ чуе за нејзиниот завет или за заветот за воздржување со кој ја обврзала својата душа, па не ѝ рече ништо, тогаш важат сите нејзини завети и секој завет за воздржување+ со кој ја обврзала својата душа.  Но, ако на тој ден кога ќе чуе за нив, татко ѝ ѝ ги забрани сите нејзини завети или заветите за воздржување со кои ја обврзала својата душа, тогаш тие не важат, но Јехова ќе ѝ прости, бидејќи татко ѝ ѝ забранил.+  Ако се омажи додека е под својот завет+ или под непромисленото ветување што го дала со својата уста, а со кое ја обврзала својата душа,  па нејзиниот маж чуе за тоа и не ѝ рече ништо на тој ден кога ќе чуе за нив, тогаш важат нејзините завети и заветите за воздржување со кои ја обврзала својата душа.+  Но, ако нејзиниот маж ѝ ги забрани+ во оној ден кога ќе чуе за нив, тогаш го поништил заветот под којшто била или непромисленото ветување што излегло од нејзината уста со кое ја обврзала својата душа, и Јехова ќе ѝ прости.+  Заветот на една вдовица или на една разведена жена — сето она со кое таа ја обврзала својата душа — важи за неа. 10  Но, ако се заветува или со заклетва ја обврзе својата душа со некаков завет за воздржување+ во куќата на својот маж, 11  па нејзиниот маж чуе за тоа и не ѝ рече ништо, тогаш не ѝ го забранил тоа; важат сите нејзини завети и секој завет за воздржување со кој ја обврзала својата душа. 12  Но, ако нејзиниот маж ги поништи во оној ден кога ќе чуе за нив, тогаш не важи ништо од она што излегло од нејзината уста, сеедно дали се тоа нејзини завети или завет за воздржување на нејзината душа.+ Нејзиниот маж ги поништил и Јехова ќе ѝ прости.+ 13  Секој завет или секоја заклетва со која се обврзува на завет за воздржување за да ја жалости својата душа,+ нејзиниот маж треба да го потврди или да го поништи. 14  А ако нејзиниот маж од ден на ден не ѝ вели воопшто ништо, тој ги потврдил сите нејзини завети или сите завети за воздржување што ги положила.+ Ги потврдил бидејќи не ѝ рекол ништо на тој ден кога чул за нив. 15  Но, ако ги поништи откако веќе некое време знае за нив, тој ќе ја носи нејзината вина.+ 16  Ова се уредбите што му ги даде Јехова на Мојсеј за мажот и за неговата жена,+ како и за таткото и за неговата ќерка во нејзината младост, додека таа сѐ уште е во куќата на својот татко“.+

Фусноти